ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините
Смртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на самитот на НАТО во Турција
1ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините
2Смртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на самитот на НАТО во Турција
СветФранцуски медиуми: НАТО привремено ги повлекува трупите од мисијата во Ирак„Тоа е привремено повлекување. Тие се загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток“.Мисијата на НАТО во Ирак, што има задача да им помага и да ги советува ирачките сили во нивната борба против џихадистичките групи, го повлече својот персонал поради безбедносни причини, јавија француските медиуми повикувајќи се на безбедносни претставници. „Тоа е привремено повлекување. Тие се загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток“, рече првиот претставник. Вториот претставник рече дека „целиот персонал на мисијата е повлечен“, освен мал број лица. Мисијата, што вклучува „стотици персонал“, се наоѓа во ирачка воена база во центарот на Багдад, близу амбасадата на САД, што е цел на чести напади од проирански фракции во текот на војната на Блискиот Исток. Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонските каратисти освоија 20 медали на 38. ЕТКФ Европски шампионатМакедонската репрезентација во традиционално карате на 38. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети одржан на 5 јули 2026 освои вкупно 20 медали – 4 златни, 6 сребрени и 10 бронзени.Со тоа Македонија го освои третото место во генералниот пласман. Најуспешен македонски натпреварувач беше Матеј Мангаровски, кој во јуниорска конкуренција освои 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал. Одличен настап имаше и Матеј Јарчевски, кој освои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали во младинска и сениорска конкуренција. Камелија Недев освои 2 сребрени и 2 бронзени медали во јуниорска и сениорска конкуренција, Лика Билбилов се закити со 1 сребрен медал, Софија Јарчевска освои 3 бронзени медали, а Јана Милевска освои 2 бронзени медали во кати, поединечно и екипно, во сениорска конкуренција. Во генералниот пласман, Италија го освои првото место, Полска второто, а Македонија третото место. На Европскиот шампионат настапија 265 натпреварувачи од 12 земји. Шампионатот свечено го отвори Дејан Недев, во својство на претседател на Европската федерација за традиционално карате (ЕТКФ). Македонска традиционална карате федерација (МТКФ)Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општинитеВревен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома.Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите. Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа. Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации. Додека СДС со години само зборуваа за младите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори што отвораат можности и перспективи во Македонија. Истовремено, преку грант-програмите на ИНОВА ќе се поддржат стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат конкретни решенија за проблемите на општините. Средствата ќе одат кај идеи што носат резултати, а не кај проекти што завршуваат во фиока. Владата на ВМРО ДПМНЕ инвестира во младите, се создаваат реални можности за работа, развој и професионално усовршување. Се креираат повеќе можности за младите, посилни општини и поквалитетни услуги за граѓаните. Државата конечно ги поврзува локалната самоуправа, универзитетите, иновативниот сектор и бизнис-заедницата во еден функционален систем. Разликата е очигледна. СДС со години ја празнеше Македонија и ги тераа младите да ја бараат својата иднина надвор. Владата на ВМРО-ДПМНЕ создава услови младите да останат, да работат, да напредуваат и да ја градат својата иднина токму овде. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат мерливи резултати, наместо празни флоскули. Целта на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерна, развиена Македонија во која младите ќе бидат двигател на промените, а не генерација што ќе биде принудена да замине. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
СветСмртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на самитот на НАТО во ТурцијаГлавниот град на Украина, Киев, беше цел на смртоносен руски напад рано утринава , во пресрет на критичниот самит на НАТО во Турција, на кој треба да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.Експлозии го осветлија ноќното небо додека балистички ракети и беспилотни летала погодија делови од градот, убивајќи најмалку 11 лица и ранувајќи десетици други, соопштија градските власти. Станбените згради беа тешко оштетени во нападот, оставајќи ги луѓето заробени во повеќекатните станбени блокови, додека автомобили беа опожарени по градските улици. Цієї ночі Київ був під масованим російським ударом. Росія випустила 68 ракет і ще 351 ударний дрон. Зараз триває ліквідація наслідків. Пошкодження зафіксовані більш ніж на 10 локаціях міста, зокрема в житлових будинках. На місцях працюють усі необхідні служби, які роблять… pic.twitter.com/cf2vZzOZy2 — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) July 6, 2026 Украинскиот претседател Зеленски само неколку часа претходно предупреди дека Москва „подготвува нов масовен удар“, а новиот напад доаѓа само неколку дена по свирепиот руски напад врз Киев минатиот четврток во кој загинаа 30 лица.Тагови: Киев НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook