Француската издавачка куќа „Галимар“ ја објави „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска - Канал 5

Француската издавачка куќа „Галимар“ ја објави „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска

Француската издавачка куќа „Галимар“ денеска го објави своето издание на збирката раскази „Не одам никаде“ од писателката и универзитетска професорка Румена Бужаровска.

Француската издавачка куќа „Галимар“ ја објави „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска

Како што информираат од Издавачки центар „Три“, француското издание на „Не одам никаде“ од Бужаровска следува откако претходно „Галимар“ ја издаде и „Мојот маж“, додавајќи го своето издание на листата од петнаесет преводи на збирката што оствари и шест театарски продукции во земјава и странство.

Основана во 1911, а од 1919 година позната под името „Библиотека Галимард“, француската издавачка куќа е една од највлијателните издавачки куќи на дваесеттиот век, кога објавувала дела на Марсел Пруст, Жан Пол Сартр, Албер Ками...

-Задржувајќи го своето реноме и денес, „Галимар“ е издавач кој преку своите внимателно избрани изданија ги запознава француските читатели со писатели добитници на Нобеловата награда за книжевност и со современи гласови кои автентично го пренесуваат духот на времето, соопштија од „Три“.

Од „Три“ дополнуваат дека „Не одам никаде“, по изданијата во САД, Турција, Унгарија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Франција, во март ќе добие и шпански превод во издание на „Импедимента“, додека, пак, „Мојот маж“ го очекува и својот бразилски превод во издание на „Тодавиа“.

-И додека расказите на Бужаровска продолжуваат да ги освојуваат светските читатели, македонските читатели веќе го читаат второто издание на „Тони“, нејзиниот прв роман, кој со својата брутална карикатуралност ќе ве насмее и ќе ве налути, поттикнувајќи чувство на лична одговорност, тема за која сите денес би требало повеќе да размислуваме, посочуваат од издавачката куќа. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Денес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.

Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација.

Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Утре сончево со мала до умерена облачност

Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер