Францускиот маратонец Рајмонд Аксел триумфираше на Охридскиот пливачки маратон - Канал 5

Францускиот маратонец Рајмонд Аксел триумфираше на Охридскиот пливачки маратон

Рајмонд Аксел од Франција победи на денешниот 27. Меѓународен пливачки маратон што се пливаше на Охридското Езеро. Хедел кому ова му е прво појавување на охридскиот маратон, патеката „Климе Савин“ долга 30 километри ја исплива за 5:09:54 часа, соборувајќи го рекордот на бугаринот Петар Стојчев.

Францускиот маратонец Рајмонд Аксел триумфираше на Охридскиот пливачки маратон
Втор целната линија ја мина италијанскиот пливач Едоардо Стокино, додека третопласиран на охридскиот маратон е русинот Иван Афоневич.

Целта кај Градското пристаниште во Охрид после францускиот маратонец кој се издвои, заедно ја мина група од седуммина пливачи меѓу кои и Евгениј Поп-Ацев, кој трката ја заврши како четвртопласиран. Независно што му избега место на подиумот, Поп-Ацев со денешниот пласман успева да се искачи едно место погоре на вкупната ранг-листа, односно да избие на втората позиција од третото место што до денеска го делеше со Томи Стефановски, кој охридскиот маратон го заврши на петтата позиција.

Најуспешна кај жените беше Мартина Грималди од Италија, која во фото-финиш со водечката на ранг-листата Олга Козјодуб ја мина целната линија, осварувајќи резултат од 5:24:07 часа. Третото место на Охридскиот маратон го освои хрватската пливачка Карла Ситиќ.

Поп-Ацев задоволен од четвртото место, иако со мало лично разочарување што на самиот крај му побегна место на пиеделсталот.

- Трката се одвиваше во брзо темпо, еден период дури и бев многу поназад, за подоцна да ја стигнам водечката група, рече кусо Поп-Ацев, нагласувајќи дека секоја тактика паѓа во вода кога некој од пливачите, во случајов францускиот маратонец и победник Аксел, наметнува свое темпо со кое ја демонстрира својата одлична физичка подготвеност и форма.

Стефановски после маратонот изјави дека од средината се до завршницата трката се одвивала во брзо темпо.

- Аксел се издвои некаде во третиот дел од трката и пливаше одлично, издржа до крај да ја води трката. Јас не се штедев, одев на победа, меѓутоа некаде околу три километри пред целта ги испуштив французинот и италијанецот Стокино. Задоволен сум од својот настап, два часа следев пеколно темпо што го наметна победникот, рече Стефановски.

Последната трка во маратонско пливање Капри-Неапол ќе се плива идната седмица, што ќе биде инетересно за нас бидејќи таму ќе се знае разврската во генералниот пласман, во која нашите Поп-Ацев и Стефановски влегуваат како второ и третопласирани на листата на Светската пливачка федерација.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холивудски актер ослабе 90 килограми, многумина не го препознаваат на фотографијата

Додека многу познати личности се потпираат на лекови за слабеење, холивудскиот актер Џон Гудман ја постигна својата трансформација на телото на сосема поинаков начин.

Холивудски актер ослабе 90 килограми, многумина не го препознаваат на фотографијата

Неодамнешната фотографија на Инстаграм предизвика бројни реакции бидејќи 74-годишниот актер, најпознат по улогите во серијата „Roseanne“ и филмот „The Borrowers“, изгледа речиси непрепознатливо. Гудман не го припишува својот успех на популарните лекови како Оземпик, туку на низа одлуки за начинот на живот поврзани со исхраната и здравјето.

Изненадување на социјалните мрежи

Фотографијата со Гудман ја објави актерот Дејвид ДеЛуиз, кој го нарече легенда и важен дел од неговото детство. Повеќето коментари под објавата беа поврзани со променетиот изглед на Гудман. „Го сакам Џон Гудман! Да, изгледа многу поинаку, но се обложувам дека се чувствува одлично“, „Дали е тоа Џон Гудман? Тој е непрепознатлив“ и „Тој е многу послаб отколку што го паметам“, се само дел од реакциите на корисниците.

Одлуката што промени сè

Гудман не користел лекови „GLP-1“, но донел уште една голема животна одлука - престанал да пие. Закрепнувањето од алкохолизам, со кој се борел 30 години, започнало во 2007 година и било клучно за неговата трансформација. Со текот на годините, тој постепено ослабел и се проценува дека вкупно е полесен за 90 килограми.

Во интервју за „The Guardian“ во 2012 година, тој ја објаснил својата одлука да престане да пие. „Сè стана премногу. Тоа беше 30-годишна болест која ги исцрпуваше сите околу мене и ми стануваше сè потешко и потешко. Стана прашање на живот и смрт. Време беше да престанам“, рече тој во тоа време.

Медитеранска исхрана и дисциплина

Актерот претходно изјави дека со тежина од над 180 килограми, ја трошел својата креативна енергија размислувајќи што да јаде следно. Својата исхрана ја базира на медитеранскиот модел, кој вклучува многу овошје, зеленчук, интегрални житарки и здрави масти како што е маслиновото масло. Тој, исто така, воспоставил строга рутина за вежбање. Тој вежбал со личен тренер шест дена во неделата и одел помеѓу 10.000 и 12.000 чекори дневно. Својот пристап го објаснил во интервју од 2016 година со радио водителот Хауард Стерн. „Го правев тоа полека. Само сакав да го променам мојот начин на живот“, рече Гудман, додавајќи дека тоа бил процес што траел цел живот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Центарот за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO) денес објави дека непознат проектил погодил брод на околу 33 километри од брегот на Оман, во близина на градот Касаба.

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар.

Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели во соопштението на „UKMTO“.

Досега нема извештаи за какви било последици по животната средина.

Надлежните органи го истражуваат инцидентот, а на бродовите им е советувано да бидат внимателни додека пловат и да пријават каква било сомнителна активност до „UKMTO“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем шумски пожар избувна кај најголемото езеро во Италија, евакуирани повеќе од 200 луѓе

Голем шумски пожар избувна на западниот брег на езерото Гарда во Италија, а локалните власти евакуираа повеќе од 200 луѓе, вклучувајќи многу туристи, како мерка на претпазливост.

Голем шумски пожар избувна кај најголемото езеро во Италија, евакуирани повеќе од 200 луѓе

Езерото Гарда, најголемото езеро во Италија и една од најпознатите туристички дестинации во земјата, привлекува голем број посетители секоја година поради својата природна убавина, планинската околина и бројните летни одморалишта. Токму во оваа популарна област, која е особено популарна во ова време од годината, пожарот предизвика загриженост кај жителите и туристите.

Пожарот избувна вчера во општината Тињале и брзо се прошири низ ридестиот предел над езерото во текот на вечерта и ноќта.

Пожарникарите сè уште се борат со пожарот денес, но пожарот сè уште не е под контрола. Бројни противпожарни екипи, како и авиони и хеликоптери, учествуваат во гаснењето.

Пожарникарите ги штитат домовите

„Напорите во моментов се фокусирани на запирање на противпожарните фронтови и заштита на неколку станбени згради“, изјавија пожарникарите.

Досега нема извештаи за повредени.

Областа на езерото Гарда, најголемото езеро во Италија, е една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.

Топлотниот бран продолжува да ја погодува Италија

Пожарот избувна во време кога Италија, како и поголемиот дел од Европа, се соочува со продолжен топлотен бран.

Температурите во делови од земјата надминуваат 40 степени Целзиусови во последните денови, а се очекува високите температури да продолжат до средината на месецот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер