Француска поддршка за филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Стругар Митевска - Канал 5

Француска поддршка за филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Стругар Митевска

Франција се приклучи на копродукциската листа за најновиот филм на Теона Стругар Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, чие снимање почна минатата недела. Освен Франција, копродуценти на филмот се и Македонија, Словенија, Хрватска и Белгија.

Француска поддршка за филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Стругар Митевска
Како што информира Митевски Продукција, минатата недела филмот беше поддржан од престижниот француски фонд „Aide aux cinémas du monde“ на националната агенција за филм „Centre national du cinéma et de l'image animée“ (CNC).

- Филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ беше едногласно избран од жирито и стана втор македонски филм, кој има добиено средства од овој фонд, а првиот е „Јас сум од Титов Велес“. Добивањето поддршка од овој фонд во Франција се смета за признание и препорака за квалитетот на проектот, а се добиваат можности и за добивање фондови за филмот за негова понатамошна кино дистрибуција во Франција, соопшти Митевски Продукција.

Снимањето на новиот долгометражен филм на Теона Стругар Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ почна да се снима на 19-ти овој месец. Филмот ќе се снима шест недели во Штип, а главните улоги ги толкуваат Зорица Нушева, Стефан Вуисиќ, Суад Беговски, Мони Дамевски, Лабина Митевска, Виолета Шапковска, Андријана Колевска, Џевдет Јашари, Бајруш Мјаку, Петар Мирчевски, Никола Кумев, Илија Волчевски, Игор Тодоров и Ненад Анѓелковиќ.

Директор на фотографија е Белгијката Виржини Сент Мартин, со која Теона успешно соработуваше на филмот „Јас сум од Титов Велес“. Сценограф е Вук Митевски, а за костимите е задолжена Моника Ломбер.

Проектот беше дел од „Paris Coproduction Villiage“ во Париз и „Venice Gap Financing Market“, кој е дел од Филмскиот фестивал во Венеција. Во развојната фаза филмот беше поддржан и од Медиа програмата за развој со грант од 30.000 евра, а ја доби и наградата на „Еуримаж“ во висина од 20.000 евра на Cinelink програмата, која е дел од Сараевскиот филмски фестивал. Сценариото на филмот потпишано од Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ доби највисоки оценки од сите институции и фондови каде што филмот беше претставен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ги одложува построгите правила за емисија на плаг-ин хибридите до 2030 година

Европската Комисија објави дека го одложува прилагодувањето на пресметките на емисиите за одредени plug-in хибридни возила (PHEV) до 2030 година, одлука што веројатно ќе ги задоволи производителите на возила во Европската Унија. 

ЕУ ги одложува построгите правила за емисија на плаг-ин хибридите до 2030 година

Извршното тело на ЕУ објави во јуни дека планира да го ажурира таканаречениот „фактор на корисност“ на 29 ноември, односно официјалниот дел од растојанието што возилата го поминуваат на електрична енергија, но тоа сега е одложено.

Одложување за прилагодување на индустријата

Прилагодувањето на факторот на корисност имаше за цел подобро да ги одрази реалните услови на возење, кои покажаа помал дел од електричното возење од оној што е евидентиран во официјалните тестови. Главната причина за јазот помеѓу реалните и официјалните нивоа на емисии е тоа што сопствениците не ги полнат своите возила толку често колку што треба.

Во соопштението за медиумите на Комисијата се наведува дека предложените промени ќе им обезбедат „привремена краткорочна флексибилност“ на производителите. Ова ќе им даде можност да инвестираат во подобрување на ваквите возила и ќе го поттикнат развојот на plug-in хибриди со поголем електричен дострел. Имено, „факторите на корисност“ ќе бидат замрзнати само за возила со електричен досег од најмалку 80 километри, што е растојанието што возилото може да го помине со едно полнење на батеријата.

Комисијата ќе го испрати предлогот за замрзнување на факторот на корисност до земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент, а тие можат да поднесат приговор. Предлогот ќе се применува ретроактивно од недела. Според најавата, факторот на корисност редовно ќе се ажурира од 2030 година врз основа на реалните индикатори собрани од самите возила.

Здруженија за заштита на животната средина: Реалните емисии се значително повисоки

Здружението за заштита на животната средина „Транспорт и животна средина“ во септември предупреди дека емисиите на CO2 од хибридните автомобили со приклучок се во просек шест пати повисоки отколку што покажуваат официјалните тестови.

Тие истакнаа дека јазот помеѓу реалното загадување и лабораториските резултати се зголемува секоја година откако започнаа мерењата на емисиите во реалниот свет во 2021 година. Затоа, здружението се залага Комисијата да не се откаже од планираното ажурирање на факторот на корисност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разбојници ограбиле музеј во катедрала во Италија- влегле низ прозорецот на тоалетот

Крадци синоќа го ограбиле музејот на катедралата во Пјаченца, Италија, и избегале со пленот. 

Разбојници ограбиле музеј во катедрала во Италија- влегле низ прозорецот на тоалетот

Разбојниците влегле во зградата на Виа Превостура низ прозорец од тоалетот, а целата операција траела само 90 секунди, што сугерира дека крадците точно знаеле што бараат. Алармот се огласил предоцна, пишува Раи њуз.

Целта на кражбата била витрина со заветен накит. Украдени се околу двесте предмети, прстени, ѓердани и нараквици, кои верниците ги дале како знак на благодарност за услишените молитви. Иако првично штетата била проценета на 50 илјади евра, новите проценки укажуваат на вредност што би можела да достигне милион евра. Точната сума сè уште се утврдува.

Истрагата ја водат карабињерите, на кои им помага одделот за заштита на културното наследство од Болоња. Истата ноќ, катедралата Корпус Домини била провалена, но полицијата брзо интервенирала таму. Уапсени се двајца мажи, а украдените предмети биле вратени. Истражителите сега истражуваат дали постои врска помеѓу двата случаи.

„Чувствуваме голема горчина. Значењето на украдените предмети е неизмерно поголемо од нивната материјална вредност“, рече Мануел Ферари, директор на Музејот Кронос. „Станува збор за заветни дарови што верниците ги оставиле од благодарност“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во експлозијата во училиште во Авганистан загинаа 10 ученици, 110 се повредени- објавени се официјални податоци

Десет лица загинаа, а 110 други се повредени во експлозија во основно и средно училиште во покраината Кунар во источен Авганистан, соопштија официјални лица.

Во експлозијата во училиште во Авганистан загинаа 10 ученици, 110 се повредени- објавени се официјални податоци

Десет лица загинаа, а 110 други се повредени во експлозија во основно и средно училиште во покраината Кунар во источен Авганистан, соопштија официјални лица, додавајќи дека несреќата најверојатно е поврзана со блискиот магацин за експлозиви.

Директорот за култура и информации на покраината Кунар, Сами ул Хак Бајан, изјави дека првичните информации укажуваат дека експлозијата во училиштето на периферијата на главниот град на покраината Асадабад е предизвикана од небрежност во магацин во кој се складираат експлозиви што им припаѓаат на рударски компании, објави Ал Џезира.

Тој рече дека истрагата за инцидентот е во тек.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матин Кани, изјави дека бројот на жртви се искачил на 10, а 110 лица се ранети.

Снимките од болничкото одделение покажуваат повредени деца, од кои неколку имале преврзано глава.

Портпаролот на полицијата на покраината Кунар, Фарид Дехкан, изјави дека експлозијата се случила во саботата во 10 часот по локално време во училиште во областа Андар Сер на периферијата на Асадабад.

Снимките од училиштето покажуваат дека дел од зградата се срушил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер