Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
СветФТ: Зеленски ќе ја разреши украинската амбасадорка во САД за да му угоди на ТрампПретседателот на Украина Володимир Зеленски се согласил да ја замени амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова, за време на неодамнешен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објави денеска „Фајненшл тајмс“.Според британскиот весник, двете страни во моментов разговараат за можни наследници, кои ќе треба да добијат одобрение и од Киев и од Вашингтон. Маркарова е амбасадор во САД од 2021 година, но некои републиканци ја критикуваат како премногу блиска со Демократската партија. Нејзината замена се гледа како обид на Зеленски да му угоди на Трамп во чувствителен момент, особено откако минатата недела САД го одложија испраќањето на претходно одобрени воени испораки, додека Русија продолжува со жестоки ракетни и дронски напади повеќе од три години по почетокот на инвазијата. Според весникот, замената на Маркарова ќе биде дел од поширока реконструкција на кабинетот, која ќе биде објавена следната недела. Зеленски досега неколкупати го реорганизираше кабинетот од почетокот на војната. Висок украински функционер изјавил дека Зеленски сака на таа функција да постави личност која е „добар преговарач“ и „разбирлива и за Белата куќа и за Конгресот“. Меѓу потенцијалните кандидати, според „Фајненшл тајмс“, се украинскиот премиер Денис Шмигал и министерот за одбрана Рустем Умеров. Поранешниот дипломат на ЕУ во Киев, Балаж Јарабик, за весникот изјави дека промените се насочени кон справување со политички, економски и општествени притисоци преку создавање впечаток на обновување и одржување контрола, а не како знак на стратегиска промена.Тагови: Доналд Трамп зеленски САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветМорничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕОНа социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата. Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели. Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност. Руско „сафари“ Today, many were shocked by yet another video of the drone “safari” Russians are carrying out against civilians in Kherson. A Russian drone deliberately hunted down a man selling vegetables and detonated right next to him. The Russians even admitted to the crime, showing zero… pic.twitter.com/uGjC7esFwR — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 4, 2026 Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително. Извор: Б92Тагови: руско сафари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилен земјотрес ја погоди областа во близина на ПизаЗемјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса. Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца. Засега нема извештаи за повредени или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08