Фуштиќ: „Трикафта“ и за пациенти со умерена белодробна болест - Канал 5

Фуштиќ: „Трикафта“ и за пациенти со умерена белодробна болест

Со обезбедување на терапија за поголем број пациенти, „кафтрио“ во комбинација со „калидеко“, ќе добијат и пациентите со умерена белодробна болест.

Фуштиќ: „Трикафта“ и за пациенти со умерена белодробна болест

Терапијата „кафтрио“ (kaftrio) во комбинација со „калидеко“ (кalydeco), познатa како „трикафта“ во САД, а за која постоеше голем медиумски интерес, почна да се дава пред еден месец кај осум пациенти, а од вчера и кај уште четворица пациенти со цистична фиброза на Универзитетската клиника за детски болести и на Универзитетската клиника за пулмологија. Терапијата е индирана кај пациенти со цистична фиброза кои имаат шест и повеќе години и барем една F508del мутација во генотипот, информира денеска проф. д-р Стојка Фуштиќ, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

- Во услови кога не е обезбедена терапија со „кафтрио“ за сите пациенти со цистична фиброза кои ги исполнуваат критериумите за истата - околу 80, предност за терапија им даваме на пациентите со полоша белодробната функција изразена преку FEV1 - форсиран експираторен волумен во првата секунда. Договорот за тоа кои пациенти ќе бидат вклучени, е помеѓу докторите од двете клиники, кои се одговорни за лекување на пациентите со цистична фиброза, се наведува во писмената изјава на Фуштиќ.

Како што се додава во соопштението, со обезбедување на терапија за поголем број пациенти, „кафтрио“ во комбинација со „калидеко“, ќе добијат и пациентите со умерена белодробна болест. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојка

Колапси во автобуси и на постојки, сообраќајки, варирање на притисок, панични напади, ноќни повици поради млади што во алкохолизирана состојба паѓаат по улици. 

За 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојка

Високите температури освен асфалтот ја „вжештуваат“ и линијата на Итната медицинска помош. Со само пет екипи на смена на цело Скопје оваа служба има полни раце работа - над 100 повици, од кои за 73 во изминативе 24 часа морале да пратат и возила и да интервенираат на лице место.

Утрово специфичен случај на колапс имало во автобус кога човек откако изгубил свест се струполил додека автобусот се движел и се здобил со повеќе повреди.

На 194 не изостануваат повиците на депресивни, луѓе со психози и панични напади. Лекарите велат дека бројот на вакви случаи се зголемува, а на 194 се јавуваат и такви кои бараат помош за чувство на тахикардија поради тоа, боледуваат од хронична љубов.

Не ја земајте терапијата за притисок пред да го измерите, велат лекарите кои покрај основните препораки - надвор да не се изглегува во најтоплиот период од денот и да се пие големо количество на вода, советуваат, во најтоплите денови да се замине во поладните предели, на пример на планина, а и повеќе да се внимава на исхраната и начинот на живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го засилува фронтот против пожарите: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗС

Во пресрет на топлотниот бран кој се најавува од синоптичарите во периодот што следи а со тоа и опасноста од пожари на територијата на Македонија, државата можеби како никогаш досега влегува подготвена за справување со евентуалните огнени стихии.

Македонија го засилува фронтот против пожарите: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗС

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва денес се приклучија на тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување. Тие заедно со трите Ер-трактори на Дирекцијата, армиските и полициските хеликоптери како и повеќе од стотина цистерни и најсовремените возила за гаснење на шумски пожари ќе бидат на располагање на државните противпожарни капацитети летово

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека заедно со доброволните пожарникари оваа сезона вкупно ќе има 950 професионални пожарникари на ниво на државата.

„Што се однесува до нашата подготвеност за справување со пожари, оваа сезона сме подготвени како никогаш досега. Поради опасноста од пожарите Владата оваа година благовремено прогласи кризна состојба уште од 1 јули со што на располагање ги имаме сите механизми на кризната состојба како што е непречено учество во справувањето со пожарите на Полицијата и Армијата но и на сите останати национални ресурси“, рече - Стојанче Ангелов – Директор на Дирекција за заштита и спасување.

Ангелов апелира на поголема внимателност во летните денови од страна на земјоделците но и останатите граѓани, но и натаму е потребна будност и околу онои кои и во минатото подметнуваа дел од пожарите...

- Јужните, централните и источните делови на државата особено делот во Штипско, Овче Поле, Св. Николе и Кочанско поле се изложени на најчесто први на летните пожари, бидејќи овде меѓудругото има многу стрниша кои од земјоделците се палат – посочи Ангелов.

Првиот човек на ДЗС уште еднаш истакна дека не очекува тешка сезона летово и како командант на силите за заштита и спасување иднината на гаснењето на пожарите на отворен простор ја гледаа во развој на доброволното пожарникарство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни визи

Македонија самостојно и успешно го решава проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната, дециден е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни визи

Тој информираше дека веќе се издаваат долгорочни работни визи, а склучени се договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, додека разговорите со Словенија, Австрија и Германија се во завршна фаза. Претходно дел од медиумите во соседството објавија дека Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија испратиле заедничко писмо до Европската комисија со барање за системско решение најдоцна до 10 август. Во однос на овие информации Николоски повтори дека земјава проблемот го решава на експертско ниво

-Ова прашање го водиме самостојно, од причина што други земји е злоупотребено. Дел за естрада, дел за политички поени таму и се што кажаа од тие соседни држави до сега не се реализирапе. Би замолил македонските транспортери за тоа се свесни и им е доволно јасно да не се потпаѓа под туѓи пропаганди и ние да си ја гледаме нашата работа, а во моментов сум апсолутно задоволен како се одвива нашата работа и како се решаваат проблемите за нас,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

И превозниците сметаат дека решението треба да се бара преку билатерални договори со секоја земја од Шенген-зоната. Од „Макам-транс“ велат дека имаат доверба во домашните институции и во активностите што ги презема Министерството за транспорт..Како позитивен пример ја посочуваат Хрватска, но додаваат дека сè уште треба да се прецизираат процедурите и потребните документи за добивање годишни визи.

-Уште на првиот состанок пред протестите кажавме дека не станува збор за политичко барање, туку за чисто егзистенцијален проблем кој сакаме да биде надминат. Имаме доверба во работата на нашите државни органи, бидејќи без нив не може да се реши проблемот затоа што сепак тоа мора да биде на билатерална основа,- Билјана Муратовска – генерален секретар на „Макам Транс“.

Во меѓувреме, еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, изјави дека Европската комисија им предложила на земјите членки и на државите од Западен Балкан да се договорат за долгорочни визи за професионалните возачи. Во интервју за Европскиот весник ЕНР, Брунер нагласи дека ова би било привремено решение, додека долгорочно решение ќе се бара преку новата визна политика на Унијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер