ФРОДЕМ: Изборите да траат три до пет дена - Канал 5

ФРОДЕМ: Изборите да траат три до пет дена

ФРОДЕМ со големо внимание ги следи натегањата и глумата околу одредувањето на датумот за избори од страна на лидерите на ДПСМНЕ и СДССМ.

ФРОДЕМ: Изборите да траат три до пет дена

И едните и другите со свои сопствени математики каде за жал најмногу е застапена манипулацијата со наводната грижа за здравјето на луѓето. И оние кои сакаат брзи избори и они кои се плашат од нив со иста песна „здравјето на гласачите е најважно", а вистината е дека едните сакаат да се задржат повторно на власт додека е време, а другите полесно и побројни да дојдат на власт.

Според ФРОДЕМ како дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија" поради некадарната техничка влада, пиши-бриши донесените уредби, сé поголемиот буџетски дефицит како и поради потребата од функционирање на стабилни институции и поподготвени да го пречекаме евентуално новиот бран на Корона-19 вирусот во месец септември, потребни се итни и брзи избори.

Затоа му порачуваме на треторазредниот глумец и наметнат лидер Мицковски да престане да се бламира и да ја манипулира јавноста и членството со бојкотирање на изборите и да го одолговлекува донесувањето на одлуката за датум на избори поради наводната негова загриженоста за здравјето на гласачите, а во меѓувреме тајно да преговара со СДССМ и да купува време.

Наместо тоа ние му предалагаме без страв и калкулации уште денес заедно со неговиот ортак Заев да го прифати предлогот на коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија" изборите наместо еден ден да траат најмалку 3-5 пет дена. Ова го предлагаме поради фактот што според Протоколот кој го усвои техничката влада за безбедно гласање на денот на избори, во период од 7,оо часот до 19,оо часот на територија на цела држава најмногу и безбедно можат да гласаат максимум од 400.000 – 450.000 гласачи. За да се овозможи поголема излезност на изборите, а со тоа и поголем легитимитет, но и да им се овозможи на сите граѓани да го релизираат своето право на глас, а притоа без да се плашат дека ќе им биде згрозено здравјето потребно е да се озвозможи гласање да трае неколку дена. Доколку се прифати овој предлог ќе има можност доследно да се спроведе донесениот Протокол, односно ќе запази социјалната дистанца, ќе нема турканици пред избирачките места, ниту брзање, ниту страв за здравјето на гласачите и членовите на избирачките одбори. Впрочем, позната е праксата во некои држави во светот каде поради разни причини гласањето се одвива со денови, па дури и месеци.

Затоа коалицијата,,Никогаш северна, само Македонија" бара техничката влада со уредба со законска сила да изврши измена во Изборниот законик и да овозможи гласањето на овие избори да трае 3-5 дена со цел дослено да биде спроведен Протоколот за избори, максимално да биде заштитено здравјето на гласачите и на останатите ученици во изборите. како и да се овозможи поголема излезност а со тоа и поголем легитимитет на изборите. Избори со мала излезност нема да бидат фер, чесни и легитимни, без разлииак дали се одржале во јули, август или септември.

П.С. Една стара поговора вели дека ,,стравот го чува лозјето", a ние дека ,,само бојкотирање на изборите го спасуваа Мицковски на удобната партиска фотеља".

ФРОДЕМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран им го заплени имотот на 240 новинари и дисиденти, уапсени се над 6.000 луѓе

Иранските власти запленија имот на 240 дисиденти, новинари и јавни личности и замрзнаа 182 банкарски сметки, објави новинската агенција Мизан, блиска до судството. 

Иран им го заплени имотот на 240 новинари и дисиденти, уапсени се над 6.000 луѓе

Шефот на полицијата, Ахмадреза Радан, потврди дека повеќе од 6.000 луѓе се уапсени поради протестите во јануари, пишува Euronews.

Запленувања на имот и обвинувања за работа против државата

Поголемиот дел од запленувањата, 143 од нив, се извршени во Техеран. Агенцијата Мизан наведува дека лицата што се цел на мерките се обвинети за „пропагандни активности или активности против државата во корист на непријателски влади“. Се додава дека дел од имотот им припаѓа на новинари на опозициските медиуми на персиски јазик, како што се „Иран Интернешнл“ и „Маното“, како и на активисти и јавни личности што живеат во странство.

Еден од најзначајните случаи е оној на претприемачот Садег Саеди, чиј имот беше конфискуван и тој беше осуден на затвор. Покрај тоа, иранското судство испрати повеќе од 2.000 барања до Централната банка за сметките на обвинетите и најави нови запленувања и судски постапки.

Полицијата за протестите и новите апсења

Шефот на полицијата Радан изјави дека неговите сили уапсиле тројца членови на Моџахедин-е Халк (МЕК), протерана опозициска група која се стреми да го собори режимот. Според него, членовите на МЕК одиграле улога во настаните што иранските власти ги нарекуваат државен удар, а тој термин се однесува на протестите во декември и јануари.

„Нема да ги заборавиме бунтовниците и заговорниците на пучот. Продолжуваме да ги следиме и да преземаме мерки против нив“, рече Радан. Тој исто така рече дека безбедносните сили спречиле фестивалот на огнот Чахаршанбе Сури, персиски обичај што ја одбележува последната среда од годината, да се искористи за поттикнување понатамошни немири.

„Еден од обемните планови на непријателот беше да ја искористи последната среда од годината за да создаде сценарио слично на она од јануари, но тоа не се случи“, рече Радан.

Бројот на егзекуции е во пораст

Организацијата „Иран човекови права“, со седиште во Норвешка, објави дека Иран егзекутирал најмалку 532 лица од јануари. Меѓу нив има најмалку 29 лица поврзани со јануарските протести. Стапката на егзекуции е во пораст откако започна војната со САД кон крајот на февруари.

И покојниот ајатолах Али Хамнеи, кој беше убиен во американски напад врз неговата резиденција на почетокот на војната, јавно ги опиша протестите како обид за државен удар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал: „Револут“ на измамници им предал пасоши, селфи и банкарски сметки на своите корисници

Дигиталната банка „Револут“ претрпе скандалозен безбедносен пробив откако нејзините вработени ги предадоа своите пасоши, селфиња за верификација и цели банкарски сметки на измамници. 

Скандал: „Револут“ на измамници им предал пасоши, селфи и банкарски сметки на своите корисници

Масовното протекување на доверливи податоци се случи кога компанијата наседна на лажни барања за е-пошта, верувајќи дека комуницираат со владини агенции.

Хакерите не провалиле во серверите на банката ниту ги пробиле нејзините лозинки. Наместо тоа, тие искористиле дупка во е-пошта системот на владина агенција и испратиле барања од вистински владин домен. Вработените во банката не се сомневале во автентичноста на пораките, па им ги испратиле сите барани датотеки без проверка.

Обемот на компромитираните податоци варира од корисник до корисник, но обемот на штетата може да биде огромен. Измамниците добиле целосни имиња, датуми на раѓање, адреси и телефонски броеви, како и скенирани пасоши и возачки дозволи. Тие, исто така, добиле селфиња за верификација што корисниците ги прават при отворање сметки.

Огромен ризик од кражба на идентитет и уцена

Особено загрижувачки е фактот што напаѓачите, исто така, ги презеле и комплетните финансиски извештаи. Листата вклучува банкарски сметки, IBAN броеви, салда на сметки, па дури и детална историја на трансакции. Во некои случаи, измамниците преземале и податоци за трансакции со биткоин, директно поврзувајќи го идентитетот на сопственикот со нивните крипто паричници.

Revolut уверува дека биометриските модели не се украдени и дека парите на корисниците се безбедни. Сепак, комбинацијата од оригиналниот пасош и селфито им дава можност на напаѓачите да се претставуваат лажно и да отвораат сметки на други услуги низ интернет.

Целата измама беше откриена дури кога банката последователно контактираше со државна агенција за дополнителна верификација. Властите потоа потврдија дека никогаш не испратиле никакво барање ниту ја контролирале таа е-адреса. Банката брзо ја блокираше сметката и ги извести засегнатите корисници, но сè уште го крие точниот број на засегнати лица од јавноста.

Не верувајте на повиците „од банката“

Експертите за сајбер безбедност предупредуваат дека најголемата опасност од оваа кражба е во последователната измама. Криминалците повеќе не мора да измислуваат приказни за да ве измамат да платите. Тие сега ја знаат вашата точна адреса, број на пасош, IBAN и точниот износ на вашата последна купување.

Ако некој ве повика и ви ги диктира овие информации, тоа повеќе не може да биде доказ дека вработен во банката е всушност на другиот крај од линијата. На корисниците им се препорачува да не даваат никакви верификациски кодови и да ги проверуваат сите сомнителни пораки исклучиво преку официјалната апликација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Секој кој учествува во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде активен чинител на промените во општеството

Вечерва по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се одржа политичката платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“.

Муцунски: Секој кој учествува во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде активен чинител на промените во општеството

Вечерва по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се одржа политичката платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“, во чиишто рамки се одржаа и две последователни панел дискусии.

Во рамките на првиот панел насловен „Учеството како двигател на демократијата“, се обрати и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој рече: „ВМРО ДПМНЕ е семејство, збир на луѓе коишто споделуваат многу повеќе од само политички вредности, луѓе коишто споделуваат визија за иднината на државата, субјект во којшто имаме секогаш време и простор да дискутираме за многу повеќе од секојдневните политики, туку како ја гледаме во државата во еден подолгорочен период“.

Муцунски укажа дека времето во коешто живееме денес е комплексно од повеќе аспекти и дека единственото нешто коешто го немаме, како што вели тој, е луксузот да бидеме рамнодушни, притоа истакнувајќи дека секој оној кој учествува во која било од структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, давајќи го својот инпут може да биде активен чинител во општествените промени.

„Во ова време во коешто живееме, коешто е комплексно од многу повеќе прашања, и внатрешно и надворешно политички прашања, единствено нешто на коешто го немаме луксузот-е луксузот да бидеме рамнодушни, да кажеме ништо не зависи од нас, ништо не можеме да промениме. Напротив, тој што учествува во ВМРО-ДПМНЕ, во структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, знае дека независно дали е тој или таа активен во месен комитет, во општински комитет, во централна комисија, во една од раководните структури на партијата, можете да бидете активен чинител во промени онаму каде што можете да дадете свој инпут“, истакна Муцунски и додаде:

„Во ова време во коешто живееме, е наша обврска, бидејќи работите навистина толку брзо се менуваат, имаме множност секој, зависно од тоа што најдобро го знаеме и најдобро го умееме, преку политички субјект да дадеме свој придонес“.

Муцунски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ е политичкиот субјект кој има јасна слика за тоа каде треба да се движи државата и како треба да се гради Македонија во наредните години.

„ВМРО-ДПМНЕ е тој политички субјект којшто има јасна слика за тоа каде треба да се движи државата, независно дали е тоа економска, финансиска политика, независно дали е тоа политика насочена кон развојот на индустријата, на инфраструктурата, на надворешната политика, ние сме онаа структура којашто знае како треба Македонија да се гради за следните 10, 15 и 20 години“, посочи Муцунски.

На крај, Муцунски упати повик до сите амбициозни луѓе во државата, велејќи: „сите коишто сакаат заеднички да ја претвориме Македонија во подобро место за живеење да се приклучат, да станат дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ и да помогнат да изградиме држава каква што заслужуваме“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер