РакометФранција нов европски првак во ракометФранција ја победи Данска со 41:32 и ја симна од европскиот трон. „Триколорите“ доминираа во текот на целиот финален натпревар одигран вечерва во Хернинг пред околу 15 илјади гледачи.Завршниот дуел на 11.Европско првенство кое изминативе две седмици се одржуваше во Данска беше решен уште во првото полувреме во кое Французите постигнаа дури 23 голови наспроти 16.те на домаќинот. Гигу беше најефикасен во победничкиот состав со 10 погодоци, Порте реализира еден помалку, Абало седум пати се запиша во листата на стрелците. Голманот Омејер оствари 12 одбрани. Кај Данска се истакна Хансен со девет голови, Линдберг даде седум, но потфрлија голамните. Ландин спречи само четири удари на противничките ракометари. Овие две репрезентации победуваат на последните пет ЕП, а по вечерашниот исход односот е три злата за Франција, додека Данска остана на две титули. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета БогородицаВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни верници.Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност - вредности кои не потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата за ближниот. Семејството, традицијата, верата и солидарноста се темелите врз кои градиме силна, достоинствена и просперитетна Македонија. Токму овие вредности не обединуваат и ни даваат сила со заедништво и одговорност да чекориме кон подобра иднина. Нека овој голем празник донесе мир во домовите, спокој во срцата, здравје и благосостојба, и нека нe обедини во заедништво, почит и љубов кон семејството и татковината. Нека ни е честит и вековит празникот Успение на Пресвета Богородица! ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитовски: Рударството е дел од идентитетот и силата на Крива ПаланкаГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, присуствуваше на свеченоста по повод Денот на рударите, на која годинава беше одбележан и значајниот јубилеј – 10 години успешно работење на „Булмак 2016“ и рудникот „Тораница“.Во присуство на бројни гости, претставници на компанијата и рудари, Митовски упати честитки по повод празникот и оддаде признание на генерациите рудари кои со својот труд, знаење и истрајност оставиле силен белег во економскиот и општествениот развој на Крива Паланка. „Крива Паланка не е само град во кој има рудник, Крива Паланка е рударски град. Со рударството растеле генерации, се создавале семејства, се граделе домови и иднина. Рударската традиција е длабоко вградена во идентитетот на нашиот град, а зад неа стојат луѓе чиј чесен труд заслужува највисока почит. Се гордееме со нашите рудари и со она што тие го претставуваат за Крива Паланка“, истакна Митовски. Осврнувајќи се на десетгодишниот јубилеј, градоначалникот нагласи дека „Тораница“ има посебно место во стопанската историја на Крива Паланка, а „Булмак 2016“ значајна улога во локалната економија и заедницата. Тој ја потенцираше и заложбата за натамошно унапредување на соработката, отворениот дијалог и партнерството, со јасна определба развојот на рудникот и развојот на градот да создаваат нови можности за Крива Паланка и нејзините граѓани. „На сите рудари и на сите вработени во ‘Тораница’ им го честитам Денот на рударите. Нека е среќен десетгодишниот јубилеј на ‘Булмак 2016’. Со длабока почит кон рударската професија и традиција – СРЕЌНО!“, порача градоначалникот Митовски.Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаГрадоначалникот лукровски со порака за мир, љубов и заедништво по повод Голема БогородицаПрвиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска го одбележа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, со посета на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во духот на празникот, градоначалникот упати честитки до сите православни верници, со желби за добро здравје, духовен мир, благосостојба и семејна среќа. „Овој голем празник нè потсетува на најважните човечки вредности - верата, љубовта, надежта, милосрдието и грижата за ближниот“ - порача Лукровски. Успението на Пресвета Богородица, познато меѓу народот како Голема Богородица, е еден од најголемите празници посветени на Божјата Мајка и има особено значајно место во православната духовна традиција. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40