Фреди Белери пуштен од затвор - Канал 5

Фреди Белери пуштен од затвор

Поранешниот градоначалник на приморското албанско гратче Химара, Фреди Белери, доби условно ослободување од затвор, каде беше од 12 мај минатата година.

Фреди Белери пуштен од затвор

- По двочасовна расправа Судот во Фиер, одлучи за условен отпуст на Фреди Белери, кој има уште шест недели до крајот на казната. Судот го прифати барањето, нареди предвремено ослободување и тој во текот на денов го напушти затворот во Фиер, изјави неговиот адвокат , Гени Ѓузари.

Фреди Белери (52), кој е припадник на грчкото малцинство во Албанија, доби двегодишна затворска казна за купување гласови а беше уапсен два дена пред изборите што се одржаа на 14 мај 2023 година.

Иако во притвор тој беше реизбран за градоначалник на Химара, во јужниот дел на Албанија, но не даде заклетва во предвидениот законски рок, по што беа спроведени дополнителни избори

Тој во месец јуни годинава беше избран на конзервативната листа на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за европратеник во Парламентот на ЕУ, чија инаугуративна седница беше во средината на јули, на која присуствуваше со претходн дозвола на затворот.

Доставените жалби до сите судски инстанци му беа одбиени.

Случајот „Белери” ги заостри односите меѓу двете земји, при што Грција и се закани на Албанија со вето на патот на евроинтеграциите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба

66 годишен маж од Гази Баба е седмата жртва на западно нилската треска....Тој на Инфективната клиника ја загуби битката по 38 дена борба со вирусот „Западен нил“.

Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба

Западно нилската треска ја зеде и седмата жртва, шеесет и шестгодишен маж од Гази Баба кој повеќе од еден месец бил хоспитализиран на Инфективната клиника поради воспаление на мозокот и мозочните обвивки, а имал и повеќе хронични болести. Иако имало во дел од лекувањето имало подобрување, последните неколку дена, состојбата драстично се влошила и тој бил приклучен на апарати за дишење. Во меѓувреме има 8 нови потврдени случаи, најголем дел од Скопје север, а еден суспектен од Гази Баба, а тројца се на респиратор и се борат за живот.

Статистички, кај нас мажите речиси четири пати почесто заболуваат од жените, појаснуваат здравствените власти. На прашањето зошто сите смртните случаи се мажи, Клековски како можни фактори ги посочува хроничната бубрежна болест и претходно прележаните мозочни удари. Според него, една од можните причини е и тоа што мозочните удари почесто се јавуваат кај мажите отколку кај жените.

„Две состојби се поврзани со заболувањето и смртноста, а тоа се хроничната бубрежна болест и претходните мозочни удари (цереброваскуларни инциденти), кои статистички почесто ги погодуваат мажите. Можно е, хипотетички, кај мажите да се почести цереброваскуларните инциденти, бидејќи знаеме дека статистички жените, посебно во добар дел од животот, се заштитени од кардиоваскуларни инциденти.“

Новите потврдени случаи се во регионот на Скопје Север и Бутел, а и Радишани, па Клековски вели дека веќе е стапено во контакт со локалните власти за да се вклучи алармот и да се обрати внимание на можните жаришта односно застоени води кои се ризик, поради тоа овозможуваат соодветни услови за размножување на комарците што го пренесуваат вирусот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје и 10 општини добиваат нови 49 комунални возила за одржување на хигиената

Четириесет и девет нови комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во Град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.

Скопје и 10 општини добиваат нови 49 комунални возила за одржување на хигиената

Со 4,2 милиони евра преку Светска банка набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционални возила за чистење на улиците.

Промоцијата на возилата се одржа денеска во Скопје, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалници, претставници на Светска банка.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе бидат промовирани уште пет камиони кои ги обезбеди Град Скопје како и дека е завршува рокот за жалби за набавката на 3200 контејнери за Скопје. Премиерот Мицкоски најави дека следен чекор ќе биде испораката на електрични автобуси до општините за организирање еколошки јавен градски превоз.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат средбите на претседателот Костадиновски со граѓаните

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска повторно оствари средби со граѓани, како дел од иницијативата за отвореност и директна комуникација со јавноста.

Продолжуваат средбите на претседателот Костадиновски со граѓаните

Граѓаните се интересираа за надлежностите на Судот, текот на постапките, предмети од јавен интерес и можностите за уставно-судска заштита на нивните права.

Со продолжувањето на овие средби, Уставниот суд останува отворен за граѓаните и посветен на транспарентно и непосредно информирање за својата работа.

За средба со претседателот Костадиновски, заинтересираните граѓани може да се пријават на [email protected], на +389 2 322 3626 или 070 332 139, соопштуваат од Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер