Франција го впиша правото на абортус во Уставот

Францускиот Парламент денеска гласаше за впишување на правото на абортус во францускиот Устав.

Потребното за ова мнозинство од три петтини беше постигнато на состанокот на двата дома на парламентот во Версај. Против гласаа само 72 пратеници, а „за“ 780.

Францускиот премиер Габриел Атал во својот говор зборуваше за „морална вина“ кон сите жени кои страдаа.

- Нè прогонуваат страдањата и сеќавањата на толку многу жени кои со децении страдаа од тоа што не можеа да бидат слободни, нагласи тој, додавајќи дека е задоволен поради „успешното завршување на долгата борба“.

За време на гласањето, неколку стотици активисти против абортусот се собраа во близина на Версај за да протестираат против уставните амандмани.

Католичката црква, исто така, јасно стави до знаење дека продолжува да ги отфрла абортусите.

И двата дома на парламентот претходно покажаа поддршка за уставна заштита на правото на абортус.

Во Франција од 1975 година се дозволени абортуси до 10-та недела од бременоста.

Оттогаш, законот е променет и дозволува на жените да абортираат до 14-та недела од бременоста, а трошоците за постапката се покриени со здравствено осигурување. /МИА

Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава

Независниот синдикат на наставниците на Србија соопшти дека утре прекин на наставата ќе има во повеќе од 35 отсто од училиштата во земјата.

-Во овој момент, според податоците со кои располага Самостојниот синдикат на наставниците на Србија, во повеќе од 35 проценти од училиштата мнозинството вработени одлучиле утре да нема настава, а декларацијата во училиштата продолжува и денеска, со тренд на значително зголемување на тој број.

Закани кон училишните работници вчера упатија премиерот, министерот за образование, просветниот инспекторат и голем број директори.

-Во владините кругови владее голема паника бидејќи сега е извесно дека договорот меѓу Владата и таканаречените репрезентативни синдикати за раздвојување на наставниците и учениците не успеа, се вели во соопштението.

Самостојниот синдикат на наставниците на Србија додаде дека ќе обезбеди правна помош за сите кои се цел на незаконски дејствија и репресија на владата.

Оттаму додаваат дека учениците кои се на блокади им изразиле поддршка на наставниците и најавиле дека ќе се приклучат на утрешниот протест на наставниците во Белград.

Димитриевски: Нека е честит и вековит денешниот празник!

Денеска го чествуваме празникот на осветувањето на водите, како вековна традиција на нашите предци.

Посакувам оваа традиција на христијанството преку обединување на народот да ја продолжиме, вршејќи само добри дела, кои ќе донесат здравје и духовен мир.

Нека е честит и вековит денешниот празник! Бог се јави! Нека е за многу години празникот Водици!

Трајче Костадиновски го подигна Светиот крст во Кавадарци, парите за лекување на малата Симона

Светиот крст во Кавадарци го подигна Трајче Костадиновски од селото Марена.

Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев и голем број граѓани , како и свештенството од Вардарската епархија, Костадиновски веднаш по излегувањето од водите на Црна посака една желба.

Тој од црковните лица побара на плоштадот во Кавадарци да се постави кутија за донации и сите пари што ќе му се даруваат денеска да бидат наменети за лекување на девојчето Симона .

притисни ентер