Фудбалска треска ја тресе Европа, навивачите од регионот ја окупираа Германија - Канал 5

Фудбалска треска ја тресе Европа, навивачите од регионот ја окупираа Германија

Фудбалската треска почна да го тресе светот, магијата на европското првенство допре до сечив дом и до секое срце на трибините, а се започна со Минхен на спектакулрната Алијанц Арена.

Фудбалска треска ја тресе Европа, навивачите од регионот ја окупираа Германија

Фудбалската треска почна да го тресе светот, магијата на европското првенство допре до сечив дом и до секое срце на трибините, а се започна со Минхен на спектакулрната Алијанц Арена, каде домаќинот Германија и Шкотска со првото судиско свирче на Клермон Турпан го отворија првенството...

24 екипи ќе ги одмерат силите, некои со единствена амбиција – шампионскиот трофеј кој на теренот на Баерн го изнесе легендарниот стрелец Јирген Клинсман, други пак да стигнат што подалеку и да уживаат во секој момент на теренот, а тоа најдобро го покажа радоста на шкотските навивачи и покрај тоа што изгубија 5-1...

Еуфоријата на трибините може да се мери само со онаа на улиците, бидејќи не се работи само за 90 минути – туку за цел фестивал...

Реки од навивачи се растекоа по улиците на Минхен, секој со својата традиција, а не изостанаа ниту шкотскиот килт и гајда

Некои радосни, други разочарани, но идни и други ќе продолжат со забавата по натрпеварот од кој ги раскажаа импресиите...

Здраво Мамо, извини, да изгубивме, но ние сме тука само за да си поминеме добро./ Германијааа / Дали бевте нервозни поради Шкотска? Не, ниту на секунда./ Шкотска не одигра ништо, а ние сме подговени за ова натпреварување и ќе успееме./ Имавме одреден страв, нема шкоти, нема забава. За жал на шкотланѓаните не победија, беше очекувано, за нас е одличен почекот./ Mислам дека Шкотска игра добро и добро се држат, и ќе се обидат./

Во меѓувреме следуваат уште подобри натпревари, а учесници се и дел од соседството – Албанците веќе ја „окопираа“ Германија, 50.000 навивачи ги поцрвенеа улиците, а Хрватите развиорија знаме од неколку метри...

Додека пак српскиот селектор – Драган Стојковиќ – Пикси доби понуда од светска легенда... Ибрахимовиќ Стојковиќ -

Слушај, да не ти треба играч?

А, има и комични ситуации, англиските фанови добија забрана да пијат пиво, полицијата им препорачала Канабис..

Иако не е на туринирот, претстојниот месец ќе биде фудбалски празник и во Македонија, а магијата на случувањето ја потврдува и тоа што од 7 до 77 години ќе бидат пред телевизорите, некои со пиво, најмалите со сокче...

Најмладите, понесени од првенството веќе се растрчани со топката во градскиот парк, некои пак ја набавиле и официјалната од ЕУРО 2024, а знаат и за кого ќе навиваат...

Првиот натпревар од групата А заврши со 5-1, младата и убиствена тројка на „Ди Маншафт“, пропратено од германскиот снајпер – Крос кој одигра 99% точни додавања беше незапирливо..

Фаворити на првенството се домаќините, Англија и Франција, но на турнирите секогаш постои факторот изненадување...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 1. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 1. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 1. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени.

Кариера

Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка.

Здравје и совет

Чувствителност на грлото.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно.

Кариера

Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате.

Здравје и совет

Послушајте ја интуицијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло.

Кариера

Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално.

Здравје и совет

Здравјето ви е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу.

Кариера

Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат.

Здравје и совет

Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас.

Кариера

Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија.

Здравје и совет

Некои делуваат прикриено.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Партнерот ќеви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил.

Кариера

Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие?

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези.

Кариера

Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт.

Здравје и совет

Обидете се да се однесувате позрело.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е.

Кариера

Ќе бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите.

Здравје и совет

Несоница.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија.

Кариера

Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас.

Здравје и совет

Бидете реални во своите проценки.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубовните односи се површни и на дистанца.

Кариера

Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи.

Здравје и совет

Следува нов козметички третман.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се.

Кариера

Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате како риба во море.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат.

Кариера

Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува.

Здравје и совет

Здравјето ви е добро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер