Фулам потроши рекордни 40 милиони евра за Кевин - Канал 5

Фулам потроши рекордни 40 милиони евра за Кевин

Премиерлигашот Фулам ќе ги засили своите редови со бразилскиот фудбалер Кевин, кој ќе се пресели во лондонскиот клуб за рекордни 40 милиони евра, објавија денеска англиските медиуми.

Фулам потроши рекордни 40 милиони евра за Кевин

Дваесетидвегодишниот бразилски играч од средниот ред доаѓа во Фулам од украински Шахтјор за кој настапуваше од 2024 година.

Својот претходен трансфер рекорд Фулам го постави минатата година, кога плати околу 31 милиони евра за офанзивниот играч од средниот ред на Арсенал, Емил Смит Роу.

По три одиграни натпревари, Фулам е на 16 место во Премиер лигата со два бода, а следниот натпревар ќе го игра на 13 септември дома против Лидс. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Со љубов многу нешта можат да се надминат, ублажат или подобрат

Сиљановска-Давкова: Со љубов многу нешта можат да се надминат, ублажат или подобрат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер, во Народната канцеларија во Скопје се сретна со лицата со Алцхајмерова болест и членовите на нивните семејства на настанот „Алцхајмер Матине – она што останува: љубов, емоција, емпатија“, организиран од Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, по повод месецот на Алцхајмеровата болест.

На настанот присуствуваа и се обратија и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Сашо Клековски и претседателката на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, проф. д-р Габриела Новотни.

Во своето обраќање, претседателката најпрво им посака добредојде на лицата со Алцхајмерова болест во Народната канцеларија, како дом на граѓаните и им изрази благодарност на нивните најблиски за грижата за нив.

Таа го сподели искуството на колешка и нејзина инспирација во правната професија од Швајцарија, која, и покрај Алцхајмеровата болест, отворено и гласно застанала на македонската страна, бранејќи ги правото, правдата и етиката.

Укажувајќи на огромниот напредок на медицината во справувањето со оваа болест, претседателката сепак ја истакна важноста на подршката на блиските со кои болниот може да ги сподели болката и надежта.

„Зборот, насмевката, звукот, гестот, љубовта, со еден збор, имаат незаменливо лековито дејство“, истакна претседателката.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска рече дека на настанот не дошла како министерка, туку како човек кој одблизу се соочил со болеста. Споделувајќи го личното искуство со сопругот, зборуваше за тешките моменти низ кои поминуваат болниот и неговите најблиски. Таа изрази поддршка за лицата и семејствата кои се соочуваат со болеста, нагласувајќи дека и во иднина ќе биде со нив и ќе ги поддржува.

Министерот за здравство, Сашо Клековски ја истакна потребата од долгорочна грижа за лицата со деменција и поголема институционална поддршка за нивните семејства, посочувајќи на новите можности за третман и забавување на болеста.

„Мораме сè повеќе да размислуваме како да им овозможиме нституционална поддршка на семејствата, за овој период од животот подобро да го организираат и пребродат“, рече Клековски, изразувајќи поддршка за напорите на лекарите и здравствените работници во подготовките за подобра грижа за сите.

Претседателката на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, проф. д-р Габриела Новотни, ја нагласи потребата од рана и навремена дијагноза, современа терапија и организирана грижа по поставувањето на дијагнозата. Таа посочи дека Aлцхајмеровата болест не го засега само лицето со дијагноза, туку целото семејство, кое честопати останува само во справувањето со бројните предизвици.

„Ако ги обединиме науката, добрите темели во здравството и образованието и ако на сето тоа додадеме љубов, човечност и емпатија, сигурна сум дека ќе направиме систем во којшто сите семејства кои се соочиле со деменцијата ќе живеат малку подобар живот и покрај болката и страдањето што ги носи болеста“, порача Новотни.

Настанот беше можност да се истакне значењето на поддршката за лицата со Алцхајмерова болест и нивните семејства, како и потребата од поголема општествена свест, разбирање и солидарност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност, во Берово утринска - 2

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Сончево со мала до умерена локална облачност, во Берово утринска - 2

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-2 Берово, 0 Попова Шапка, 2 Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, 3 Скопје-Петровец, 4 Тетово, Охрид, Прилеп, Штип, Демир Капија, Крушево, 5 Куманово, Велес, Виница, Струмица, 6 Претор, Кавадарци, 7 Скопје-Зајчев Рид, 12 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арбен Таравари во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Арбен Таравари во „Само интервју“

Оправдана ли е поддршката на албанските партии за пресудите на ОВК во Хаг? Кој и зошто потпалува етнички теми?

Уставните измени заглавени низ политичките лавиринти, какви сценарија се можни ако останеме во чекалната до недоглед?

Што договорија со Ахмети за вонредните избори во Брвеница и дали тие значат вовед во коалиција за следните парламентарни избори – редовни или предвремени?

Вечерва кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Арбен Таравари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер