Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал - Канал 5

Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал

 Добитник на Златната мечка за најдобар филм на годинашниот 74 Берлински филмски фестивал е францускиот експериментален документарен филм „Дахомеј“ за враќањето во Африка на конфискуваните уметнички дела во периодот на колонијализмот.

Францускиот документарен филм „Дахомеј“ победник на Берлински филмски фестивал

Документаристичкиот есеј на француската режисерка со сенегалско потекло Мати Диоп го истражува враќањето на ограбеното кралско богатство на африканското кралство Дахомеј од Париз во денешна Република Бенин.

Додека извезуваше на сцената за да ја прими наградата, Диоп рече: „Ја поддржувам Палестина!“ и му се заблагодари на народот на Сенегал „за борбата за демократија“./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тенисер од светскиот врв се ожени со инфлуенсерка

Уште еден познат тенисер стапи во брак летово.

Тенисер од светскиот врв се ожени со инфлуенсерка

По светскиот број пет, Алекс де Минор, кој неодамна се ожени со британската тенисерка Кејти Бултер, овој месец се ожени и Томи Пол (29) – поранешен светски број осум и моментално 24-ти на АТП-листата.

Американскиот ас се ожени со својата долгогодишна девојка и позната американска инфлуенсерка Пејџ Лоренс (28), по речиси четиригодишна врска.

Свадбата се одржа во луксузните градини на Лонг Ајленд.

Пејџ Лоренц е позната како инфлуенсерка и креаторка на содржини, основачка на брендот за мода и животен стил „Dairy Boy“ и поранешна скијачка.

Двојката ја започна својата врска во 2022 година откако се запознаа на Инстаграм, а се свршија во јули 2025 година на Нантакет – остров што за Пејџ претставува посебно место од нејзиното детство.

Нивната свадба привлече големо внимание бидејќи ги спои световите на тенисот и модата. Меѓу гостите и присутните имаше бројни американски тенисери, вклучувајќи ги Френсис Тиафо, Тејлор Фриц и Рајли Опелка. Подоцна, Тиафо објави хумористично видео во кое ја имитираше емотивната реакција на Томи додека ја гледаше невестата како оди кон олтарот.

Томи Пол сè уште нема освоено Гренд слем или АТП Мастерс 1000 турнир, но изгради многу успешна кариера и стигна до осмото место на АТП-листата, што претставува негов најдобар пласман во кариерата. До средината на 2026 година, тој имаше освоено четири АТП-титули во поединечна конкуренција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 20. до 27. јули 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник 20. до 27. јули 2026 година. 

Неделен хороскоп за 20. до 27. јули 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас се денови со добри, но не толку значајни љубовни можности. Користете ги за да градите доверба помеѓу вас и вашиот партнер. Самоконтролата исто така треба да се примени затоа што повремено ќе реагирате како што не треба. Размислете за сè.

Кариера

На работното место, често ќе покажувате борбен став , така што нема да ви биде пријатно со колегите. Обидете се да ги погледнете сите смирено и не скокајте на секој предизвик што ви го поставиле. Вашиот напор и упорност може да се применат и на подискретен начин.

Здравје и совет

Гледајте нагоре, не надолу.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Нема да има значителна промена во вашите приватни односи во наредните денови. Сепак, ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, така што многумина со зборови ќе го надоместат она што им недостасува емотивно. Ќе успеат во тоа.

Кариера

Сакате да работите со луѓе, но сега ги цените пред сè и работните места што се сигурни. Стабилноста е тема за која со задоволство ќе разговарате со колегите. Ќе ги насочите вашите деловни интереси според тој критериум. Станете пореални.

Здравје и совет

Кој може, нека оди на пливање.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Добрите друштвени околности и интересните настани ќе ве придружуваат во најголем дел од неделата. Затоа, направете се од себе за да обезбедите квалитетен однос со лицето за кое се грижите. Ќе има малку нервоза и недоразбирање, но тие се занемарливи во споредба со добрите влијанија.

Кариера

Ќе бидете во можност да управувате со повеќе предизвикувачки и значајни теми. Некои ќе бидат промовирани или им бидат поставени поголеми задачи. Во финансиски поглед, треба да постигнете добри резултати. Некои ќе потрошат повеќе од планираното.

Здравје и совет

Движете се повеќе на свеж воздух и на сонце.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Притисокот што доаѓа од другите области на животот повремено ќе продолжи да ги нарушува вашите инаку цврсти лични врски. Ако се обидете да објасните нешто, нема да дадете се од себе. Затоа, бидете тивки и едноставно зрачете со љубов.

Кариера

Уметници, спортисти, сите што настапуваат во јавност , како и оние кои работат со млади, ќе добијат одлична можност во својата работа. Некои ќе се сопнуваат и ќе почнат да градат кули во воздух. Можноста е тука, но треба да се остане на земјата и да се биде реален. Славата е секогаш минлива.

Здравје и совет

Вежбајте ги зглобовите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно сеуште нема да го достигнете она што го сакате , но барем не борете се со нешто што нема смисла. Откријте кој е кој, но не реагирајте по секоја цена. Дури подоцна ќе имате причина да покажете што чувствувате и можност да го направите тоа правилно.

Кариера

Слушајте ги другите повеќе од себеси. Во овој момент е така. Луѓето околу вас и оние со кои работите, во моментот гледаат подалеку од вас или имаат поголемо влијание врз работите. Затоа, поврзете се и не прашувајте премногу.

Здравје и совет

Одете со самодоверба каде што се чувствувате добро.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Деновите што следат се богати со љубовни искуства што ќе ви бидат пријатни. Оние кои сеуште се сами сигурно треба да се дотераат и да излегуваат меѓу луѓе затоа што навистина се зголемуваат шансите да најдат и доживеат љубов. Оние што се во врска, ќе бидат прилично задоволни.

Кариера

Ќе ги преземете работите во свои раце, ќе дадете се од себе за да направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас ќе го ценат вашиот напор. Некои можеби веќе го добија заслуженото признание или барем пофалби за постигнатото. Само продолжете.

Здравје и совет

Вашата самодоверба ќе се зголеми.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Сега ви се чини дека љубовта е далеку, но другите содржина во животот ви даваат сила за да ја издржите осаменоста или оддалеченоста во личните врски. Така ќе биде целата оваа недела. Ако сè уште сте сами, пронајдете љубовен филм или фантазирајте. Оние во врските треба да бидат толерантни.

Кариера

Некои ќе бидат изненадени од важноста на работата што им претстои. Може дури и да се исплашат. Сепак, некои знаат дека се дораснати на рпедизвиците. Оваа можност ретко се добива и жално е да ја промашите. Немојте премногу да анализирате.

Здравје и совет

Несоница или немир.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Главно, ќе имате добар поттик кога станува збор за љубовта, но и тогаш ќе правите грешки во чекори. Од вас и од вашата способност да се контролирате себеси ќе зависи успехот во вашиот личен живот. Потрудете се и дајте се од себе . Ќе успеете.

Кариера

Се повеќе ќе бидете заинтересирани за финансии или за нови системи кои можат да ги подобрат приходите во она што го правите. Ќе направите нови планови во овој поглед. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете во дело или барем да ги започнете. Нешто ќе се придвижи.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика секој ден.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поголем дел од оваа недела ќе владее опуштеност меѓу вас и вашата сакана личност. Ништо друго нема да биде изнасилено, а деновите спонтано ќе ви донесат можности за љубов. Вашата лична непријатност ќе потекнува од други области на животот, затоа игнорирајте ги.

Кариера

Вашите достигнувања во работата веројатно ќе бидат мерени. Бидете подготвени на тоа. Некои луѓе ќе ве бараат некоја стара маана или грешка што мислевте дека е заборавена. Не им придавајте важност, затоа што има многу повеќе добро отколку лошо. Вистината ќе излезе на виделина.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе бидете подготвени за многу љубовни авантури. Оние кои веќе се во подолги врски ќе излезат на некои привлечни места. Вашето време заедно ќе лета и покрај тоа што ќе поминете преку вербални недоразбирања, па сè ќе се одвива добро.

Кариера

Ако ви се чини дека пред вас има долг пат, прифатите го тоа со радост, затоа што е добро. Она што е активирано, ќе продолжи да се развива . Од вас зависи дали ќе се прилагодите и ќе се вклопите во целата ситуација колку што можете најдобро.

Здравје и совет

Прочитајте квалитетна книга.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Деновиве ќе ве следат квалитетни љубовни можности. Користете го тоа за да уживате или да искажете љубов некому. Некои повремено ќе чувствуваат недостаток на привлечност, па со задоволство ќе размислуваат за настани што немаат вистинска основа. Ако ви е досадно, помогнете му на некого.

Кариера

Најверојатно, ќе бидат иницирани работи поврзани со млади или забава. Некои ќе имаат решенија за кои се мислело одамна дека се невозможни. Ќе бидете задоволни од вашите материјални достигнувања, но светот на славните сепак ќе биде предизвик на кој не можете да му одолеете.

Здравје и совет

Следете ја вашата интуиција.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Деновите што следат повремено ќе ви овозможат да ги подобрите односите со луѓето околу вас. Сепак, вашата оддалеченост понекогаш ќе го спречи можното зближување. Со поголема отвореност, сè ќе испадне подобро. Од вас зависи дали ќе дадете се од себе.

Кариера

Се чувствувате нервозни кога треба да работите со други. Претежно затоа што од нивна страна, не ви изгледа се дека е професионално. Разберете дека не секој е истраен како вас и дека понекогаш треба некому да прогледате низ прсти. Никој на светот не е совршен.

Здравје и совет

Намалете ги вашите барања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден

Во Гостивар се прогласува епидемија од гастроентеритис – епидемиолозите, по бројот на заразени и епидемиолошката анкета утврдија надминување на прагот за прогласување.

Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден

Се чекаат резултатите од копрокултура и од Институтот за Јавно здравје за утврдување на причинителот за труењето. Бранот на заразата и натаму не стивнува, приемните одделенија на инфективна и педијатрија и натаму се полнат. Во изминатово деноноќие помош побарале над 300 пациенти, повеќе од 100 се деца. Хоспитализирани се тројца возрасни, останатите се со полесна клиничка слика. Епидемиолошката состојба се очекува да донесе до подобра координација на терен, а што се однесува до мерките, надлежните уверуваат дека се спроведуваат.

-Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, центарот за јавно здравје Тетово, одделение за епидемиологија Гостивар, пријавува епидемија на нивото на подрачје на општина Гостивар. Симптомите кај пациентите се почнати од 14.07, бројот на пациентите е во пораст. Како епидемиолози ја следиме состојбата, вршиме редовен епидемиолошки надзор на одделенијата, даваме насоки, ги анкетираме заболените лица и се уште сме во исчекување на резултатите. Бројката на заболените е се уште во пораст,- - Д-р Зорица Зафироска – Епидемиолог ЦЈЗ Тетово.

Од институтот за јавно здравје оценуваат дека нема индиција дека гостиварци се заразиле од нешто друго, односно причината е водата, но д-р Драган Кочински вели дека резултатите од мострите од водата и микробиолошките мостри од пациентите ќе бидат готови утре, па тогаш ќе се добијат одговорите, а резултатите ќе завршат и во обвинителството.

-Досега епидемиолошките анкети покажуваат дека нема некоја меѓусебна поврзаност, како на пример труење од храна во ресторан или кафуле, досега таква индиција нема. Она што е заедничко за сите е дека сите користеле храна и во домашни услови и во ресторани, сите користеле вода за пиење, некои користеле и флаширана вода, значи не ни даваат некои индиции во кои што можеме да направиме просторно поврзување на случаите. Да ги почекаме резултатите и од микробиолошката анализа и кај пациентите кои се земени мостри, 12 мостри се земени само досега и од резултатите што ќе бидат од водата,- - Д-р Драган Кочински – Раководител на одделот „Епидемиологија на заразни заболувања .

Забраната за користење на водата останува на сила и не треба да се користи за било каква цел. Владини извори во меѓувреме брифираат дека донесена е одлука интервентно да се обезбеди денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода за пиење, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на институциите, кои апелираат да се почитуваат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер