Фудбалерите на Барселона ги враќаат скапите возила Ауди, мора да ги заменат со домашни

Фудбалерите на Барселона ќе мора да ги вратат подарените автомобили Ауди и да ги заменат со возила од домашно , шпанско производство.

Ауди повеќе од една деценија е спонзор на Барселона , а тоа значеше дека неговите фудбалери можеа да избираат кое и какво возило ќе добијат на подарок.

Така на пример , Меси и Ракитиќ возат подолго време ги возат најскапшите модели , а во последно време нивен избор беше џипот Q8 од 100 000 евра , кој сега ќе мора да го вратат.

Она што изненадува е што ќе возат наместо скапите модели на Ауди. Првотимците на Барселона ќе треба да се префрлат на Сеат , кој е домашен производител , односно на најновата Купра.

Ќе може да бираат и меѓу поновите модели на Атека и Леон ,а доколку не им се допаѓаат , ќе почекаат дас е појави на пазарот новиот модел на Сеат, Форментор.

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

 Во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчераутро во 8:30 часот пронашле тело на починато машко лице.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Анчелоти ќе го има на располагање Куртоа за најважните натпревари

Тибо Куртоа ќе се врати на теренот пред крајот на тековната сезона, објави „Relevo“би можел да се врати на теренот терените оваа сезона.

Белгискиот голман нема играно од август поради скинати вкрстени лигаменти на колено и повреда на менискусот.

Во Реал Мадрид веруваат дека 31-годишниот голман ќе учествува во најважните натпревари оваа сезона.

Забележано е дека клубот ја цени и играта на Андреј Лунин, кој „ги надмина сите очекувања“. Сепак, во Реал признаваат дека Украинецот се уште не е на нивото на Белгиецот. Тоа се изразува во неговото влијание врз одбранбените играчи и акциите при слободните удари.

По првиот натпревар со Баерн, стручниот штаб на Реал Мадрид му замери на Лунин за некои грешки - на пример, во епизодата со голот на Лерој Сане.

Реал води во Ла Лига со 84 бода по 33 кола. Шпанците ќе го одиграат реваншот со Баерн во Лигата на шампионите на 8 мај. /МИА

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

„Овој терор може да се запре само со сила - силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели. /МИА

притисни ентер