Фризерка влече за коса малолетна клиентка низ салонот (ВИДЕО) - Канал 5

Фризерка влече за коса малолетна клиентка низ салонот (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се снимени на безбедносната камера во фризерски салон во Мериленд кога фризерката Џејла влечела за коса клиентка, 15-годишно девојче бидејќи мислела дека малолетничката ќе го напушти салонот без да ѝ плати 150 долари за услугите.

Фризерка влече за коса малолетна клиентка низ салонот (ВИДЕО)

Џејла Канингам (18) е обвинета за напад на клиентка која наводно испратила пари до фризерката преку Cash App, но сумата никогаш не се појавила на сметката. Според фризерката, малолетничката потоа почнала да го напушта салонот, но ја влечела за коса до задниот дел од зградата.

На видеото се гледа како Џејла го влече 15-годишното девојче покрај корпа за отпадоци и ѝ вика: „Седи овде додека некој не ги испрати парите. Не се шегувам. Се обиде да заминеш, имаш среќа што нема да те тепам“.

"Ја влечев до задниот дел од салонот затоа што сакав да си ги земам парите. Чекав или некој да ѝ испрати пари, или да дојде полиција, бидејќи се обиде да замине", рекла Џејла.

Мајката на малолетната клиентка тврди дека нејзината ќерка направила трансакција, но парите ги испратила на погрешна личност, што довело до недоразбирање.

Таа го опиша она што се случи како „апсурдно“ откако снимката се појави на социјалните мрежи.

И покрај тврдењата на мајката на 15-годишното девојче, фризерката инсистира дека ја направила вистинската работа и рече дека морало да ја спречи бидејќи девојчето ќе заминела и никогаш немало да добие пари.

Локалното обвинителство поднесе обвинение против 18-годишната фризерка Џејла, која ќе се појави пред судот на 18 април.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Apple“ ја менува долгогодишната традиција: Новиот „iPhone“ добива промена што никој не ја сака

„Apple“ со години избегнуваше да се натпреварува со конкурентите на „Android“ во капацитетот на батеријата, но со доаѓањето на серијата „iPhone 18“, работите драстично се менуваат.

„Apple“ ја менува долгогодишната традиција: Новиот „iPhone“ добива промена што никој не ја сака

Иако неколку месеци не делат од официјалната премиера на новата генерација телефони на „Apple“, веќе циркулираат инсајдерски информации. Според податоците од кинеската регулаторна база на податоци „3C“, објавени од познатиот типстер „Digital Chat Station“, „iPhone 18 Pro Max“ ќе има значително поголема батерија, но затоа ќе биде значително подебел и потежок.

Поради зголемените барања за вештачка интелигенција (Apple Intelligence), компанијата е принудена да ја промени својата филозофија за тенок дизајн. Новиот „iPhone 18 Pro Max“ наводно доаѓа со масивна батерија со капацитет од дури 5.567 mAh (во eSIM верзијата). За споредба, претходниот „iPhone 17 Pro Max“ имаше батерија од 5.088 mAh. Помалиот „iPhone 18 Pro“ исто така ќе добие сериозно подобрување, чиј капацитет се зголемува на 4.288 mAh.

Отстранувањето на слотот за физичка SIM картичка ослободува вреден простор во куќиштето за дополнителни милиампер-часови. Кога овој хардверски скок ќе се комбинира со новата генерација енергетски ефикасни чипови „A20 Pro“ (направени на 2nm процес), аналитичарите предвидуваат дека „iPhone 18 Pro Max“ би можел да понуди најдобра автономија во историјата на паметните телефони, што би можело да им конкурира на „Android“ телефоните со батерии од дури 7.000 mAh.

Фото: ВИ

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифт

Неколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.

Хорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифт

Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот.

Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово.

Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор.

Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер