Фраза која е проверен вовед во раскинување - Канал 5

Фраза која е проверен вовед во раскинување

Многумина оваа фраза ја сфаќаат како утеха, но нејзиното вистинско значење е сосема поинакво.

Фраза која е проверен вовед во раскинување

Секој однос е единствен, но постојат одредени сигнали кои покажуваат дека во вашата врска има проблем. Стручните лица се согласуваат дека, иако пристапот и динамиката помеѓу паровите може да се разликува, некои предупредувачки знаци се универзални.

Еден од најинтересните сигнали е реченицата која сите сме ја чуле, а терапевтот за односи Луен Ворд ја потенцира: „Не сакам да те повредам“, која укажува на тоа дека вашата врска може да заврши со раскинување.

Додека многумина оваа фраза може да ја сфатат како утеха, Луен предупредува дека кога некој/а партнер/ка ја кажува оваа реченица, всушност сугерира на тоа дека верува оти другата личност има посилни чувства од оние што самите тие ги имаат. Со тоа поставува основа за потенцијално лошо однесување во иднина зашто партнерот не сака да се соочи со вина кога ќе се јават проблеми во врската.

Всушност, оваа фраза може да биде начин за личноста да избегне вина. Ако партнерот не ја гледа другата личност како потенцијален долгорочен партнер, тогаш е свесен дека може да ја повреди таа личност.

Луен Ворд препорачува внимателно да ги слушате овие предупредувања и пред сè, да се грижите за себе. Постојат и други сигнали што треба да се следат за да воочите дали на вашата врска ѝ се ближи крајот.

Пејџ Мос, стручњак за врски, наведува три знака кои исто така може да бидат показател дека е време за раскинување.

Првиот знак се однесува на чувството „газење по јајца“. Ако пред да поделите нешто важно се чувствувате преплашено и не знаете како да го изнесете тоа, тогаш ова е јасен показател за нездрав однос.

Потоа, запрашајте се себеси, ако имате волшебно стапче и да не морате да сносите никакви последици, дали би ја раскинале вашата сегашна врска?

На крај, ако во вашиот однос не постои меѓусебна „топлина“, што многумина ја дефинираат како емоционална или физичка блискост, тогаш тоа е голем аларм, пишува „Мирор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на Хераклеа

Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, синоќа одржа концерт во античкиот театар во Хераклеа во Битола.

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на Хераклеа

На концертот присуствуваа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња, а во истовреме и еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот.

Неговата кариера вклучува настапи со Лондонска Филхармонија, Филаделфискиот Оркестар и Кралската Ливерпулска Филхармонија. Добитник е на наградата за дебитант на годината од Кралското Филхармониско Друштво и на престижната награда „Gramophone“. Критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна техника и длабока музикалност.

Македонскиот пијанист Симон Трпчески се етаблираше како еден од најистакнатите музичари на светската сцена, настапувајќи со повеќе од 100 оркестри на четири континенти, под водство на водечки диригенти и во најпрестижните концертни сали. Трпчески е препознатлив по својата моќна виртуозност и длабоко експресивен пристап, како и по својата харизматична способност да воспостави врска со најразлична публика ширум светот и по својата посветеност кон зајакнувањето на културното наследство на Македонија.

„Да го слушнете Трпчески во Антички Театар Хераклеа е привилегија – класична музика од светско ниво во амбиент кој е стар повеќе од два милениума. Ова е настан кој ретко се случува“ велат од „Прагма продукција“ која го организираше концертот со поддршка на Општина Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари

Полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари

На 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишија од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор.

Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, на место викано „Падарица“ во Прилеп, го лишија од слобода И.Ч. од Прилеп, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор, при што кај него била пронајдена и запалка.

По целосно документирање против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста

Сè уште нема напредок кон мировни преговори или во однос на движењето на нафтените танкери низ стратешкиот теснец Ормуз, ниту пак има знаци дека завојуваните страни се движат кон ставање крај на конфликтот што го започнаа САД и Израел на 28 февруари.

Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста

„Овој теснец ќе се отвора и затвора само под иранска команда, и сè додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да се препуштате на фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата“, објави денес рано наутро на платформата „Икс“ (X) заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади.

Министерот за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Иран не донел одлука за продолжување на преговорите со САД.

Во интервју објавено денес во Иран, тој рече дека Вашингтон мора да ги исполни условите поврзани со теснецот за да може да продолжи пловидбата по овој воден пат, преку кој пред војната се транспортираше една петтина од светската нафта.

Трамп ги повика Американците да прифатат малку повисоки цени на бензинот додека трае конфликтот со Иран. Вчера, на политички собир во Гарден Сити, Њујорк, тој изјави дека плаќањето „малку повеќе за гориво“ е оправдана цена за да се осигури дека една „многу злобна земја“ нема да дојде до нуклеарно оружје – што тој го наведе како една од причините за војната.

Според податоците на Американската автомобилска асоцијација, во рамките на трендот што ја поттикна инфлацијата и ги разочара гласачите, просечната цена на галон бензин во САД вчера изнесуваше околу 4,08 долари, што претставува зголемување од 29% во споредба со претходната година.

Трамп, кој е републиканец, ја водеше својата кампања за реизбор ветувајќи намалување на трошоците за енергија, додека демократите настојуваат последиците од војната да ги претворат во клучна тема на ноемвриските избори за Конгресот. „Ормускиот теснец не може да се окупира со твит или со носач на авиони, ниту пак со издавање наредба или одржување предизборен говор“, изјави Харибабади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер