ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
1ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
ФудбалФранцузинката Гејоро стана најскапата фудбалерка во светотАнглискиот клуб Лондон Сити ја направи француската интернационалка Грејс Гејоро (28) најскапата фудбалерка во историјата, ангажирајќи ја од редовите на Пари Сен Жермен за рекордни 1,4 милиони фунти (1,89 милиони долари).Цената што ја плати тимот од англиската женска Суперлига ја надминува сумата од 1,5 милиони долари (1,1 милион фунти) колку што издвои американски Орландо за мексиканската фудбалерка Лизбет Овале минатиот месец. Женскиот фудбал од почетокот на оваа година четири пати го соборуваше трансфер рекордот, откако Челзи плати 900.000 фунти за Наоми Гирма во јануари, пред Арсенал да плати еден милион фунти за да ја донесе Оливија Смит од Ливерпул во јули. Лондон Сити ја почнува својата прва сезона во англиското првенство против актуелниот европски првак Арсенал, во градското дерби в сабота. /МИАТагови: Гејоро фудбалерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!Со „освоеното“ 41. место меѓу 48 европски економии и со проектиран БДП од едвај 11.760 долари по жител, Македонија е официјално меѓу последните десет економии на нашиот континент. Ова не е само лоша статистика, туку сериозно предупредување за економската состојба и развојната перспектива на државата. Додека Владата помпезно се фали за економски успеси, инвестиции и развој, реалноста е дека Македонија останува меѓу најслабите европски економии. Граѓаните се соочуваат со низок животен стандард, слаба куповна моќ и сè поголема неизвесност, а државата нема убедлива стратегија како да го промени овој тренд. Наместо економија што создава домашна вредност, продуктивност и добро платени работни места, продолжуваме да се потпираме на увоз, евтина работна сила и инвестиции без речиси никаква развојна визија. Домашното производство е запоставено, земјоделството е сè понеизвесно, а зелената транзиција останува на маргините на економските политики. Дури и новите инвестиции, вклучително и дата-центрите, мора да се оценуваат според нивниот вистински придонес за економијата, отворањето квалитетни работни места, потрошувачката на енергија и вода и заштитата на јавниот интерес. На Македонија не ѝ требаат уште владини прес-конференции за економски успеси. Ѝ треба економија во која граѓаните ќе живеат подобро, домашното производство ќе има иднина, а инвестициите ќе создаваат долгорочна вредност. ДОМ бара Владата да престане да ги слави ваквите „резултати“ како успех и конечно да понуди сериозна развојна стратегија заснована врз зелена економија, домашно производство, енергетска сигурност и одржливи инвестиции. Економијата не се мери преку партиски соопштенија, туку преку вистинските показатели за куповната моќ и квалитетот на живот на секој граѓанин!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДождлив викенд со температура до 19 степениВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 13 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 15 Лазарополе, 16 Крушево, 17 Берово, 18 Претор, 19 Охрид, 20 Ѓуриште, 21 Виница, 22 Крива Паланка, Штип, 23 Прилеп, 24 Демир Капија, Струмица, Тетово, Битола, 25 Гевгелија, 27 Велес, 28 Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје – Петровец. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше засилен до силен ветер од јужен правец, кој повремено во Струмица достигнуваше брзина од 39 km/h, во Демир Капија, Виница и Прилеп 64 km/h, Во Штип и Крива Паланка 68 km/h, Во Ѓуриште 72 km/h, во Битола 75 km/h и во Тополчани повремено достигнуваше брзина од 84 km/h. До крајот на денот брзината на ветерот ќе се намали, а во крајните западни и северни делови ќе има услови за краткотраен слаб дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСе обрати Вучиќ по апсењето на градоначалничката на Смедерево: Ја уапсивте поради депонија (ВИДЕО) Лидерот на листата „Александар Вучиќ - Единствена Србија“, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста во врска со апсењето на градоначалничката на Смедерево.- Ја уапсивте поради депонијата! Не поради пари, туку поради депонијата - забележа тој на почетокот од своето обраќање, тврдејќи дека насилниците дошле во нејзината канцеларија за да ја принудат да поднесе оставка, што таа во тоа време го одбила, објави Телеграф. Теророт е во тек, тврди Вучиќ, како и „затворањето на медиумите, мечот над главата на Информер, но и на сите други кои се осмелуваат да бидат непослушни“. - Не го кажувам ова за себе, туку за тие луѓе, за нивните семејства да знаат дека сме со нив и дека не се криминалци. И второ, заради историјата, за да знаат дека утре ќе дојде, и дека ова сега ќе се нарече „вчера“. Бакиќ мисли дека тој е гениј, а ние сме глупави. Сите директно расистички изјави и никој од РЕМ не сака да ги казни за тоа. Едно знам дека има луѓе кои гласаа за Студентскиот список, а кои не го сакаа ова - рече Вучиќ. - Луѓето сакаа мир и стабилност, а не нестабилност и непознавање на елементарната демократска пракса. А денес, додаде тој, добил информација дека португалски инвеститор, со кого преговарал 2 години за инвестиција во Бачка Топола, како што стојат работите, се откажува. - Дека една од најважните компании, која требаше да ни покаже нешто величествено и различно на ЕКСПО, се откажува. Ќе добиете официјално известување за ова во понеделник. Причините се едноставни: луѓето не се чувствуваат безбедно. Луѓето не се чувствуваат безбедно. Луѓето не ја чувствуваат стабилноста каква што отсекогаш сме имале и што отсекогаш сме ја обезбедувале. И можете да им кажете на луѓето, и можете да ги предупредувате секој ден: работите се влошуваат - рече Вучиќ. - Ќе трошат огромни суми пари за здравствена заштита, нема казни за предвремено пензионирање. Па кој ќе работи за нас тогаш, луѓето ќе се пензионираат масовно - изјави Вучиќ и праша „а како ќе ја финансирате државата“. - Некој многу посериозен мора да ја заврши таа работа. Па, да седнеме во фотелјата, да видиме кој ќе ја заврши таа сериозна работа. Им рече на обвинителите и судиите дека ќе одговараат за она што го прават. - Доаѓа време за пленуми и газење на демократијата. На луѓето во Србија кои нè поддржуваат, само сакам да кажам, знам колку ви е тешко. Знам што значи јавно да се срамат луѓе кои немаат ништо. Сè е исто како во времето на Демократската партија кога се правеа списоци на соодветни обвинители и судии - рече Вучиќ. Тој рече дека Единствена Србија ќе биде столб на стабилност и дијалог.Тагови: Александар Вучиќ градоначалничка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter