Франција би можела уште во септември за почне со тестови за вакцина против коронавирусот - Канал 5

Франција би можела уште во септември за почне со тестови за вакцина против коронавирусот

Француската фармацевтска компанија „ Sanofi SA “ има намера да вклучи илјадници волонтери во тестирањето на експерименталната вакцина против коронавирус, која ја развива со „GlaxoSmithKline Plc“, а веќе започнале договорите во неколку земји.

Франција би можела уште во септември за почне со тестови за вакцина против коронавирусот

Санофи развива две можни вакцини за да го спречи СОВИД 19, болест предизвикана од новиот коронавирус и, наводно, истражува неколку опции за негово производство, вклучително и нови соработки за да се осигури дека можат да одговорат на побарувачката, доколку било која од овие програми се покаже за успешна.

Фармацевтските компании итно бараат да развијат лекови и вакцини за коронавирус што предизвика смрт на повеќе од 255.000 луѓе ширум светот, зарази повеќе од 3,6 милиони луѓе и ги опустоши економиите ширум светот.

Од повеќе од 100 можни вакцини кои се во развој, десет досега влегоа во фаза на клиничко тестирање, соопшти Калифорнискиот институт Милкен.

Санофи, чие одделение Пастер има искуство во вакцини против грип, во соработка со британската компанија GlaxoSmithKline (GSK), идентификувала кандидати за вакцината за која се надева дека ќе биде готова следната година.

Санофи ќе обезбеди протеинска антиген - молекула што го зајакнува имунолошкиот одговор на организмот - заснована врз платформата што се користи за производство на вакцина против грип Флублок, додека ГСК ќе даде еден од неговите докажани додатоци кои ја зајакнуваат имунолошката реакција на организмот за да создадат повеќе антитела и да создадат подолг имунитет.

Првото испитување на вакцината, во кое би биле вклучени стотици субјекти, би можела да започне во септември, се надеваат од Санофи.

Иако во првата фаза на тестирањето за вакцина обично се вклучени мал број на здрави доброволци за тестирање на нејзината безбедност, Санофи се одлучи за повеќе испитаници да обезбеди сигурни информации што е можно поскоро.

„Предвидовме вклучување на неколку стотици испитаници во првата фаза, така што ова е всушност и прва и втора фаза на тестирањето“, рече директорот за истражување на Санофи, Џон Шивер.

Покрај пронаоѓањето на вистинската вакцина, клучен предизвик лежи во нејзиното производство и дистрибуција низ целиот свет.

„Ќе споредиме различни дози на вакцината и тоа е клучно. Тоа ќе ни го покаже капацитетот на фабриките и што треба да направиме за да се произведе бројот на дози што ги планиравме“, рече Шивер.

Санофи претходно објави дека може да произведе повеќе од милијарда дози. Нивниот проект со ГСК доби финансиска поддршка од Управата за напредни биомедицински истражувања и развој на Министерството за здравство на САД (БАРДА).

Следната фаза на тестирањето на илјадници субјекти, споредувајќи ги вакцините и плацебо, би можела да започне до крајот на оваа или почетокот на 2021 година, рече Шивер, додавајќи дека имало до 30.000 учесници во некои претходни тестови на вакцините против грип во Санофи.

Потпретседателот на компанијата Дејвид Лоу рече дека Санофи започнал прелиминарни разговори со државите за механизмите за пред нарачка на вакцината, доколку се покаже како успешна, иако деталите со ГСК сè уште не се разработени.

„Покомплицирано е кога работите во партнерство со друга компанија“, рече тој, додавајќи дека се водат разговори и со претставници на САД, како и со некои европски земји.

Со оглед на поддршката на БАРДА, дозите произведени во нивната американска установа прво треба да одат за американските пациенти, што предизвика загриженост во Европа.

На прашањето дали Санофи размислува за нови соработки, Лоу одговори: „Да, ако заклучиме дека немаме доволно капацитет“.

Санофи работи и со Bio Inc со седиште во САД, за да развие друга вакцина заснована на технологија за РНА (mRNA), слична на експерименталните вакцини што ги развива компанијата Pfizer Inc. во партнерство со BioNTech SE.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Во Брвеница синоќа не зборуваше премиер. Зборуваше човек што губи.

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Паѓа ВМРО. Паѓа тој. Народот им ја зема довербата.

Паниката има име: Лаура Ковеши. Европско обвинителство. Истрага што не застанува пред презиме, функција и партиска книшка.

Сам призна дека води војна против СДСМ. Не против криминалот туку против единствената опозиција што го именува.

Војната ја води со цела екипа. Со Вучиќ, со Орбан, со нивните медиуми, со таканаречените новинари и лажни аналитичари. Ја води со Русија, со играчи на БИА, со Латас, со Ивона.

Со луѓе без морал. Со тендер-патриотите од ЗНАМ. Со руската Левица, анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка, што не влезе во салата и не гласаше за минимална плата од 600 евра. Ја води со Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони.

Сателити. На далечинско. Не со народ.

Луксуз-патриоти со бугарски пасоши. „Институција“ со часовници од 60.000 евра и костим од 10.000. Народот нема за храна, нема за сметка. Тој има за се. Затоа таков говор во Брвеница и закана за втор круг.

Христијане. Ќе одговараш. Ти и целата банда. И тоа го знаеш. Затоа врескаш.

Затоа ти треба алиби. Затоа ти треба сателит, не глас.

СДСМ, заедно со народот, ќе ја врати власта во рацете на народот. Вистината стигна. Правдата доаѓа.

За Организираната криминална група ВМРО-ОКГ нема втор круг. Има прв круг - одговорност.

Скопје, 09.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина,  бара пристап  до сателитската услуга „Старлинк“

Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија.

Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети.

- Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава.

Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. 

О. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки.

Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување.

Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер