Францускиот државен долг до 2014 година ќе достигне рекордни 95,1 отсто

Државниот долг на Франција во 2014 година ќе достигне рекордни 95,1 отсто, и покрај планот на претседателот Франсоа Оланд да се намали потрошувачката, објави Фигаро.

Владата во следната недела ќе соопшти дека долговите до крајот на 2014 година ќе бидат 1,95 трилиони или 95,1 отсто БДП.

Францускиот министер за финансии Пјер Московиси призна дека долговите ќе бидат „со максимална вредност и потоа ќе почнат да се намалуваат“.

Тој не даде прогноза за очекуван раст. Московиси ја обвини владата на Никола Саркози бидејќи долговите кога е формирана владата на Оланд во 2012 година биле поголеми од 90 отсто БДП./МИА



Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека не е задоволен од новиот предлог на Хамас за прекин на огнот, а Хамас предупреди дека нема да има договор доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Нетанјаху кажа дека новиот предлог на Хамас за прекин на огнот е далеку од основните барања на Израел, додавајќи дека сè уште е неопходен воен притисок за ослободување на заложниците што Хамас ги држи во Појасот Газа.

Израелските сили вчера рано утрината ја окупираа палестинската страна на граничниот премин во Рафа, што Нетанјаху го оцени како „многу значаен чекор кон уништување на преостанатите воени капацитети на Хамас“.

Со оваа воена операција е прекинат клучниот пат за помош до Појасот Газа, што веќе е на работ на глад.

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан, вчера предупреди дека нема да има прекин на огнот доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Хамдан ова го изјави на прес-конференција во Бејрут, а делегацијата на Хамас во меѓувреме пристигна од Доха во Каиро за да ги продолжи преговорите за прекин на огнот, соопшти Хамас.

-Тврдиме дека воената операција во Рафа нема да биде пикник за (израелската) армија, рече Хамдан.

„Топката е во теренот на Нетанјаху“, додаде тој.

Тој посочи дека новиот предлог за прекин на огнот со кој се согласи Хамас е „минимумот што одговара на барањата на нивниот народ и неговиот отпор“.

-Преминот Рафа беше и ќе остане исклучиво египетско-палестински премин, рече Хамдан.

Состојба на патиштата

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата нема да работи

 Јавниот превоз во Скопје денека ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер