ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон - Канал 5

ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон

 Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила обид на украинската воена разузнавачка служба во Москва да биде убиен Тихон Шевкунов, митрополитот на Крим од Руската православна црква.

ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон

Британските медиуми пренесуваат дека засега нема реакција од Киев на ова тврдење на руската безбедносна служба.

Шевкунов, кој со години во руските медиуми е опишуван како „исповедникот на Путин“ - што тој ниту го потврди, ниту демантираше - јавно се покажува со рускиот претседател Владимир Путин од крајот на 1990-тите. Кремљ претходно соопшти дека Шевкунов и Путин добро се познаваат.

Во 2023 година, тој беше назначен за митрополит на Крим, станувајќи еден од највисоките функционери на Руската православна црква на полуостровот, што Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

ФСБ во соопштението наведува дека уапсиле Русин и Украинец во врска со заговорот и дека е запленета импровизирана експлозивна направа. Дополнително наведуваат дека и двајцата осомничени го признале планот за атентат.

Тие додаваат дека двајцата мажи, за кои тврдат дека се регрутирани од Украина преку апликацијата Телеграм, планирале обид за атентат од средината на 2024 година и имале намера да го убијат Шевкунов во Москва.

Украина ја презеде одговорноста за серијата атентати во Русија од почетокот на војната во 2022 година, вклучително и прорускиот украински блогер Владлен Татарски во април 2023 година и шефот на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, Игор Кирилов, во декември 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер