ФудбалФранција обезбеди место на СП 2026, Роналдо исклучен во поразот на ПортугалијаФранција го обезбеди првото место во квалификациската група Д со победата над Украина со 4-0.Француската фудбалска репрезентација го завери своето место на Светското првенство 2026 триумфирајќи синоќа над Украина, додека Португалија испушти шанса да стане третата европска репрезентација со обезбеден мундијалски настап, откако загуби од Ирска и остана без својот капитен Кристијано Роналдо, кој доби директен црвен картон на гостувањето во Даблин. Франција го обезбеди првото место во квалификациската група Д со победата над Украина со 4-0 до која дојде со головите на Мбапе (55 минута, пенал, 83), Олисе (76) и Екитике (88) и стана втората европска репрезентација, по Англија, која обезбеди пласман на Мундијалот идната година во САД, Мексико и Канада. На едно коло до крајот на квалификациите, Франција го обезбеди првото место со 13 бодови, шест повеќе од второпласираниот Исланд и третопласираната Украина. Португалија, исто така, имаше можност да го обезбеди своето место на Светското првенство во четвртокот вечер заедно со Франција и за тоа ѝ беше потребна победа против Ирска во Даблин, но натпреварот заврши со победа од 2-0 за домаќините. Ирскиот херој беше Треј Парот, кој ги постигна двата гола, првиот во 17 минута и вториот во 45 минута. Португалија во завршните триесет минута беше со играч помалку на теренот, откако главниот судија, по консултација со ВАР собата, му покажа црвен картон ан Роналдо поради удирање со лакт на противнички играч. After seeing this angle I dont even blame Cristiano Ronaldo F*uk Ireland ... we will be there to see your tears on Sunday. pic.twitter.com/goekbl7ygl — fan (@NoodleHairCR7) November 14, 2025 Пред завршното коло во Групата Ф, Португалија води со 10 бодови, Унгарија е втора со осум, Ирска е трета со седум, додека Ерменија е последна со три бодови.Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДводневна коференција „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“ во Собранието Очекуваме Советот на ЕУ да ги дефинира насоките на кој начин, со кое темпо и со каква динамика ќе се одвива постепената интеграција на земјава во ЕУ - вели претседателот на собраниската комисија за европски прашања – Антонијо Милошоски. Како што посочува тој, од Брисел потребен ни е јасен план во однос на одредниците кои треба да ги исполниме во текот на постепеното интегрирање. Како дел од сеопфатната реформа за проширувањето на ЕУ предложена од ресорната еврокомесарка Марта Кос, стратегијата за постепената интеграција на земјите кандидатки, се очекува да биде усвоена на 30-ти септември. -Уште потешко е да се влијае или да се постигне консензус меѓу земјите членки на Унијата за тоа дали проширувањето е или не приоритет. Навистина ни е драго што во моментов Франција и Германија предложија нова агенда, предложија еден нов нон-пејпер за интеграција на регионот, кој што подразбира постепена регионална интеграција и тоа го почитуваме, до крајот на годината се надеваме на консензус од Унијата. - Антонијо Милошоски, потпретседател на собрание и претседател на Комисијата за европски прашања Германија е силен поборник на проширувањето на Европската унија, меѓутоа Брисел се уште треба да се прилагоди на идејата проширувањето да се одвива подинамично – посочува вршителот на должноста амбасадор на Германија во земјава – Јан-Аксел Фос на панел дискусија посветена на Регионалната соработка за интеграција во ЕУ. -Имаме еден заеднички интерес а тоа е проширувањето на Европската унија. Ова е евидентно вистинито за мојата Влада која во мај почна да притиска во Брисел за подинамичен процес на проширувањето на Унијата. Верувам дека оваа идеја за подинамично проширување е многу интересна за овој панел денес и утре, можеби не толку за јавно да се дискутира пред микрофон, можеби повеќе на кафе паузите, како да го вкалапиме Брисел во нашите идеи за подинамично проширување на Унијата. - Јан-Аксел Фос, вршител на должноста амбасадор на Германија во Македонија Германскиот амбасадор потенцираше дека расте и обемот на европско законодавство со кое националното треба да се усогласи. Министерот за европски прашања – Беким Сали кој неодамна најави дека реформската агенда на Македонија ќе биде проширена со дополнителен пакет од 50тина чекори, рече дека очекува широк консензус кај политичките партии во Собранието со цел навремено исполнување на законите и обврските од реформската агенда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
Македонија„Талогот“ ги скара власта и опозицијатаВласта и опозицијата продолжија со меѓусебните обвинувања по вчерашниот говор на премиерот Мицкоски по повод денот на независноста. Од СДСМ реагираат дека Мицкоски во своето обраќање наместо за единство и повикување на заедништво, повторно ја активирал, како што велат, кампањата „Талог“ со поделби и навреди на граѓаните, во недостаток на, како што велат, резултати на Владата во ниту една област, ниту во европскиот пат на земјата. -Она што беше приметливо е дека тој вчера директно се закани дека ќе се соочи, ќе ги натера тие од „Талогот“ да се соочат со правдата, потоа седнувајќи до државниот обвинител. Пораката е сосема јасна. Операцијата „Талог“, која всушност се служи за поделба и сеење меѓу граѓаните, сеење на омраза и која Мицкоски ја спроведува со фактички од првиот ден од својот мандат, е опасна по својата природа и по својата основа и таа функционира по рецептот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од македонската историја, изјави Жерновски. Жалам што СДСМ се препознава во талогот, одговори премиерот Мицкоски денеска, коментирајќи ги обвинувањата од опозициската партија за неговата реторика. Кажа дека тој ниту еднаш не се пожалил на нивните секојдневни навреди и клевети, а Владата како што рече ќе продолжи да испорачува проекти за граѓаните, наместо да се занимава со опозицијата. –Јас многу прецизно реков дека талогот не смее да ја победи елитата, затоа што ако талогот ја победи елитата и стане елита, тогаш вистинската елита ќе си замине, а тоа не е добро. И затоа мораме да го победиме талогот, жалам што тие се препознаваат како такви, сепак Фројд е појак од нив претпоставувам и од нивните карактери. Иако на отворена сцена навредуваат, измислуваат, не клеветат, секако не нарекуваат за да не омаловажат, но ниту еднаш немам кажано ниту се има пожалено на нивните прес конефренции, без исклучок се е лага. Не излегов да плачам, цимолам пред граѓаните...Тие нека тонат во своето политичко мочуриште, а ние ќе продолжиме да испорачуваме резултати, изјави Мицкоски. Според Мицкоски, Владата ја носи Европа дома, не како што рече со коленичење и прифаќање ултиматуми, туку Европа на принципи. Тој го повтори ставот дека нема подобра алтернатива за земјата и граѓаните од ЕУ, но прво очекува да се создаде заедничка доверба за да може да се разговара. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЗапочнува изградбата на ветерен парк во ШтипЗа три години треба да биде готов ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип. Ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот. Според најавите ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства и ќе донесе околку 300 нови вработувања. Целата инвестиција за неговата изградба изнесува 500 милиони евра.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11