Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа
2 Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа
3 ВМРО-ДПМНЕ: Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен
РакометФранцускиот ракометен репрезентативец Кунку осомничен за силување Ракометарот Беноа Кунку, кој во неделата со француската репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство, е осомничен за обид за силување во париски ноќен клуб ноќта меѓу понеделникот и вторник.Дваесетишестогодишниот ракометар е приведен во полиција, а отворена е истрага за случајот, јавија денеска француските медиуми. По триумфот над Данска во финалето на Европското првенство во неделата во Келн, француските репрезентативци се вратија во Франција во понеделникот и беа примени од претседателот Емануел Макрон. Поранешниот играч на париски ПСЖ, Кунку, во моментов настапува за полскиот клуб Кјелце./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТрамп негираше дека Нетанјаху ги прекршил неговите наредби со започнувањето напади кон ИранИран и Израел велат дека ги прекинале нападите еден врз друг, откако двете земји разменија оган за прв пат од примирјето во април. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека неговата земја „во моментов“ е во огнот. Но, тој нагласи дека борбата против Иран и Хезболах „не е завршена“. Ова се случи неколку часа откако вооружените сили на Иран соопштија дека ги прекинале операциите. Вети „построги и поостри мерки“ доколку Израел изврши повеќе напади, вклучително и во Либан, каде што израелските сили се борат против Хезболах кој е со поддршка од Иран.Техеран во неделата лансираше ракети кон Израел како одмазда за нападот врз бејрут. Израел вчера одговори со гаѓање на воени објекти во Исламската Република. Во разговор со Би-Би-Си, американскиот претседател Доналд Трамп негираше дека Нетанјаху ги прекршил неговите желби со започнувањето напади. Изјави дека го предупредил израелскиот премиер да не започнува нов воен конфликт со Иран, посочувајќи дека таков потег би можел да ја доведе во прашање американската поддршка за Израел. Кога беше прашан дали Нетанјаху му се спротивставил со тоа што пукал кон Иран во неделата, Трамп рече дека ракетите „веќе биле на пат“ кога разговарал со израелскиот премиер. Тој додаде: „ако му кажам да направи нешто, тој го прави тоа“. изјави Трамп за Би Би Си.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна ЕвропаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова во среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова во рамките на самитот од процесот за соработка на Југоисточна Европа кажа таа во телевизиско интервју.Во рамките на средбата, очекува да се отворат и суштински прашања, бидејќи според неа нема нерешлив проблем. Рече дека тоа е продолжение на средбата во Ереван – едно пријатно женско говорење. Ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба. Морам да кажам, кога првпат го сретнав господинот Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, но сите кои бевме присутни на работниот ручек каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние bona fide да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не се повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единственСтефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра.Од свиркачи дознаваме дека Богац ќе добиел 10% од тендерот кој самиот го наместил. Инаку, тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10%, тоа значи дека тој ќе инаксирал 1,8 милиони денари. Според ова, се разоткрива уште една тендерска шема на СДС, а Венко Филипче, како и за сите претходни, не се оградува и не осудува. Која е мерната единица на СДС и Филипче за да осудат било каков криминал? Ако ова не го сметаат за криминал, колку државни пари требало да украде Богац за да ја премине границата и Филипче да се огради? Го повикуваме ЈО да истражи дали ова е единствениот тендер кој Богац го наместил за време на мандатот на директор. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook