3Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено
Шоу бизФранцуската полиција упадна во домот на партнерката на Ален Делон Домот на партнерката на Ален Делон, Хироми Ролен, што се наоѓа во предградие на Париз вчера бил претресен по двете судски претставки од трите деца на легендата на францускиот филм. Домот на партнерката на Ален Делон, Хироми Ролен, што се наоѓа во предградие на Париз вчера бил претресен по двете судски претставки од трите деца на легендата на францускиот филм, во коишто се вели дека „го подложила на морално малтретирање“ Делон (87), но и самите нив. Таа, инаку, го негира тоа. Децата на Делон - Анушка, Ален-Фабијан и Антони Делон поднесоа жалба на 5 јули. Тие го осудија „понижувачкиот и агресивен однос“ на неговата „придружничка“, како и „нејзините постапки насочени кон поштата и телефонските пораки на глумецот и ударите што му ги нанесувала на неговото куче“, се вели во соопштението на обвинителот. „Во потпишаната декларација приложена кон жалбата се наведува дека Ален Делон се придружува кон неа“, се додава. Антони Делон поднесе втора жалба за „намерно насилство и секвестрација против ранлива личност, злоупотреба на слабост и морално малтретирање“. Прелиминарната истрага почна на 6 јули. Хироми Ролен, беше протерана на 5 јули од имотот во Души. Таа ги оспори обвиненијата и поднесе жалба на 7 јули. Според адвокатот на децата на Делон, Кристоф Ајела, „по кардиоваскуларната несреќа на г-дин Ален Делон во 2019 година, оваа жена која се преселила во неговиот дом станувала сè поагресивна и попонижувачка кон него и неговите деца“. Адвокатот додава дека „постојано го изолира Делон од неговите блиски пријатели и семејството, користејќи манипулации и закани“. Ролен работела како помошничка-режисерка на неколку филмови во 80-тите и 90-тите. Како одговор на тужбата, таа го претстави своето гледиште во документ од 39 страници испратен до обвинителот во Монтаржи. Во него таа го негира зборот „придружничка“ и зборува за „интимна врска“ со Ален Делон, кого го запознала 1989 година. Таа објаснува дека се преселила во куќата во Души во 2006. за тие да „живеат како двојка“. Ролен, исто така, инсистира дека децата на филмската ѕвезда „никогаш не ја прифатиле“ нивната љубовна врска. Откако глумеше во повеќе од 90 филмови, меѓу кои „Роко и неговите браќа“, „Гепард“, „Базен“, „Зоро“, во 2017 година Ален Делон објави крај на филмската кариера. Глумецот доживеа мозочен удар летото 2019 година. На Филмскиот фестивал во Кан претходно, во мај 2019 година, Делон беше награден со почесна Златна палма за неговиот траен придонес во кинематографијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролетВо вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, финансирањето на брзата пруга и очекуваниот почеток на градежните работи на овој значаен инфраструктурен проект. „После подолго време, првпат во Македонија се испочитува рок. Имено, сите шест студии требаше да бидат готови до 31 август и ние на истиот датум ги добивме. Што значи дека сега влегуваме во финалната фаза и, ако е сè добро, рокот ќе го запазиме, а тоа е да ги имаме веќе и градежните работи од пролет“, рече Николоски. Одговарајќи на прашањето дали промената на премиерот во Обединетото Кралство може да влијае врз динамиката на реализација на проектот, Николоски нагласи дека станува збор за стратешко партнерство со држава чија политика во оваа област не зависи од промените на владата. „Во однос на политичкиот контекст, се работи за пресериозна држава, втора најголема сила во НАТО, држава членка на Советот за безбедност на ООН, и таму овие одлуки не се променуваат со промената на влада“, посочи Николоски. Како потврда за континуитетот на стратешкото партнерство, тој најави дека во втората половина на ноември и на почетокот на декември повторно ќе се одржат средби на високо ниво во Лондон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаМицкоски на отворање на трговски комплекс „Триангла“Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на отворањето на трговски комплекс „Триангла“ во општината Гази Баба. Денес присуствував на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ (Fashion Park Triangla), во Општина Гази Баба. Станува збор за значајна приватна инвестиција која носи нови содржини, домашни и меѓународни брендови, угостителски и услужни дејности, како и можности за отворање на околу 250 нови работни места. Ваквите инвестиции се важен двигател на локалната економија, придонесуваат за развојот на Гази Баба и создаваат нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата. Честитки до инвеститорите за реализираниот проект и многу успех во понатамошното работење! , објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовременоМакедонија гради шест автопати истовремено, а динамиката на реализација на сите делници се одвива одлично.Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 каде што говореше за напредокот на најголемите инфраструктурни проекти во земјава и ги откри роковите за нивно завршување. За автопатската делница Кичево–Букојчани, чија изградба започна пред неколку дена, Николоски истакна дека станува збор за технички сложен проект, а како обезбедување дека рокот на изграбда ќе биде испочитуван, обезбедени се високи банкарски гаранции од изведувачите. "Во однос на Кичево-Букојчани, има многу сериозни банкарски гаранции за изведувачите коишто ги поднесоа за извршување на автопатот во рок. Се работи за тешка делница, но не е долга делницата. Оставаме 4 години, и убеден сум дека овој рок ќе биде испочитуван", посочи вицепремиерот. Заменик претседателот на Владата зборуваше и за автопатските делници кои ги гради конзорциумот "Бехтел и Енка", каде динамиката на работите се одвива според планираното. "На Тетово-Гостивар целокупниот пат е пробиен и тоа можат да го видат сите кои патуваат, на Гостивар-Букојчани можат да се видат големите мостови кои веќе се изградени, а очекувам во најбрзо време да го промовираме најголемиот мост како завршен. Динамиката на двата оди добро и очекувам да завршат во 2029 година. Уште подобра динамика имаме на Прилеп-Битола, каде од 40км колку што ќе биде вкупната траса, веќе првото отварање ќе го имаме на средина на следната година, околу 12 км, втора половина следната година ќе имаме уште едно отварање и 2028 ќе го завршиме цел", истакна Николоски. Во однос на планираната автопатска делница од Струга до Ќафасан, Николоски откри дека државата разгледува алтернативна рута поради ставовите за овој регион на УНЕСКО, која би можела да биде прифатлива. Тој додаде дека изградбата на автопатот од Скопје до Блаце, се очекува да биде завршен до 2030 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter