Фрлиле комода со скриени 50.000 евра- на жената што ги пронашла ѝ се заканува затвор - Канал 5

Фрлиле комода со скриени 50.000 евра- на жената што ги пронашла ѝ се заканува затвор

Брачен пар од Варжимице, во близина на Шчеќин, Полска, фрлиле стара комода додека го реновирале својот стан, само за неколку часа подоцна да сфатат дека ги оставиле своите животни заштеди во една од фиоките. 

Фрлиле комода со скриени 50.000 евра- на жената што ги пронашла ѝ се заканува затвор

Мебелот оттогаш исчезнал, заедно со парите.

Првичните информации беа за 42.000 евра, но портпаролката на Окружното обвинителство во Шчеќин, Јулија Шозда, подоцна изјави за TVN24 дека во комодата имало повеќе од 50.000 евра, па дури и повеќе од 10.000 злоти.

Тие сфатиле што направиле дури неколку часа подоцна

Сè се случило на 31 август. За време на чистењето, парот извадил непотребен мебел и го оставил покрај настрешницата со контејнери. Голема количина пари во готово била оставена во една од фиоките на комодата.

Кога сопствениците сфатиле што се случило и се вратиле да ги земат парите, комодата ја немало. Тие го пријавиле случајот во полиција, а според полските медиуми, во претресот бил вклучен и приватен детектив.

Полицијата во Миержин ги прегледале снимките од безбедносните камери, разговарале со сведоци и реконструирала што се случило со мебелот.

Утврдено е дека тој завршил во стан во полицискиот округ, а потоа трагата ја одвела полицијата до парите. Целата сума била пронајдена во стан во Шчеќин и вратена на сопствениците.

Жената што ги пронашла парите добила кривична пријава

Сепак, приказната не завршила со враќањето на парите. Обвинителството покренало постапка против жената што ја зела комодата.

Според обвинителството, во времето кога го зела мебелот, не знаела дека има пари во него. Но, откако ги пронашла, не ги известила сопствениците ниту властите за тоа.

„Обвинето е едно лице, жена што ги пронашла парите и не известила никого за тоа. Осомничената одби да сведочи. Истрагата е во тек“, рече Шозда.

Полската полиција предупредува дека пронаоѓањето туѓи работи или пари не значи дека пронаоѓачот може да ги задржи. Присвојувањето на пронајден предмет во овој случај е казниво со парична казна, ограничување на слободата или затвор до една година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од Белград

Претседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува  фудбалскиот клуб Чукарички.

Првиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од Белград

Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година.

„Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport.

По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот.

Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот.

„Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“.

Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани

Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.

Руски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани

Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени.

Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци.

– Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова.

Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер