Функционерите деновиве ќе ги добијат првите плати покачени за 78% - Канал 5

Функционерите деновиве ќе ги добијат првите плати покачени за 78%

Државниот врв и партиите упатија честитки по повод Први мај..

Функционерите деновиве ќе ги добијат првите плати покачени за 78%

Државниот врв со традиционални пораки по повод Денот на трудот 1-ви Мај, кои годинава се совпаднаа со зголемените функционерски плати од 78 %, кои деновиве треба да легнат на нивните сметки, додека борбата на работниците за поголеми примања продолжува. По одлуката на Уставниот суд, функционерите ќе земаат и по 1000 евра повисоки плати, а најголемото покачување овој месец ќе имаат Пендаровски, Џафери и Ковачевски. Според новите пресметки со зголемувањето собранискиот спикер ќе биде политичарот со највисока плата од 166 илјади денари, 1500 денари повеќе од шефот на државата поради минат труд, додека месечната плата на премиерот Ковачевски ќе изнесува 156 илјади денари или повеќе од 2500 евра. На сметките на вицепремиерите, пак, ќе легнат суми од 122.000 до 129.000 денари.

Но за функционерските плати дененска никој ОД НИВ не зборува.. Во честититките за празникот на трудот, политичарите фокусот го ставија на работничките плати.

Премиерот Ковачевски во честитката наведува дека минималната плата на работникот од 2016 до денес е зголемена за 100%. Вели владата поставила здрава основа за понатамошен континуиран раст на минималната и просечната плата во земјава.

„Системските решенија до кои дојдовме преку социјалниот дијалог дадоа резултат и го зацврстија партнерството и со синдикатите и со сите засегнати страни. Токму затоа, денес, минималната плата е над 20.000 денари, што е зголемување од 100 проценти во однос на 2016-та година. Предвремено го исполнивме ветувањето за просечна плата над 500 евра, а и ги зголемивме платите во образование, во здравство и во безбедносните сектори“, наведува премиерот Ковачевски во првомајската честитка.

Дел од снидикатите пак порачуваат дека не е хумано во услови кога обичниот работник врзува крај со крај, платите на функционерите енормно да се зголемуваат. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Дејановски воУтринската програма на Канал 5 порача дека бараат и платите на работните да се пресметуваат по ист коифицинет како и кај функционерите.

Честитки за Меѓународниот ден на трудот, пристигнаа и од претседателот Пендаровски, собранискиот спикер Џафери. Пораки до работниците упатија и од валдечката СДСМ и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека Македонија последните 5 години ги живее во економска мизерија и дека работниците и граѓаните заслужуваат поголемо достоинство и грижа преку силна и стабилна и економија, ослободена од притисокот на властите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер