ЖивотФранцузин си ја заборавил сопругата на бензинска- се сетил на неа откако поминал 300 километриЛетни одмори, долги патувања, недостаток на сон... и сопруг кој ја заборава сопругата на бензинска пумпа.Не, ова не е сцена од комедија, туку вистински настан што неодамна се случил на француски автопат. И додека многу жени се шегуваат дека би сакале „малку мир“, оваа дама го добила - но на бензинска пумпа, во 4 часот наутро, и без паричник, телефон и - сопруг, пренесе Она. Како е можно да ја заборавите сопругата? Шеесет и двегодишен Парижанец бил на пат кон Мароко со своето семејство - сопругата и 22-годишната ќерка. По една од многуте паузи што ги направиле за време на ноќното возење, околу 4:30 часот наутро, неговата сопруга отишла во тоалет, додека остатокот од семејството останале во автомобилот. Неговата ќерка спиела, а нејзиниот сопруг... па, и тој изгледал како да „спиел“, само со отворени очи. Седнал зад воланот и - продолжил понатаму. Дури по 300 километри, во регионот Ландес, околу 8:30 часот наутро, сфатил дека некој недостасува од автомобилот. И тој некој не била никој друг освен неговата сопруга. Мажот ја повикал полицијата, но не можел да објасни каде точно застанале, ниту кога последен пат ја виделе неговата сопруга. Збунетите полицајци, како што се очекувало, првично се посомневале дека можеби станува збор за намерно напуштање. Дали жената е оставена намерно? Дали станува збор за семеен спор што ескалирал? Случајот добил дополнителна сериозност бидејќи станувало збор за странска земја, долго патување и целосно губење на комуникацијата. Полицијата ги прегледала камерите на бензинските пумпи, ги проверила податоците, дури и ги вклучила мобилните оператори - и конечно успеале да ја лоцираат жената, која трпеливо чекала на бензинската пумпа Пампро. Интересен детаљ е што 22-годишната ќерка, која цело време била во автомобилот, дури и не забележала дека нејзината мајка е исчезната. Таа цврсто спиела на задното седиште додека семејството (не)намерно возело во намалена формација. Полицијата, ја утврдиле нејзината локација и го известиле нејзиниот сопруг, кој веднаш се свртел и се упатил назад - 300 километри возење наназад, плус уште 300 за да се врати на вистинскиот пат. Во тој момент, сомневањата за „намерно заборавање“ беа разбиени - и од полицијата и од жената, која повторно седнала во автомобилот без многу драма. На социјалните мрежи, оваа вест предизвика лавина од коментари, а најчестата емоција - смеа со нота на неверица. „Не можам да верувам... Мора веднаш да забележал, од тишината, дека нешто не е во ред“, напишал еден корисник, додека други се пошегуваа: „Мажите ги забораваат своите деца, но ги сакаат своите жени!“ „Најубавите 300 километри возење, гарантирам.“ Имаше и такви кои беа загрижени: „Дали е жив? Не го објавија тоа.“ И додека некои се сомневаат, други прагматично заклучуваат - денес, луѓето се толку внимателни што дури и сопружникот лесно може да се замени со тишина. А што рекла жената? Според извештаите, дамата не била лута. Можеби токму тие неколку часа мир што сите тајно ги посакуваме. Можеби сфатила дека нејзиниот сопруг е добар човек - бидејќи се вратил по неа. Или можеби, додека седела покрај машината за кафе и ги гледала камионите како доаѓаат и си одат, само си помислила: „Отсега, јас ќе возам.“Тагови: сопруга бензинска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter