Фуфкофобијата е изгледа заразна во Левица , т.н. „Сирење“ му се извини на Јанаки! - Канал 5

Фуфкофобијата е изгледа заразна во Левица , т.н. „Сирење“ му се извини на Јанаки!

Членот на Левица познат како Горан Костовски - Чиз, на последното рочиште во кое е тужен од страна на адв. Јанаки Митровски се извини во судница со цел да не го изгуби случајот за сериозна навреда и клевета.

Фуфкофобијата е изгледа заразна во Левица , т.н. „Сирење“ му се извини на Јанаки!

Адв. Митровски на еден од своите FB профили напиша:
„Фејсбук активистите на фејсбук партијата Левица се многу храбри и дрски по социјални мрежи. Клеветат, навредуваат, лажат без исаф. Но кога ќе дојде време да се соочат со реалноста трт, се извинуваат, бараат прошка, барааат да се откажеме од парично побарување.

Така денес Горан Костовски Чиз наместо да стои на искажаните клевети и навреди кои ги истураше по социјални мрежи за мене, се извини како попче. Јер судница фејсбук не е.

Ова е втор предмет во кој сум странка а во кој од спротивна страна се повлекуваат, прво Димитар, сега Чиз. Со Димитар сме на суд во Септември па да видиме профа што знае и умее и дали 6>10 [😉] “

Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа изјави дека неговата земја ќе игра одлучувачка улога во новиот договор меѓу НАТО и САД за снабдување со оружје на Украина.

Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера направи важен чекор со одобрувањето на испораката на оружје на Киев, рече Мерц.

-Претседателот Трамп и јас разговаравме за тоа неколку пати во изминатите неколку дена. Го уверив дека Германија ќе игра одлучувачка улога, додаде Мерц.

„Украина ќе добие многу големо количество воена опрема благодарение на договорот склучен меѓу НАТО и САД“, изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на средбата со Трамп во Вашингтон.

Руте конкретно спомена опрема за воздушна одбрана, ракети и муниција, откако американскиот претседател објави договор кој се состои во испраќање оружје од страна на САД за кое членките на НАТО ќе платат.

Трамп, од своја страна, се закани дека ќе воведе многу строги царини против сојузниците на Русија, доколку не се постигне договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена.

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“ со францускиот гудачки квартет „Модиљани“

За вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“.

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“ со францускиот гудачки квартет „Модиљани“

За вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“, со виолинистите Амари Сојто и Лоик Рио, Лорaн Марфан на виола и Франсоа Кифер на виолончело.

Парискиот квартет „Модиљани“ во 2023 година ја прослави својата 20-годишнина и денес важи за еден од најзначајните гудачки квартети постојано гостувајќи на најдобрите фестивали за камерна музика низ целиот свет.

Во 2017 година на квартетот „Модиљани“ му припадна честа да биде прв квартет кој настапил во големата сала на новата „Елбфилхармонија“ во Хамбург. Во 2020 година членовите на квартетот ја добиваат улогата на уметнички раководители на Фeстивалот за гудачки квартети „Вибре-квартети во Бордо“, како и на престижниот Меѓународен натпревар за гудачки квартети во Бордо. Тие се основачи и уметнички раководители на Фестивалот „Сaн Пол де Ванс“, а од 2023 година предаваат камерна музика – гудачки квартет на Високата школа „Алфред Корто“ во Париз.

Од 2008 година квартетот издава носачи на звук за издавачката куќа „Мираре“ и досега имаат издадено 13 компакт-дискови. Во 2024 година нивниот последен албум со музика од Григ и Сметана е позитивно примен од музичката критика: Францускиот квартет „Модиљани“ ги оживува овие емотивно интензивни дела со енергија, мноштво на бои и сјајна страст“ („Рондо“- јануари 2024). Тој албум се наоѓа на листата најпродавани албуми од класичната област и им ја носи Наградата на Германската стручна критика. Во сезоната 2024/2025 квартетот „Модиљани“ е посветен на еден од најголемите потфати во нивната кариера, а тоа е снимањето на сите 16 гудачки квартети од Лудвиг ван Бетовен. Покрај тоа, во октомври минатата година остварија турнеја низ САД, а потоа и концерти во Хамбург, на биеналето на гудачки квартети во „Аудитори“ во Барселона, во Филхармониската сала во Стокхолм и на „Шубертијадата“ во Шварценберг...

Благодарение на поддршката на спонзори, членовите на „Модиљани“ музицираат на исклучителни инструменти изработени од италијански мајстори.

Амари Сојто свири на виолина изработена во 1715 година од Антонио Страдивари.

Лоик Рио свири на виолина изработена во 1780 година од Џовани Батиста Гуадагини.

Лоран Марфан свири на виола изработена во 1660 година од Луиџи Мариани.

Франсоа Кифер свири на виолончело изработено во 1706 година од Матео Гофрилер.

Квартетот „Модиљани“ се заблагодарува за поддршката на асоцијацијата „Спедидам“.

На програмата на вечераниот концерт се избрани дела на Турина, Равел и Бетовен.

Почетокот на концерот е во вообичаениот фестивалски термин од 21 часот.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти со цел модернизација на државата

По 7 годишна стагнација, Македонија почна да развива, модернизира и трансформира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти со цел модернизација на државата

За период од една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа како со посветена и чесна работа се градат темелите и државата инфраструктурно се транформира и модернизира. Се започнаа и се завршуваат големи инфраструктурни проекти.

Пуштен е во употреба дел од автопатот Кичево - Охрид. Делницата Пресека-Песочани, ќе се вози по нов автопат. По години на застој, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да го откочи еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти.

Ова ќе значи и повеќе туристи, повеќе работни места, а автопатот ќе го позиционира Охрид како попривлечна и постабилна дестинација за туристи.

Ова е 6-та делница која што е пуштена во употреба. Пуштени се во употреба делницата Градско-Фариш, Фариш -Дреново, пуштен е во употреба Страцин -Крива Паланка, Гевгелија- Валандово, Охрид -Свети Наум.

Се пушти во употреба дел од експресниот пат Градско- Прилеп, на потегот Градско- Дреново, вреден 37,4 милиони евра.

Експресниот пат Дреново- Фариш, кој значително го скратува патувањето и го зголемува квалитетот на сообраќајната безбедност.

Експресниот пат Ранковце- Крива Паланка (потег Страцин), во должина од 26 километри и вредност од речиси 98 милиони евра.

Целосно се реконструира регионалниот пат Охрид- Свети Наум, во должина од 25 километри, вреден 12 милиони евра.

Со упорност, посветеност и заедничка работа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги реализира и најкомплексните проекти.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер