Фудбалерите Колашинац и Озил се нашле среде војна меѓу групите на лондонската мафија (ВИДЕО)

Кон крајот на минатиот месец , двајца напаѓачи на мопеди им се нафрлија на фудбалските ѕвезди на Арсенал , Сеад Колашинац и Месут Озил.

Фудбалерите за да се спасат , се обидоа да им избегаат со автомобил. Кога видоа дека не може да им избегаат , Колашинац излезе од автомобилот и со голи раце се одбрани себеси и својот колега.

„Мислев дека се крадци кои ги сакаат нивните часовници, но потоа на играчите им било кажано дека сакаат сè што имаат. Станува збор за гангстери кои сакаат да покажат дека не биле исплашени“, изјави извор близок до еден од играчите за „The Sun“ пред една недела. После тоа се појави веста дека сопругата на Сеад Колашинац го напуштила Лондон од страв од гангстерски напади.

Минатата недела двајца членови на бандата беа уапсени пред куќата на Месут Озил, а сега се појавија нови информации за гангстери кои им се закануваат на играчите на Арсенал.

Британските експерти тврдат дека проблемот е многу поголем од обидот за кражба и тврдат дека уличните банди се пресметуваат преку Колашинац и Озил околу чии куќи сега има има кучиња чувари и телохранители.

Еден од познавачите е Весли Кларксон, кој е запознаен со подземјето на Островот.

„Колашинац и Озил не беа виновни, туку се најдоа меѓу две банди среде нивната војна. Една од овие банди е од стар ков, турска, која владее со северен Лондон со години, додека другата е составена од источноевропски мафијаши кои се таму десетина години. Тие се во еден вид војна за територија , односно фудбалерите се таа територија “, раскажува Кларксон, додавајќи:

„Ова е класичен пример за она што се случува низ Британија во последните десет години. Единствената разлика е во тоа што новите банди се многу побрутални, тие не се грижат за колатерална штета и дека тоа се само фудбалери “.

Двајцата припадници на турската банда веќе се веќе уапсени. Станува збор за 27-годишните Ферхат Ерџан и Саламан Екинчи, кои треба да се појават на суд на 6 септември.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер