Франција бара полициска и воена помош за да се осигури безбедноста на Олимпијадата - Канал 5

Франција бара полициска и воена помош за да се осигури безбедноста на Олимпијадата

Франција соопшти дека упатила барање до многу земји да испратат повеќе од 2.000 полицајци за да помогнат во обезбедувањето на Олимпијадата во Париз ова лето.

Франција бара полициска и воена помош за да се осигури безбедноста на Олимпијадата

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека барањето за странска безбедносна помош е поднесено во јануари, за распоредување на 2.185 полицајци.

Се бара од полициските службеници да помогнат во осигурување на безбедноста на Игрите и зајакнување на меѓународната соработка, соопшти Министерството.

Ова е класичен пристап на земјите домаќини за организација на големи меѓународни настани, додаваат од Министерството.

Така Французите испратија 200 жандарми на Светското првенство во Катар во 2022 година. Франција, исто така, минатата година беше домаќин на припадниците на европските безбедносни сили на Светското првенство во рагби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Концертен декемвриски серијал „ЗИМСКА СИМФОНИЈА“ на Sarah Mace & The Girlzz со Божиќниот оркестар!

Крајот на годината е сè пократок, а групните пораки веќе се исполнети со планови за пречек на новата година и можеби малку поинаков декември.

 Концертен декемвриски серијал „ЗИМСКА СИМФОНИЈА“ на Sarah Mace & The Girlzz со Божиќниот оркестар!

Sarah Mace & The Girlzz (вокалниот квартет Ана Петановска, Калина Велковска, Теа Богатинова и Сара Мејс) заедно со Божиќниот оркестар, под палката на Иван Еминовиќ, претставуваат нова ЗИМСКА СИМФОНИЈА за македонската јавност.

Годинава, по петти пат, препознатливиот зимски проект, во последниот месец од годината, добива поинаква зимска димензија, со интерактивна сценска приказна и волшебен музички перформанс за сите генерации.

Празничниот концертен музички серијал, исполнет со светски и домашни новогодишни хитови, со сигурност ќе го стопли секое срце во публиката. Организаторот „Евентум“, засега го најавува концертот во Скопје, а наскоро ќе сподели повеќе детали за останатите декемвриски концерти низ Македонија.

По успешните турнеи во изминатите години, овој состав за првпат најавува концертно доживување во Македонската опера и балет на 20 декември 2026.

Билетите за концертот во Скопје се веќе во продажба на E-ticket.mk преку следниов линк - https://e-ticket.mk/events/zimska-simfonija-2026-skopje

Годинешниот концертен проект е поддржан од главниот партнер, Пелистерка, кои ја започнаа општествено одговорната кампања за стоп на фемицидот во Македонија.

Воедно, Сара Мејс, во екот на актуелните општествени виулици од вести, во претстојните денови најавува одмрзнување на ново музичко изненадување со снежна порака. За што станува збор, останува да дознаеме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ

Средбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави.

Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ

За време на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, во придружба на претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на Групата, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати, се сретна со претседателот на Владата на Република Хрватска, г. Андреј Пленковиќ.

Средбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави, при што беше истакнато дека Република Хрватска претставува значаен партнер со кој се споделуваат заеднички европски вредности и заложби за европската иднина на регионот.

Претседателот Гаши информираше дека Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Република Хрватска за стратешка соработка беше разгледан и усвоен од Комисијата за надворешна политика на 10 ноември, а веќе е предвиден на дневниот ред на пленарната седница закажана за 1 декември, кога се очекува негово донесување.

Во тој контекст, беше оценето дека Договорот претставува основа за унапредување на билатералните односи и продлабочување на партнерството меѓу двете држави, преку воспоставување конкретни форми на соработка во областите на транспортот, енергетиката, економијата, дигитализацијата, здравството, образованието и безбедноста. Исто така, беше истакнато дека Договорот отвора можности за размена на искуства и знаења, при што особено значење беше дадено на користењето на хрватското искуство во областа на европската интеграција и институционалните реформи, како и на можностите за унапредување на економската соработка.

Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Република Хрватска за европската перспектива на Република Северна Македонија. Притоа, беше посочено дека хрватското искуство во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија претставува значаен извор на знаење и искуства, од особена важност за натамошниот напредок на државата во европската интеграција.

Соговорниците ги поздравија и активностите на двете на амбасади насочени кон унапредување на билатералната соработка и тоа на амбасадата на Република Македонија во Загреб предводена од амабасадорот Драган Ѓурчевски како и на амбасадата на Република Хрватска во Скопје на чело со амбасадорката Нивес Тигањ. Двајцата амбасадори беа во постојана придружба во текот на официјалната посета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакерски напад врз ЦИА и Американската разузнавачка служба, се сомнева на кинеско потекло

ЦИА и канцеларијата на Директорот на националното разузнавање на САД биле цел на хакерски напад во кој биле засегнати некласифицирани информации,пренесува Си Ен Ен. 

Хакерски напад врз ЦИА и Американската разузнавачка служба, се сомнева на кинеско потекло

Нападот погодил систем што агенциите го користат за анализа на разузнавачки информации од отворени извори.Првичните индикации упатуваат дека нападот можеби потекнува од Кина, но не е утврдено дали е вмешана кинеската влада.

Американските власти потврдија дека класифицираните информации и критичните системи не биле засегнати.Засега не е познато кога се случил нападот, ниту дали безбедносниот проблем е целосно решен. Инцидентот не е поврзан со неодамнешниот хакерски напад врз националната база на податоци на ФБИ.

Ова се случува во период на низа сајбер-инциденти и технички прекини во американските институции.Минатата недела повеќе денови била во прекин и високо доверливата комуникациска мрежа на националната агенција за безбедност .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер