Франција го казни Шејн поради лажни попусти - Канал 5

Франција го казни Шејн поради лажни попусти

 Францускиот регулатор ѝ изрече казна од 40 милиони евра на кинеската онлајн платформа за продажба на облека Шејн поради доведување во заблуда на купувачите со лажни тврдења за попусти.

Франција го казни Шејн поради лажни попусти

Од 1 октомври 2022 година до 31 август, DGCCRF (Генерална дирекција за конкуренција, потрошувачки работи и контрола на измамите) ги анализираше наводно намалените цени на илјадници производи на француската веб-страница на Шејн.

Истрагата покажа дека одредени цени на платформата биле поскапени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, соопшти регулаторот.

Утврдено е дека цените на повеќе од половина од анализираните производи, односно 57 проценти, воопшто не биле намалени, а речиси една петтина од попустите биле помали отколку што било наведено во огласите.

Во околу 11 проценти од случаите, цената била дури и повисока, соопшти DGCCRF. Шејн, исто така, не ги поткрепил со докази на својата веб-страница тврдењата за еколошки освестено работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 процемти.

Француските власти го известиле Шејн за забелешките во март 2024 година, а компанијата веднаш презела корективни мерки кои биле спроведени во краток рок, изјави за новинската агенција ДПА портпарол на компанијата.

- Тоа значи дека сите идентификувани проблеми беа решени пред повеќе од една година, тврди претставникот на компанијата.

Французинот Бери од Виљареал во Евертон

Англискиот прволигаш Евертон синоќа официјално го објави доаѓањето на 22-годишниот француски фудбалер Тиери Бери од шпански Виљареал.

Французинот Бери од Виљареал во Евертон

Бери и Евертон договорија четиригодишна соработка, а англиските медиуми објавија дека трансферот е вреден околу 27 милиони фунти.

Бери настапуваш за француската репрезентација до 21 година на неодамнешното Европско првенство во кое Триколорите беа елиминирани во полуфиналето.

„Се чувствува дека Евертон е на прагот на нов почеток и сакам да бидам дел од тоа“, рече францускиот напаѓач, кој ја почна својата кариера во вториот тим на Сошо. Потоа играше за белгиски Беверен и швајцарски Базел, додека изминатата сезона настапуваше за Виљареал и постигна 11 голови на 35 натпревари во шпанската Ла Лига.

ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција

На единствениот број за итни случаи 112 вчера се регистрирани досега рекордни во еден ден 4.199 повици, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција

Од нив, 711 биле за услуга каде што биле активирани институции за интервенција.

За полицијата биле 286 повици или 40,2 отсто од вкупниот број, Итната медицинска помош преку бројот 112 била побарана 72 пати, што е 10,1 отсто од вкупниот број на повици, а за противпожарната служба биле 41,7 проценти од повиците, односно вкупно 297.

Центарот за управување со кризи добил 54 повици, а Автомото сојузот на Македонија два повика.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, го нарече Мицкоски „сeверномакедонски“ премиер

„Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со сугестии кои се неплодни.“

Министерот за надворешни работи на Бугарија, го нарече Мицкоски „сeверномакедонски“ премиер

За бугарските политичари вчерашното гласање за Извештајот на напредокот на Македонија, во Европскиот парламент е како победа. Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во Европската Унија и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид.

Зборувајќи за премиерот Христијан Мицкоски, тој го нарече „северномакедонски“ премиер.

„Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со сугестии кои се неплодни.“изјави Георг Георгиев во интервју за БТВ .

Овој став на Георгиев доаѓа по извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани зборовите „македонски јазик и идентитет“.

притисни ентер