Египетскиот репрезентативец нема да настапи за Нант денеска против Монпелје во последното коло од Лига 1, а се очекува и да биде казнет од клубот за својата одлука.
Во претходните години, Мохамед, исто така, одбиваше да носи дрес со симболите на кампањата, која традиционално се одржува на крајот од сезоната, во која сите тимови носат специјално дизајнирани дресови со прецртан натпис „Хомофобија“ и значка во боите на виножитото.
„Соживотот значи и признавање дека различноста може да се изрази на различни начини од човек до човек“, напиша Мохамед на социјалните мрежи.
„Верувам во меѓусебно почитување, и кон другите и кон себе и кон моите верувања. За мене, станува збор за длабоко вкоренети вредности што произлегуваат од мојата вера и моето потекло, а кои ми го отежнуваат учеството во оваа иницијатива“, додаде египетскиот фудбалер./МИА