Фудбалер ќе биде избркан од англиски клуб поради оргии (ФОТО)

Адалберто Пенаранда, напаѓач од Венецуела , кој игра за Ватфорд, е во центарот на скандалот со неверојатниот пост на Инстаграм.

Англискиот клуб наскоро би можел да го отпушти за објавување на Инстаграм видео од секси забава што ја организирал во неговиот дом.

Тој организирал забава со пријателите и поканил многу девојки, што резултирало со оргии, а на 23-годишникот не му помогнало ни тоа што поставил филтер за „блиски пријатели“ на приказната на Инстаграм, така што снимките да не биле вирални.

За жал, еден од неговите „блиски пријатели“ го изневерил и сега младиот човек се наоѓа во голема неволја.

За да се влошат работите за него, тој исто така објави видео кое наскоро го избриша. Сепак, некој го преземал материјалот и го објавил повторно на Твитер, кое веднаш дошло до првите луѓе на Ватфорд, кои планираат да го отпуштат, бидејќи тој го посрамотил клубот.

Вотфорд го донесе од Удинезе за 10,6 милиони евра пред четири години, но на момчето особено не му се игра фудбал, бидејќи играл на позајмица во Гранада, Удинезе, Малага и Еупен. Тој одиграл само 40 натпревари за четири години и постигнал еден гол.

За репрезентацијата на Венецуела на 16 настапи овој офанзивен играч не бил ниту еднаш стрелец.

Едно лице почина во сообраќајката на автопатот Неготино-Кавадарци

Едно лице почина, а тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Неготино-Кавадарци.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во 13.50 часот возило Опел Корса со скопски регистарски таблички излетало од патот.

Во возилото кое се движело на автопатот Неготино – Кавадарци се превезувале четири лица, членови на едно семејство.

Во близина на село Прждево, од засега неутврдени причини, возилото излетало од патот, по што од здобиените повреди животот го изгубило лице на возраст од 89 години. Возачот и патниците се здобиле со повреди, а поради сериозноста на повредите едно од нив е упатено на лекување во Скопје.

Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.

Полицијата во Прилеп спроведува акции за казнување на несовесни возачи

Бројни полициски екипи се на улиците во Прилеп и ги казнуваат лицата кои возат брзо, без возачка дозвола, со нерегистрирани возила и други прекршоци, соопштија од МВР.

На удар се и моторџиите кои возат спротивно прописите на МВР.Од МВР соопштуваат дека полицијата започна засилени контроли во Прилеп, но и во други градови.

Министерството за внатрешни работии истакна дека во текот на утрешниот ден ќе биде соопштена точната бројка на казнети возачи.

Октоберфест во време на корона:Почетокот одбележан со скромни свечености(ВИДЕО)

Со традиционално точење пиво, во Минхен започнаа прославите по повод Октоберфест, кој годинава се одржува на сосема неконвенционален начин, со силни мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Бидејќи официјалното одржување на фестивалот е откажано, оваа година нема големи шатори полни со луѓе или стотици тезги кои продаваат храна.

Наместо тоа, 50 пабови и други објекти во овој град организираат свои помали прослави, почитувајќи ги упатствата за носење заштитни маски и одржување на дистанца, како и други ограничувачки мерки, пренесува АП.

Полицијата патролира на местото каде што нормално се одржува фестивалот за да се осигури дека некои други прослави не се организираат спонтано.

Откажувањето на официјалниот Октоберфест е огромна загуба за Минхен, кој минатата година го посетија 6,3 милиони луѓе за време на фестивалот.

Годинашните прослави ќе траат до 4 октомври.

притисни ентер