Францускиот парламент ненадејно го отфрли предлог- законот за миграција на Макрон

Француското Национално собрание денеска го отфрли предлог-законот за миграција од страна на владата, изненадувачки исход што им нанесе удар на напорите на претседателот Емануел Макрон.

Пратениците од екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен, како и многу конзервативци, ги здружија силите за да го отфрлат законот во Националното собрание.

Отфрлањето на предлогот не значи дека владата мора да отстапи, ниту пак сигнализира крај на законот за имиграција.

Владата сега може да одлучи да го врати назад во горниот дом на парламентот, да го испрати до мешовит комитет на сенатори и претставници за да се најде компромис или да го повлече, што е малку веројатно.

Исто така, може да користи специјални извршни овластувања за да го наметне законот без гласање.

Предлог-законот за имиграција е клучна точка во обидите на Макрон да покаже како може да биде построг кон законот и редот додека ги држи вратите на Франција отворени за странски работници.

Но, бидејќи нема мнозинство во парламентот, тој не можеше да направи нацрт што ќе ги задоволи ниту левицата ниту десницата.

Владата го претстави предлог-законот како неопходен за да се олесни депортацијата на странските криминалци.

Една одредба ја отстранува забраната за депортирање на оние мигранти кои пристигнале во Франција пред да наполнат 13 години, како што беше случајот со исламистичкиот чеченски милитант со руско потекло, кој уби наставник во октомври.

Манчестер јунајтед загуби од Фулам и ја прекина серијата од пет победи

 Манчестер јунајтед попладнево загуби на домашен терен од Фулам со 2:1 во натпреварот од 26. коло на англискиот фудбалски шампионат. 

„Црвените ѓаволи“ ја прекинаа серијата од пет победи во низа во сите натпреварувања.

Првиот гол го постигна дефанзивецот на гостите Калвин Баси во 65. минута. На минута пред крајот на основните 90, Хари Мегваер го израмни резултатот. Алекс Ивоби им донесе победа на лондонскиот тим во седмата минута од судиското надополнување.

Манчестер јунајтед се наоѓа на 6. позиција во Премиер лигата со 44 бодови. Фулам има 32 бода и се наоѓа на 12. место.

На другите досега завршени натпревари од ова коло:

Астон вила – Нотингем Форест 4:2

Брајтон – Евертон 1:1

Кристал Палас – Барнли 3:0. /МИА

Телото на Навални вратено на неговата мајка

Телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални и е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка Кира Јармуш на социјалната мрежа Икс.

Погребот се уште се чека. Не знаеме дали властите ќе се мешаат да се спроведе како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има новости“, соопшти Јармуш. Најпознатиот политички противник на Владимир Путин ненадејно почина во затвор пред една недела, а неговата мајка со денови бараше властите да и го предадат телото.

Бербок ја посети Украина Одеса на годишнината од војната

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок отпатува во јужниот украински пристанишен град Одеса, на денот кога руската инвазија врз Украина влегува во третата година.

Германската министерка пристигна во градот придружувана од нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба во посета која првично беше чувана во тајност од безбедносни причини.

Ова е шесто патување на Бербок во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година.

Двајцата министри присуствуваа на состаноците на Генералното собрание на ОН и Советот за безбедност на ОН во петокот во Њујорк по повод одбележувањето на втората годишнина од почетокот на војната. Двајцата дипломати пристигнаа заедно во Берлин утрово со авион на германската влада. Оттаму, Бербок и Кулеба полетаа за Молдавија од каде отпатуваа по копно до Одеса, јави ДПА. /МИА

притисни ентер