Фудбалер на Тотенхем пред дербито со Јунајтед ја тепал сопругата!! - Канал 5

Фудбалер на Тотенхем пред дербито со Јунајтед ја тепал сопругата!!

Контроверзниот фудбалер на англискиот премиер лигаш Тотенхем, Серж Орие бил приведен во полиција поради сомнение дека неколку часа пред дербито со Манчестер Јунајтед, во неделата ја претепал сопругата.

Фудбалер на Тотенхем пред дербито со Јунајтед ја тепал сопругата!!

Орие по повредата се врати на тренинзите на Тотенхем, но не бил во комбинација за настап на дербито, таа околност ја искористил за пресметка со сопругата Хенхи Воит, телевизиска водителка со која има петмесечна ќерка.

Тотенхем потврди дека фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска бил приведен во полиција, но и дека набрзо потоа бил пуштен без подигнување на обвинение.

Орие инаку е член на Тотенхем од 2017 година и е познат по многу контроверзии, како тепачката со Златана Ибрахимовиќ,фотографии во дресот на Арсенал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Дел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера.

Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. 

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанско

Голем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. 

Голем пожар на плац на автобуската компанија  во близина на селото Тркање, кочанско

Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа .

Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер