ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?
1СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова
2ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?
Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
1Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
Други спортовиФранцуски специјалци ќе ги чуваат своите спортисти на ЗОИ во СочиПрипадници на специјалната единица на француската полиција ќе одат на Зимските олимписки игри во Сочи заедно со француските спортисти за да се грижат за нивната безбедност, соопшти министерката за спорт на Франција Валери Фурнејрон. - Направивме се за да ја зголемиме безбедноста на нашите спортисти и гледачи. Специјалните единици на француските безбедносни сили ќе бидат со нашите спортисти, изјави Фурнејрон за „Паризиен“ и додаде дека ќе присуствува на свечената церемонија на отворањето на Игрите во Сочи закажана за 7 февруари. Преземените превентивни мерки од страна на француската министерка за спорт се реакција на заканите од исламистичката група од Северен Кавказ која во понеделникот објави видео во кое најавува напади за време на одржување на Олимпијадата. Оваа група ја презема одговорноста за терористичките напади во Волгоград во кои загинаа 34 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на МихаиловаНаместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски.Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата. Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е „швајцарско сирење“. А кој е надлежен за границата? Тошковски. Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење. Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда. А кој раководи со полицијата? Тошковски. Ама Мицкоски го штити Тошковски. Сега на сите им е јасен договорот под „радар“ за пуштање на Михаилова. Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата дека Филипче и Зоран Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев.Го прашуваме директно Венко Филипче дали тој и Зоран Заев имале каква било комуникација или договор со лица блиски до Румен Радев за насочување на лекувањето на Ива Михаилова во Бугарија? Дали имало политички притисоци, посредувања или ветувања поврзани со медицинската документација и одлуката за продолжување на нејзиното лекување надвор од Македонија? Ива Михаилова, е осомничена во кривично правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според информациите што се изнесуваат во јавноста, на 19 март 2026 година бил изготвен медицински извештај од доктор Иван Барбов, другар на Филипче и Заев, во кој се наведува дека лекувањето треба да продолжи во Бугарија. Како е донесена одлуката, врз основа на кои стручни медицински процени и дали врз неа влијаел каков било надворешен фактор? Ова се прашања што мора да добијат одговори врз основа на документи и факти, а не на политички препукувања. И додека надлежните институции и политички субјекти јавно реагираат на постапките и односот на официјална Софија, Филипче и СДС молчат за улогата на бугарските власти во овој случај. Македонија не смее да биде заложник на политички долгови на Заев и Филипче на нивните лични релации или задкулисни договори. Ниту една медицинска состојба не смее да биде инструмент за политички манипулации, а уште помалку повод за поткопување на довербата во домашните институции. Затоа, ги повикуваме надлежните институции да ги испитаат сите околности околу изготвувањето на медицинскиот извештај, евентуалните контакти со политички претставници и постапките на сите инволвирани лица. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСали: Напредокот на Црна Гора ја зајакнува европската перспектива на регионотПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија...Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија и можностите за продлабочување на институционалната соработка. Сали го поздрави напредокот на Црна Гора во пристапните преговори и ја потврди поддршката на Македонија за нејзината амбиција да стане следната членка на Европската Унија. Тој истакна дека овој напредок претставува охрабрувачки сигнал за регионот и за кредибилитетот на политиката на проширување. На средбата беа разгледани можностите за поинтензивна размена на експертиза, врз основа на Договорот за соработка во контекст на пристапувањето кон Европската Унија, потпишан во 2012 година. Областите од интерес ги опфаќаат координацијата на преговорите, усогласувањето со европското законодавство, реформата на јавната администрација и управувањето со европските фондови. Министерот ги претстави и приоритетите на Македонија за спроведување на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на конкретните придобивки за граѓаните и бизнисите. Сали ја нагласи важноста на праведен и предвидлив пристапен процес, заснован на заслуги, како и на регионалната соработка за напредување кон заедничката цел — членство во Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter