Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветФридрих Мерц од втор обид избран за нов германски канцеларЕвропа и Берлин можат да здивнат.. По студениот туш утрината, лидерот на германските Демохристијани, Фридрих Мерц попладнево е избран за нов канцелар на Германија.. Од втор обид и со 325 гласа „За“ Фридрих Мерц попладнево и официјално беше избран за нов германски Канцелар. Гласањето дојде по историскиот дебакл на Мерц утрината, кога стана првиот кандидат за Канцелар кој не успеал мандатот да го осигура уште при првото гласање. Првично му недостигаа 6 гласа за да биде избран на функцијата, а бидејќи гласањето е тајно, за сега не е јасно кој од неговата коалиција со Социјал-демократите не му дал поддршка. Сепак, неколку часа подоцна, 69 годишниот лидер на конзервативците ги обезбеди потребните гласови. Прв му честиташе довчерашниот канцелар, Шолц „За“ гласаа 325 пратеници. „Против“ гласаа 289 и има еден „Воздржан“. Избраниот Канцелар треба да го прифати исходот од гласањето. Ве прашувам господине Мерц, дали го прифаќате гласањето?“ „Госпоѓо претседателке, ви благодарам за довербата и го прифаќам исходот од гласањето. “ Сепак, дел од аналитичарите оценуваат дека денешното гласање може да фрли сенка на мандатот на Мерц и е индикатор дека има несогласувања во коалицијата. „Мислам дека ова е вистински удар за целата негова понуда како иден лидер на Германија. Олаф Шолц успеа да биде избран за Канцелар, неговата коалиција потоа се распадна поради внатрешни несогласувања, но ако Фридрих Мерц не успее да го направи тоа во прв круг, тоа е навистина удар за неговата репутација.“ Мерц кој на изборите во февруари извојува убедлива победа за конзервативците, пред крајно-десничарската АФД стана кандидат за Канцелар по коалицискиот договор со социјал-демократите на доскорешниот канцелар Олаф Шолц кој пак доживеа дебакл на изборите. Токму Шолц, вчера на традиционален начин беше традиционално испратен од функцијата со хор на германската армија и песна по негов избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на РусијаТериторијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата. Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветДевет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранетиБројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови. Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти. „Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаМакедонија без активни пожариЦентарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати. На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45