Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЗабаваФудбалер се развел од сопругата и се оженил за нејзината внука од брат – Сличноста во изгледот на овие две жени е морничаваНаводно, неговата поранешна жена го изневерила, а тој „само продолжил со животот“. Бразилскиот фудбалер Хулк Џиванилдо Виеира де Соуза (38), кој моментално игра за Атлетико Минеиро, повторно ќе застане пред олтарот, но овој пат со Камила Анџело (35), внуката од брат на неговата поранешна сопруга. Според извештаите на порталот Леодијас, црковната свадбена церемонија е закажана за декември, иако парот веќе имал граѓанска венчавка во 2020 година. Свадбата се очекува да биде на плажата во Параиба, додека точниот датум сè уште не е потврден. View this post on Instagram A post shared by Givanildo V. De Sousa- Hulk (@hulkparaiba) Она што е интересно во оваа приказна е дека Хулк и Камила, иако не се во крвно сродство, технички веќе биле во истата фамилија пред да ја започнат својата врска. Имено, Хулк претходно бил во брак со тетката на Камила, Иран Анџело, со која бил во брак 12 години. За време на тој брак, двојката добила три деца, синовите Јан и Тијаго и ќерката Алиса. Нивниот брак завршил во 2019 година, а само пет месеци подоцна, Хулк започнал врска со Камила. Иако бракот со Иран беше бурен и во медиумите често кружеа гласини за нивните проблеми во односот, Хулк реши отворено да проговори за својот живот. Во неколку наврати истакна дека не ја изневерил поранешната сопруга со Камила, туку дека нивната врска се развила спонтано откако му завршил бракот. - Не бев со Камила додека бев во брак. Не бев среќен во тој брак. Имавме многу проблеми, таа ме изневери, а јас сакав да продолжам понатаму – изјавил Хулк во едно интервју објаснувајќи ги причините поради кои го завршил бракот со Иран. Откако ја објави врската со Камила, парот стана предмет на медиумски шпекулации, но и покрај сè нивната љубов продолжува да расте. Годинава тие добија и второ дете, ќерката Ајша, која долго време ја криеја од јавноста. Среќната вест за бременоста, Хулк ја сподели на социјалните мрежи, а на децата од претходниот брак среќната вест им ја соопштил дури кога дошол да ги земе за заедно да ги поминат празниците. - Им благодарам на сите за пораките во врска со бременоста на мојата жена. Добив уште едно дете, уште еден благослов од Бога. Моите деца не знаеја досега, но се договоривме да им кажеме кога ќе дојдат кај мене - изјавил Хулк преку снимка на Инстаграм. Инаку, одделни детали од нивната врска предизвикаа мешани реакции во јавноста, многумина забележаа дека физичката сличност помеѓу тетката и внуката е дури и морничава, па го критикуваа фудбалерот. - Морничаво е, тие две како да се близначки. - Можеби со него нешто не е во ред. - Овде работите не се чисти – беа само дел од коментарите во медиумите ширум светот. Меѓутоа, тој и Камила продолжуваат да уживаат во животот, чекајќи ја декемвриската церемонија, која ќе биде шлаг на тортата на нивниот несекојдневен, но очигледно среќен заеднички живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter