ФудбалФудбал У-17: Македонија ја победи АлбанијаМладата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години славеше победа против врсниците од Албанија.На средбата одиграна попладнево во италијанскиот град Форли, во рамките на последното 3.коло на групата 4 во квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 17 години, Македонија ја победи Албанија со 2:1. Иако губеа со 0:1, по голот на Емилијано Булари во 52. минута, сепак избраниците на селекторот Добринко Илиевски успеаја да направат пресврт. По само две минути Бојан Колевски израмни на 1:1, а Бесник Ферати во 64. минута и донесе победа на Македонија од 2:1, прва на квалификацискиот турнир во Италија. Со тоа, македонските надежи го освоија 3. место со 3 бодови во групата во која првопласираната Италија собра 7, а Србија 6 бода, додека Албанија не освои ниту еден бод. Сега на црвено-жолтите им останува да ги сочекаат натпреварите од 12-тата група, за да знаат дали ќе ги продолжат квалификациите понатаму. На главниот квалификациски турнир во Хрватска ќе патуваат двете првопласирани селекции од сите групи и дополнително уште четири најдобри третопласирани репрезентатции. Македонија моментно е петта, а може да биде и шестопласирана и да испадне во конкуренција на третопласираните доколку некоја од репрезентациите во 12-тата група има подобар учинок од нашата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветВо Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеаниДва хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан. Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство. Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон. Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото. Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.Тагови: хеликоптери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
БалканАЛТА банка‘ а.д. Белград: Исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделникОткако Народната банка на Србија ноќеска ѝ ја одзеде дозволата за работа и беше отворена постапка за стечај, Алта банка потврди дека исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник.„Алта банка“ денес издаде соопштение, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа, во кое ја информира јавноста дека е отворена постапка за стечај. „Ја информираме јавноста дека, во согласност со важечките законски прописи и одлуките на надлежните регулаторни органи, отворена е постапка за стечај над ’АЛТА банка‘ а.д. Белград. Ја користиме оваа прилика да изразиме искрена благодарност до сите наши клиенти, депоненти, деловни партнери и соработници за нивната доверба, поддршка и успешна соработка во текот на годините на работење.“ „Горди сме на резултатите што ги постигнавме заедно, на односите што ги изградивме со нашите клиенти, како и на придонесот што го дадовме за развојот на економијата и финансискиот пазар. Сите надлежни институции и органи за стечај преземаат неопходни чекори за заштита на интересите на депонентите и доверителите, како и за спроведување на понатамошните правни постапки, во согласност со прописите на Република Србија. Навремени и официјални информации за понатамошниот тек на постапката, вклучително и информации за начинот и роковите за остварување на правата на клиентите и доверителите, ќе бидат објавени преку официјалните канали за комуникација. Уште еднаш им благодариме на сите клиенти, вработени, партнери и соработници за довербата и поддршката што ги покажаа низ годините“, се наведува во соопштението на банката. Како одговор на прашањето од N1, Алта банка наведе дека исплатата на осигурените депозити започнува во понеделник, во согласност со процедурите и упатствата на надлежните институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отстоБројот на потврдени смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго (ДР Конго) надмина 5.000, при што се регистрирани вкупно повеќе од 10.350 потврдени случаи, соопшти Министерството за јавно здравје, хигиена и социјална заштита. Во соопштението се наведува дека, од почетокот на епидемијата, во ДР Конго се евидентирани вкупно 10.351 потврден случај и 5.026 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 48,6 отсто. Тековната епидемија на ебола започна на 15 мај во ДР Конго и Уганда. На 28 јули, властите во Уганда објавија дека епидемијата во нивната земја е завршена. Светската здравствена организација го потврди ова на 25 август. Во соседна Кенија, првиот случај на ебола беше потврден на 6 октомври, пренесува ТАСС. Пациентот бил државјанин на Кенија кој претходно живеел во ДР Конго. Тој пристигнал во Најроби преку Уганда на 3 октомври, а починал на 5 октомври. До 19 октомври, во Кенија биле откриени вкупно осум случаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37