Француски реставратори во посета на Лешок - Канал 5

Француски реставратори во посета на Лешок

Француски реставратори во посета на Лешок, ќе соработуваат со домашните експерти околу зачувување на црковните фрескоживописи.

Француски реставратори во посета на Лешок

Црквата Света Богородица во тетовскиот Лешочки манастирски комплекс каде летово беше најден слој на фрескоживопис од 13 век, како и трослојно ѕидно сликарство ја посетија реставратори, универзитетски професори и стручни лица од Франција кои ќе соработуваат со македонските колеги во насока на зачувување на културното наследство. Неделава конзерваторите од Националниот конзерваторски центар низ повеќе локации во државата ги запознаа колегите од Франција со конзерваторските работи кои се во тек, како основа врз која во иднина може да соработуваат.

Инструментот на Европската комисија-ТАЕКС (Техничка помош и размена на информации) е можноста за оваа соработка и причината за која стручни лица од Универзитетот Париз 1 Партеон-Сорбона да престојуваат во државата со цел да се запознаат со можностите за зачувување на културното наследство.

- Се надеваме дека посетата на странски експерти е еден мал чекор во заштитата,но соработката со истите се мислеше дали да биде работилница или експертска мисија. Се одлучивме за експертска мисија, затоа што мислиме дека прво треба да се запознаат стручњаците од странство со нашите споменици за да можеме понатаму да преземеме конкретни активности во која насока би се одвивале овие работи. Во секој случај е подолгогодишна соработка со нив и со Универзитетот Сорбона. Во оваа прва фаза сега сме да се запознаеме со проблематиките, а за понатаму може да произлезе еден посериозен проект што заеднички ќе го работиме со нашите колеги од Франција, изјави Владо Мукоски, конзерватор за ѕидно сликарство.

Клер Беталу која е професорка на Универзитетот Париз 1 Партеон-Сорбона, како и директорка на Програмата за студии за реставрација, вели дека ова што го видела во Лешочкиот манастир е нешто ново и невообичаено.

- Ова е чудесно, волшебно место, и можноста што ја имам да го разоткријам и да го запознаам со тимот стручни реставратори и конзерватори, овозможува да ја разберам историската важност на оваа градба. Чудесноста ја наоѓам во оваа целисходност и комплексност на градбата. Податокот дека тука се мешаат живописи од 17 и 19 век е навистина за мене нешто неверојатно, нешто ново, нешто прекрасно бидејќи во Франција не постои таква традиција. Традицијата во Франција е да се задржи најновиот слој и да се униформира на некој начин декорот, сликата, изјави Беталу.

Таа и самата е реставраторка и конзерваторка па смета дека има одлична прилика за соработка со колегите од Националниот конзерваторски центар.

- Оваа првична недела има за цел да се запознаеме со македонските колеги, да ги размениме искуствата, да го запознаеме нивниот начин на реставрација и конзервација. Понатаму може да се оформат тимови на размена на знаење бидејќи ова е начин на реставрација што не ни е многу познат во Европа, така што е многу интересна оваа структура, овој проект на размена и се разбира дека има идни можности за соработка, рече Беталу.

Македонските конзерватори откако летово открија повеќеслојно сликарство во црквата во Лешок велат дека аплицирале до Министерството за култура и чекаат средства да продолжат со работата и во текот на наредната година.

- Да се надеваме дека ќе биде поддржан овој проект со поголеми финансии со тоа што динамиката ќе се зголеми во зависност од средствата. Очекуваме да продолжат истражувањата, и очекуваме да најдеме и други откритија. Како што беше големото откритие на Кирил Александриски. Не се надевавме дека ќе дојдеме до трослојно сликарство, така што и самиот проект ја смени динамиката и тие се малце покомплексни работи што треба и како треба да се презентира. Тоа сигурно ќе биде покомплициран зафат затоа што да раслоите три слоја на сликарство, а да го зачувате е навистина реткост, истакна Владо Мукоски.

Во текот на јуни при годинешниве работи на реставрацијата беше откриен трослојниот фрескоживопис од 13, 17 и 19 век во црквата Света Богородица во Лешок. Конзерваторите направија соодветен носач со кој постариот фрескоживопис од 13 век ќе биде покриен со тој од 17 век. По потреба за научните истражувања ќе може да се помести, да се работи и пак да се врати.

Секоја година по 20-тина дена неколку члената екипа на конзерватори работи на заштита на ваквиот вид на културно наследство во црквите стари и по неколку векови. Овие стручни лица посочуваат на потребата од повеќе средства, но и да се образуваат што повеќе луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер