3Министерство за енергетика: „Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги забрзуваат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување“
ЕвропаФТ: Украина се подготвува за избори и референдум за евентуален мировен договор со РусијаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски има намера на 24 февруари да презентира план за одржување претседателски избори, кои би се одржале заедно со референдум за евентуален мировен договор со Русија. Оваа информација денес ја потврдија украински и западни претставници запознаени со планирањето, пишува Фајненшл тајмс. Минатата недела, Ројтерс објави дека, според рамката што ја дискутираа американските и украинските преговарачи, секој мировен договор со Русија ќе биде одобрен од граѓаните на референдум. Гласачите би одлучувале за договорот истовремено со националните избори, а претставниците го споменаа мај како можен датум. Фајненшл тајмс денес потврди дека Украина веќе ги започнала подготовките.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Стигна програмата на Платформа - ЗНАМ 2.0Стигна писмо од платформата ЗНАМ 2.0. Во заглавието ставиле: доверливо.Не стигнавме ниту да го прочитаме писмото, а тие веќе се сликаа и го објавија на своите (ВМРО-ОКГ) медиуми. Толку за „доверливоста“. И нас би ни било срам да го напишеме ова од декември, со сите ветувања. Така што за нив подобро било да биде доверливо, за да не го видат другите. Нема потреба да биде доверливо. За разлика од нив, кај нас сè е транспарентно. Нека читаат граѓаните. Во оној друг дел, по стилот, ќе ја препознаете Ивона Талевска. Нема врска. Писмо е писмо. Или е програма? Од декември објавуваат по телевизии приказна за некаква нова платформа, дека решаваат проблеми. Длабинска анализа. Нова стратегија. Визуелен идентитет. Млади. Општини. Дисконтинуитет од сите досегашни раководства - вклучувајќи ги себеси. Во документот, преведено на народен речник: -Венко, препушти ја партијата. План немаме. Не знаеме ни како. Мораме да ја растуриме, зашто ја крена од мртвите. А и рејтингот и на тебе и на партијата сериозно ви порасна. Ги читавме резултатите на Мицкоски. -Секој ден сè повеќе луѓе сфаќаат дека Мицкоски лаже и дека тој и ВМРО се банда што го пљачка народот. -Мораме да пробаме да бидеме како ЗНАМ. Да ги исечеме опозициските гласови. Како што Максо го направи тоа. -Мораме, зашто Андреј му должи на Орце. Шема - го знаете, има свои шеми. Славјанка се заглиби со Леонардо. Куркчиев веќе се знае, 1,6 милиони евра. -Извини, Венко. Нас нè има дури 17. За тебе гласаа повеќе од 18.000 членови. Ама биди другар. Покажи волја. -Мицкоски не е толку лош. Навикнал на луксуз. Сака скапо. Сам вели дека го болат колената. Му фалат уште саати, уште одела, и авион. Тоа е програмата. Нема бројки. Нема антикорупција. Нема ЕУ. Нема Лаура Ковеши и европско обвинителство. Има оставка, конгрес и нов лого. И закана: ако не прифатиш, писмото нема да остане доверливо. СДСМ ја објавува програмата на Платформата ЗНАМ 2.0. Нека чита народот. Седумнаесет потписи против 18 илјади гласа и против целосно СДСМ. Кафеана против Статут. Шема против партија. ЗНАМ 1.0 или прва верзија ја продаде партијата. Втората бара клучеви. Нема да ги добие. Порака до Платформашите, шемаџиите, ЗНАМ 2.0 и другарите од анти-НАТО, анти-ЕУ и руската партија Левица: Партијата не е на продажба. СДСМ не се предава на аванс. За нас, СДСМ не вреди само 1,6 милиони евра, како за вас. Ние сме за Европа, за вистина и правда. Слободата на говорот, слободата на медиумите, демократијата, европскиот пат и иднината на нашата Македонија немаат цена! Скопје, 02.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во ВладатаПретседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација ја пречекаа Урсула фон дер Лајен во Скопје, во рамките на нејзината посета на Македонија.Посетата претставува можност за зајакнување на дијалогот и соработката со Европската Унија, како и за унапредување на европската перспектива на земјата. Посветеноста на реформите и на конкретните чекори во процесот на европска интеграција останува приоритет, со цел остварување видливи придобивки за граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за енергетика: „Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги забрзуваат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување“Министрите за енергетика на Македонија, Србија, Грција и Бугарија идната недела во Србија ќе одржат втор министерски самит, на кој фокусот ќе биде ставен на конкретни чекори за продлабочување на регионалната енергетска соработка.Министрите за енергетика на Македонија, Србија, Грција и Бугарија идната недела во Србија ќе одржат втор министерски самит, на кој фокусот ќе биде ставен на конкретни чекори за продлабочување на регионалната енергетска соработка, забрзување на инфраструктурните проекти и зајакнување на сигурноста и отпорноста на енергетските системи. Средбата е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат повеќе да се гледаат само како национални, туку како заеднички регионални приоритети. Во Атина беше нагласена потребата од подобра прекугранична поврзаност, интеграција на енергетските пазари и побрза реализација на стратешката инфраструктура. Оттогаш, дел од клучните иницијативи веќе преминаа од планови кон конкретна реализација. За Македонија, особено значајни се двата гасни интерконектори – со Грција и со Србија. Интерконекторот Македонија–Грција е еден од стратешките проекти за диверзификација на снабдувањето со природен гас и отворање пристап до повеќе извори и правци преку грчкиот систем, вклучително и LNG инфраструктурата. Проектот има планиран почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за зголемување согласно идните потреби на пазарот, а изградбата на двете страни е во тек со цел проектот да биде завршен во 2027 година. Истовремено, Македонија веќе направи конкретен чекор кон новото енергетско поврзување со Србија. Во септември беше потпишан договорот за проектирање и изградба на македонскиот дел од интерконекторот, во вредност од 29,4 милиони евра. Делницата на македонска територија ќе биде долга 22,4 километри, со двонасочен проток и капацитет од 1,4 милијарди кубни метри годишно. Со реализацијата на интерконекторот меѓу Македонија и Србија, двете земји ќе прераснат во важен транзитен коридор за природен гас во регионот. Поврзувањето на јужните извори на снабдување преку Грција со пазарите во Централна Европа ќе овозможи поголеми транзитни текови, нови приходи од користење на инфраструктурата, зголемена енергетска сигурност и дополнителни економски придобивки за граѓаните и стопанството. Истовремено, Македонија по повеќе од три децении ќе ја зајакне својата улога не само како земја потрошувач, туку и како земја низ која ќе се одвива регионален енергетски транзит. Македонија и Србија стануваат дел од Вертикалниот гасен коридор Особено значаен чекор во меѓувреме е и проширувањето на Вертикалниот гасен коридор кон Западен Балкан. Во септември НОМАГАС и „Transportgas Srbija“ потпишаа Меморандум за проширување на иницијативата, со што Македонија и Србија се приклучија кон регионалната мрежа што ги поврзува Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Украина и Молдавија. Целта е да се овозможат поголеми и пофлексибилни прекугранични текови на гас, подобро искористување на постојната инфраструктура и отворање дополнителни можности за снабдување од југ кон север. Во рамките на иницијативата веќе се работи на техничка и комерцијална координација, капацитетите на интерконекциските точки и потребните инфраструктурни инвестиции. Токму овие теми ќе бидат меѓу клучните на вториот министерски самит – како да се усогласат капацитетите, притисоците и режимите на работа на преносните системи, како да се олесни прекуграничниот транспорт и како регионалните инфраструктурни проекти побрзо да се претворат во функционални енергетски врски. Од гасна сигурност до модернизација на електроенергетските мрежи Регионалната соработка нема да биде ограничена само на гасниот сектор. На вториот самит ќе се разговара и за сигурноста на снабдувањето со електрична енергија, состојбата и подготвеноста на преносните системи, размената на електрична енергија, развојот на обновливите капацитети и складирањето енергија, вклучително и батериски системи и пумпно-акумулациони хидроелектрани. Ова е особено важно во услови на забрзан раст на обновливите извори во регионот, бидејќи новите соларни и ветерни капацитети бараат посилни мрежи, поголема флексибилност и можност произведената енергија да се складира и пренесува таму каде што е потребна. Паралелно, четирите земји ќе ја разгледаат и понатамошната интеграција на регионалните пазари на електрична енергија, како и можностите за заедничко справување со ризиците и предизвиците во снабдувањето. За Македонија, ваквата регионална координација е особено важна бидејќи истовремено се реализираат повеќе стратешки енергетски проекти – од интерконекторите со Грција и Србија, преку приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, до модернизацијата на преносната мрежа и развојот на системи за складирање енергија. Целта на регионалната соработка е инфраструктурните проекти да се реализираат со поголема координација меѓу институциите и операторите. Вториот министерски самит во Србија ќе биде можност договорените регионални приоритети од Атина да добијат уште поконкретни рокови, координација и чекори за реализација, со заеднички интерес за поголема енергетска сигурност, диверзификација и поврзаност на Југоисточна Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter