3Груевска: Оставката не е од лични причини, за една и пол година, немав ниту една средба со министерот Љутков
РакометФранција четврти пат европски првак во ракомет Ракометарите на Франција го освоија златниот медал на Европското првенство во Германија совладувајќи ја Данска со 33-31 (27-27, 14-14) по продолжение во возбудливо финале одиграно вечерва пред 19.750 гледачи во Келн.Лудовик Фабрегас со осум голови беше најефикасен во француските редови, додека Данците со девет голови ги предводеше Микел Хансен. За актуелниот олимписки првак Франција ова е четврта европска титула до која дојде во своето четврто финале. Во натпреварот за бронзениот медал, Шведска го совлада домаќинот Германија со 34-31. Македонската репрезентација го заврши настапот на 16. Европско првенство на 17 место. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаОпштина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињатаОпштина Аеродром и оваа година продолжува со мерката за поддршка на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое дете запишано во прво одделение во основно училиште на територијата на општината.Пријавувањето за остварување на правото на парична помош ќе трае од 15 јуни (понеделник) до 30 септември 2026 година. За поднесување на барањето, во архивата на Општина Аеродром потребно е да се достават: • Потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основно училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар; • Фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето; • Фотокопија од лична карта или патна исправа на барателот со адреса на живеење во Општина Аеродром; • Фотокопија од трансакциска сметка. Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци се достапни на следниот линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari Со оваа мерка, Општина Аеродром продолжува да инвестира во образованието и да им помага на семејствата во пресрет на почетокот на новата учебна година. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаМицкоски: Изградбата на училиштата се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓанитеИзјава за медиуми на премиерот Христијан Мицкоски од населба Хром, Општина Ѓорче Петров.„Добар ден и од мене. Јас повторно со големо задоволство, со најголемо задоволство, сум овде во Општина Ѓорче Петров. Повторно на почеток на проект којшто е од суштинско значење и е со цел да, практично, помогне на нашите најмлади, на децата во делот на стекнување на нивното образование, во основното образование. Би сакал што е можно повеќе вакви објекти да можеме да почнеме, како резултат на што е можно повеќе дечиња коишто би си родиле најпрвин, а потоа би дошле до оваа фаза на своето образование. Му честитам на градоначалникот, на Советот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од Општина Ѓорче Петров, благодарност до Министерството за образование, до колегите од Владата што целиот овој период работиме за да отпочнеме нешто ново, да исправиме нешто од порано коешто било погрешно, да не создадеме нови дубиози и нови проблеми. И ценам ваквите проекти само се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, пред сè на децата, бидејќи сето ова ние го работиме за нив. Да го оставиме за нив. Тие се тие коишто ќе го наследат сето ова коешто ние го работиме. Еве нека се изгради овој објект за да можеме сите заедно да се радуваме во тоа што го правиме и што го создаваме. Така што, нека е честито и да ни се множат вакви проекти уште повеќе. Ви благодарам.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГруевска: Оставката не е од лични причини, за една и пол година, немав ниту една средба со министерот ЉутковПоранешната претседателка на Советот за македонски јазик, Симона Груевска, утрово на Фејсбук ги образложи причините за нејзината оставка, откако министерот за култура и туризам изјави дека таа функцијата ја напуштила од лични причини.Груевска напиша дека за една и пол година, колку што била на чело на Советот за македонски јазик, немала ниту една средба со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Исто така, тврди дека институционалната поддршка за работата на Советот била минимална, а активностите поврзани со одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик биле реализирани без финансиска поддршка. Груевска посочи дека речиси една година инсистирала да започне изработката на националната стратегија за македонскиот јазик, предвидена со законот за употребата на македонскиот јазик, но наишла на административни пречки и доцнења. Според неа, работната група за изработка на стратегијата била формирана дури на крајот на јануари годинава, а нејзините забелешки и барања останале без одговор.Советот за македонски јазик не бил консултиран во делот што се однесува на јазичната политика. Груевска вели дека на расправата ѝ било сугерирано јавно да не ги изнесува своите забелешки, по што ја напуштила седницата и истиот ден и поднела неотповикливата оставка.Тагови: Симона Груевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16