Фуриозниот Бразил го најави Светското првенство со „шестка“ на Маракана - Канал 5

Фуриозниот Бразил го најави Светското првенство со „шестка“ на Маракана

Фудбалерите на Бразил лесно ја победија Панама на „Маракана“ со 6:2, во последниот пријателски натпревар пред стартот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико кое стартува на 11 јуни.

Фуриозниот Бразил го најави Светското првенство со „шестка“ на Маракана

„Кариоке“ го „декласираа“ својот ривал, со убедливи 6-2.

Винисиус ја „запали“ атмосферата на Маракана уште во втората минута, со проектил, но во 15-тата минута, Панама возврати по ударот на Муриљо, односно автоголот на Матеус Куња, кој топката го зафати на патот кон голот на Алисон.

Гостите имаа уште две одлични шанси, а казната за промашувањата дојде во 40-тата минута, Каземиро со глава ја погоди мрежата.

Второто полувреме донесе спектакл, Карло Анчелоти замени дури 10 играчи. Рајан го постигна својот прв гол во 53-тата минута, Лукас Пакета го зголеми резултатот во 60-тата минута, а Игор Тиаго го обезбеди голот од пенал во 63-тата минута.

„Шестката“ ја режираше Данило Сантос во 81-вата минута, а уште еден гол за Панама, за прекин на серијата, го постигна Карлос Харви од далечина во 84-тата минута.

YouTube video

Бразил ќе игра против Египет во Америка во сабота и недела во 00:00 часот, што ќе биде генерална проба. Петкратниот светски шампион ќе игра против Мароко, Хаити и Шкотска на Светското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Времето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Мегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи.

Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката.

Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето.

„Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 18-тиот состанок на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, кој се одржа денеска во Белград, Република Србија.

 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

На состанокот беше усвоен Буџетот на ReSPA за 2027–2028 година, како и годишниот финансиски план за 2027 година, со што се обезбедува континуитет на нејзината работа, програмите и активностите насочени кон унапредување на јавната администрација во земјите од Западен Балкан.

За Министерството за јавна администрација, ReSPA претставува значаен стратешки партнер во процесот на европска интеграција и спроведувањето на реформите во јавната администрација. Нејзината улога е особено важна преку реализацијата на специјализирани обуки, јакнењето на професионалните и раководните капацитети, експертската поддршка, регионалните проекти и размената на искуства и добри практики со земјите од регионот и Европската Унија.

Преку овие активности, ReSPA овозможува европските принципи и стандарди за добро управување да се преточат во конкретни знаења, вештини и подобрени институционални практики, што е особено значајно за унапредување на професионалноста и ефикасноста на администрацијата, модернизација на јавните услуги и градење институции кои се поодговорни, потранспарентни и поотворени кон граѓаните.

Регионалната димензија на ReSPA има дополнителна вредност бидејќи овозможува земјите од Западен Балкан заеднички да ги адресираат предизвиците во реформата на јавната администрација, да разменуваат искуства и да ги користат знаењата и експертизата на европските партнери. На тој начин, регионалната соработка станува важен механизам за побрзо приближување кон европските административни стандарди и зајакнување на подготвеноста на институциите за членство во Европската Унија.

На состанокот беа презентирани и главните постигнувања и активности на ReSPA во изминатиот период, вклучително и спроведувањето на нејзината програмска работа и соработката со партнерските организации.

Учеството на министерот Минчев ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за активно учество во регионалните иницијативи, продлабочување на соработката со ReSPA и целосно искористување на можностите што ги нуди ова партнерство за унапредување на националните реформски приоритети.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер