ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија
СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини
1ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија
2СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини
СветФранцузите на Блискиот исток го испраќаат својот најмоќен воен брод Француското Министерство за одбрана го објави распоредувањето на носачот на авиони „Шарл де Гол“ во Црвеното Море и Аденскиот Залив. Според CNN, мисијата има за цел подготовка за операција за враќање на слободата на пловидба во Ормутскиот теснец. Носачот на авиони и неговите придружни бродови треба да поминат низ Суецкиот канал денес на пат кон јужниот дел на Црвеното Море. Мултинационална иницијатива за деблокирање на теснецот Распоредувањето на носачот на авиони на Блискиот исток е дел од поширока, мултинационална иницијатива предводена од Велика Британија и Франција. Главната цел на сојузниците е повторно да го отворат Ормутскиот теснец, клучен бродски пат кој е блокиран од почетокот на војната со Иран. Распоредувањето на најмоќниот воен брод на Франција сигнализира решителност на европските сили да обезбедат трговски патишта без оглед на американските потези во регионот. Од одбрана до активна мисија Потсетете се дека на самиот почеток на американско-израелската војна против Иран, францускиот претседател Емануел Макрон првично го испрати носачот на авиони „Шарл де Гол“ во источниот Медитеран и Црвеното Море. Мисијата во тоа време беше чисто одбранбена по природа. Сепак, со оглед на тоа што теснецот останува затворен за поголемиот дел од светската трговија, француската улога сега се префрла на активна подготовка за деблокирање на водниот пат.Тагови: блискиот исток брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергијаДомашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка, значаен чекор кон целта Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики и инвестиции што имаат за цел зголемување на домашното производство на електрична енергија, намалување на зависноста од увоз и обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем за граѓаните и компаниите. И покрај тврдењата на опозицијата дека електричната енергија ќе поскапи за 5%, реалното зголемување изнесува 2,28%, што е меѓу најниските стапки на зголемување во Европа. Истовремено, со нови законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10%, а со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата. Од друга страна, долгорочната цел е Македонија да произведува повеќе домашна електрична енергија и постепено да ја намалува зависноста од увоз. Така, во април годинава, домашното производство покри 88,8 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата, што претставува значаен чекор кон стратешката цел Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија. Паралелно се работи на консолидација и подобрување на работењето на ЕСМ, зголемување на акумулациите и максимално искористување на постојните производствени капацитети, а дополнително се реализираат нови стратешки инвестиции во енергетиката. Во таа насока, потпишани се договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со вкупна вредност од 97 милиони евра. „Битола 3“ ќе придонесе кон зголемување на производството на електрична енергија од чисти извори, додека ревитализацијата на хидроелектраните ќе овозможи подобро искористување на постојните капацитети. Воедно, започнува изградбата на најголемиот ветерен парк во земјава, со 55 ветерници, кој се очекува да произведува електрична енергија за околу 100 илјади домаќинства. Инвестицијата на „Алказар Енерџи“ е вредна околу половина милијарда долари. Додека со потпишувањето на меморандумот со „Казанџи Груп“ се отвора можност за реализација на стратешки проект вреден до една милијарда евра. Проектот предвидува развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас. Овие инвестиции значат нови можности за индустријата, поддршка на гасификацијата, нови работни места и поголема енергетска отпорност на државата, а со развојот на домашните производствени капацитети се намалува зависноста од увоз и изложеноста на надворешни ценовни и политички ризици. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради енергетски систем кој ќе биде стабилен и отпорен на кризи, флексибилен во однос на идните предизвици и усогласен со европските стандарди со крајна цел, Македонија да биде држава која произведува, извезува и има сигурен и стабилен енергетски систем, со предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и компаниите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаСДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровиниЕдинствениот државен ПЕТ-скенер не работи повеќе од еден месец.Онколошките пациенти повторно чекаат, повторно се праќаат на приватно, повторно плаќаат илјадници евра за дијагностика без која не може да се води терапија. Министерот Клековски вечерва објаснува дека скенерот „не е расипан“, туку дека за време на редовен сервис откриле проблем со циклотронот, дека нема суровини, дека маслото е во рестриктивен режим, дека треба дозволи од Белгија и Америка, дека Муцунски лично се јавува во Брисел. Ова не е објаснување туку признание за аматерски пристап кон единствената јавна дијагностика од овој тип во државата. Циклотронот и ПЕТ-скенерот се еден систем. Без радиофармацевтик скенерот е мртва машина. Проблемот да се открие дури кога апаратот веќе е во сервис значи дека нема постојано следење, нема залиха на критични материјали, нема план Б. Кога станува збор за нуклеарна медицина и за пациенти со рак, таквото „ќе видиме кога ќе дојде сервисерот“ е неодговорност. Пациентите не можат да чекаат извозни дозволи. Полуживотот на материјалот е краток. Тоа го знае секој што се занимавал сериозно со оваа област. Во исто време Владата сече ленти на базени. Премиерот ги отвора. Потоа министерот за здравство ги повикува граѓаните да ги испразнат базените и коритата поради западнонилската треска. Слика на целосен циркус: пари и камери за објекти кои потоа се празнат, а за единствениот ПЕТ-систем во земјата нема ни основна залиха и превентива. Сериозен пристап изгледа поинаку. Прво, договорот за одржување не е формалност. Мора да опфаќа и циклотрон и скенер, со задолжителна залиха на критични потрошни материјали и со рокови што не зависат од „ќе се јавиме во Брисел“. Второ, алтернативното снабдување со радиофармацевтик од соседните земји се активира веднаш, не по еден месец застој. Трето, јавноста и пациентите добиваат точен датум и број на чекање, а не изјави дека „многу скоро ќе објавиме кога ќе почнеме“. Сериозна влада планира, а не се фали со бројки од минатата година додека оваа година системот стои. Ова не е технички инцидент туку начин на управување. Пациентите со малигни заболувања не се ставка што се решава кога ќе се сети министерот. Тие имаат право на дијагностика во јавното здравство, на време, без да продаваат имот за приватен преглед. Додека трае овој застој, одговорноста е јасна. Не кај сервисерот. Кај оние кои две години управуваат со системот и повторно дознаваат за проблемот дури кога машината веќе не работи. Скопје, 19.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГ. Скопје: 115 средношколци од Скопје заминаа во Охрид на бесплатен наставно-научен едукативен кампДенес започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје.Првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства. Целта на кампот е младите да го поминат летниот период на креативен и едукативен начин, преку активности кои ги поттикнуваат нивната љубопитност, критичкото размислување, тимската работа и личниот развој. Во рамки на програмата се предвидени научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културни и креативни активности, како и спорт и рекреација. Особено внимание ќе биде посветено на развојот на лидерските, комуникациските и презентациските вештини. Учениците ќе имаат можност да работат во тимови, да разменуваат идеи, да ги претвораат своите замисли во конкретни проекти и да стекнуваат поголема самодоверба. Покрај едукативната програма, учесниците ќе имаат можност да го запознаат богатото културно и историско наследство на Охрид, да разменуваат искуства со своите врсници и да создадат нови пријателства и спомени. Од 25 до 31 август, во Охрид ќе престојува и втората смена, составена од дополнителни 115 ученици. Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на целото општество. Затоа, создавањето можности за квалитетно образование, развој на вештини и поттикнување на младите да ги препознаат и развиваат своите потенцијали останува еден од клучните приоритети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter