Француски министер: Со нашите партнери нема да потклекнеме пред американските закани - Канал 5

Француски министер: Со нашите партнери нема да потклекнеме пред американските закани

Франција и нејзините партнери, како што е Европската унија, нема да попуштат пред американските закани за царини, изјави денеска францускиот министер за трговија Лоран Сен Мартен.

Француски министер: Со нашите партнери нема да потклекнеме пред американските закани

„Доналд Трамп ја ескалира трговската војна што ја започна, а Франција е решена да одговори заедно со Европската комисија и партнерите“, додаде министерот во објава на социјалната мрежа Икс.

Тој нагласи дека Франција ќе ја заштити својата индустрија, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.

Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот за американското виски, пишува Блумберг.

Властите во Брисел го оданочија американското виски за да се одмаздат на царините на Трамп за челик и алуминиум кои вчера стапија на сила.

„Доколку оваа тарифа не биде веднаш отстранета, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и жестоки пијалоци кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија“, напиша Трамп за европските давачки за вискито.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Македонската одбојкарска репрезентација денес во Летонија, загуби од Грција со 0:3 (22:25, 21:25, 20:25) од Грција во четвртиот натпревар од годинешното издание на Европската Златна лига.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Ова беше трет пораз за „црвено-жолтите“.

По вчерашната победа во пет сета над Летонија селекторот Јошко Миленковски денес комбинираше со составот и им даде повеќе простор за игра на помладите играчи, кои во иднина ќе бидат носители на играта во репрезентацијата.

Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов и Филип Савовски со по осум поени беа најефикасни во македонскиот состав.

Македонија последниот турнир, следниот викенд 20-22 јуни го игра пред својата публика во Струмица.

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Во повеќе градови низ Соединетите Американски Држави се подготвуваат демонстрации против претседателот Доналд Трамп, додека тој утре ќе присуствува на парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од формирањето на американската војска.

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Најголемиот собир и протестна поворка се најавени во Филаделфија, Пенсилванија, додека во Вашингтон, каде што ќе биде Трамп, не е планиран таков настан.

Протестите добиваат дополнителна поддршка поради незадоволството од рациите на федералните имиграциски власти, кои започнаа минатата недела, како и од наредбата на Трамп за испраќање војска и маринци во Лос Анџелес, Калифорнија, каде демонстрантите блокираа автопат, палеа автомобили, а полицијата користеше солзавец, гумени куршуми и светлосни гранати.

Гувернерите и градските власти ветија дека ќе го заштитат правото на протест, но нема да толерираат насилство. Републиканските гувернери на Вирџинија, Тексас, Небраска и Мисури мобилизираа војска за поддршка на полицијата во справувањето со протестите.

Организаторите на протестите во Флорида планираат марш до одморалиштето на Трамп „Мар-а-Лаго“, но републиканскиот гувернер Рон ДеСантис ги предупреди демонстрантите да не ја преминуваат „јасната граница“.

Главниот обвинител на Филаделфија, Лери Краснер, изјави дека секој што ќе го прекрши законот во градот, вклучително и имиграциските агенти што ги надминуваат овластувањата, ќе биде уапсен. Тој го посочи Мартин Лутер Кинг Помладиот како пример за демонстрантите, велејќи: „Ако постапувате како што би постапил Мартин Лутер Кинг Помладиот, ќе бидете во ред“.

Протестите, наречени „Без кралеви“, се организирани од движењето „50501“ за поддршка на демократијата и спротивставување на, како што велат, авторитарните постапки на администрацијата на Трамп. Демонстрантите на претходните протести бараа Трамп да биде „симнат од тронот“, споредувајќи ги неговите постапки со оние на крал, а не на демократски избран претседател.

Организаторите планираат мирни протести на речиси 2.000 локации низ САД, очекувајќи дека овие акции ќе бидат најголемиот еднодневен повик за граѓанска непослушност откако Трамп се врати на власт.

Видео:Германско финале во ракометната Лига на шампиони, Барса „падна“ по последната секунда

Бундеслигашите Фуксе Берлин и Магдебург ќе играат во финалето на годишното издание на „фајналфор“ турнирот во Келн.

Видео:Германско финале во ракометната Лига на шампиони, Барса „падна“ по последната секунда

Ова е епилогот по двете денешни полуфинални средби во кои германските екипи ги совладаа своите ривали од Франција, односно од Шпанија.

Во првото полуфинале Фуксе Берлин го „растури“ Нант со 34:24.

Вториот германски претставник на завршниот турнир во елитното ракометно натпреварување, славеше минимален триумф над Барселона со 31:30. Магдебург ја доби фаворизираната Барселона со гол во последната секунда од мечот.

Финалето ќе се игра утре со почеток во 18 часот. Три часа претходно е дуелот за третото место.

притисни ентер