ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
2ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
2Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
3Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
БалканФранцуски амбасадор: Оценката на Палмер за Македонија за „историска грешка на ЕУ" е погрешна-Она што се случи, прашањето дали ќе ги отвориме преговорите со Македонија и Албанија, морам да кажам дека тие земји исклучително се трудеа, особено со потпишувањето на Преспанскиот договор. Францускиот амбасадор во Белград, Жан Луј Фалкони, во интервјуто на ТВ Н1, говорејќи за процесот на проширувањето во ЕУ на Западен Балкан и одлуката од пред 15 дена за неотварањето на пристапните преговори со Македонија, изјави дека Франција „нема резерви" кога станува збор за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ, потенцирајќи дека тоа е процес кој подразбира одредени услови кои мораат да бидат исполнети. -Она што се случи, прашањето дали ќе ги отвориме преговорите со Македонија и Албанија, морам да кажам дека тие земји исклучително се трудеа, особено со потпишувањето на Преспанскиот договор. Но, прашањето за проширување, е конкретна определба за реформи, особено тоа беше барање за Македонија, реформата на СЈО, реформата на правосудството во Албанија. Беа поставени одредени услови и тие услови не беа исполнети. Но, можеби некои наши партнери во ЕУ сметаа дека и покрај се, требаше да се отворат преговорите, а претседтелот на Франција (Емануел Макрон) сакаше да задржи една кохерентна позиција, што значи дека постојат услови за влез во ЕУ, кои важат и за Србија (и останатите) и тие услови мораат да бидат исполнети. Тука нема остапки, бидејќи остапките имаат врска со моделот за придружба. Потребно е земјите да ги спроведат потребните реформи. Етапите мораат да бидат испочитувани. Ако од самиот почеток тргнеме да „мрдаме" околу условите, ќе имаме лизгав процес….", порача Фалкони. На прашањето на Н1 за оценката на Метју Палмер, дека Франција направила „историска грешка", Фалкони оцени дека историјата треба да се гледа на подолг рок, особно што Франција има долга историја. -Мислам дека тој збор „историска грешка е погрешна". Тоа не одговара на ситуацијата. Тоа е една епизода во преговорите на проширувањето, кои треба да доведат до влез во ЕУ. Палмер е извонреден експерт за Балканот, но очигледно дека не е експерт за ЕУ или за начинот на кој таа функцинира, изјави францускиот амбасадор во Белград. Фалкони објаснувајќи го начинот на функционирањето на ЕУ, кажа дека „прво постојат барања за исполнувања на услови." -Второ, Макрон кажа дека додека тие земји спроведуваат реформи, ние мораме да спроведеме реформи во ЕУ и тоа мора да оди истовремено и тоа е поврзано. Макрон од изборите е посветен на реформите на ЕУ кои траат, изјави Фалкони, објаснувајќи повеќе примери за реформи во ЕУ, додавајќи дека ако нема реформи земјите ќе влезат во „празна ЕУ". Зборувајќи за решение за косовскиот проблем, Фалкони рече дека европската перспектива за Србија и Косово бара нормализирање на односите. „Ние (Франција) сме подготвени овој дијалог да го следиме и поддржуваме со Германија", рече Фалкони. Амбасадорот посочи дека секое решение усвоено од Белград и Приштина ќе биде прифатливо и за Франција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 кг. домати 2 благи пиперки 2 лути пиперки 3 - 4 чешниња лук 3 моркови 300 гр. сирење 1 пакување пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
ФудбалПол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед! Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија. Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот. „Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш. Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМинистерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби. Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети. Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели. Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот. Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО: д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39