Француско истражување: Миокардитисот по вакцинација со mRNA е редок и никој не умрел од тоа - Канал 5

Француско истражување: Миокардитисот по вакцинација со mRNA е редок и никој не умрел од тоа

Вакцината базирана на РНК гласникот на covid-19 го зголемува ризикот од воспаление на срцевиот мускул и слузницата на срцето, но тоа е ретко и не ја доведува во прашање корисноста од вакцината, според сеопфатната француска студија објавена денес.

Француско истражување: Миокардитисот по вакцинација со mRNA е редок и никој не умрел од тоа

Оваа студија, спроведена од Epi-Phare во соработка со здравственото осигурување (CNAM) и Агенцијата за лекови (ANSM), опфатила луѓе на возраст од 12 до 50 години кои биле примени во болница во Франција поради миокардитис или перикардитис помеѓу 15 мај и 31 август, со 919 случаи на миокардитис и 917 случаи на перикардитис.

Миокардитисот и перикардитисот се воспалителни срцеви заболувања. Првиот влијае на срцевиот мускул, а вториот на обвивката што го опкружува срцето.

Како што веќе покажале фармаколошките извештаи, резултатите од една француска студија потврдиле дека вакцината на Pfizer, а особено на Modernа, го зголемува ризикот од развој на овие болести во рок од седум дена по вакцинацијата.

Секој случај бил спореден со контролна група од десет испитаници кои биле на иста возраст, пол и место на живеење, но немале миокардитис. Така, ризикот од хоспитализација за миокардитис или перикардитис бил спореден помеѓу вакцинирани и невакцинирани во инаку слични ситуации.

Овој ризик е поизразен, иако ретко, кај мажи на возраст под 30 години, особено по втората доза на Модерна. Така, вакцинацијата со втора доза предизвикала 132 дополнителни случаи на миокардитис на милион примени дози.

Кај жените помлади од 30 години, зголемениот број на случаи на миокардитис што се припишуваат на втората доза од вакцината Модерна бил 37 на милион дози.

Што се однесува до ризикот од перикардитис, тој исто така бил поизразен по вакцината на Модерна кај оние под 30 години, особено по втората доза, која е одговорна за „вишокот“ од 18 случаи на милион дози кај помладите мажи.

Не се пријавени смртни случаи меѓу хоспитализираните поради воспаление на срцето што се случило по вакцинацијата.

„Ако ја мериме ефикасноста на вакцината против Ковид-19 (проценета на околу 90 проценти) и постоечкиот, но редок ризик со позитивен исход, односот корист-ризик од вакцинацијата не е доведен во прашање“,вели за АФП Махмуд Зуреик, директор на Epi-Phare.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации.

Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR.

50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата.

Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му.

Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка.

Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер