Фоторепортажа на македонски автори од изложбата „2001-Вселенска Одисеја“ во Франкфурт - Канал 5

Фоторепортажа на македонски автори од изложбата „2001-Вселенска Одисеја“ во Франкфурт

Режисерот и продуцент Јане Алтипармаков и фотографката и мултимедијална уметница Наташа Гелева изработија своевиден фотоесеј од ретроспективната изложба „2001-Вселенска Одисеја“ која од минатиот месец е поставена во Филмскиот музеј во Франкфурт.

Фоторепортажа на македонски автори од изложбата „2001-Вселенска Одисеја“ во Франкфурт
Тие присуствуваа на свеченото отворање на изложбата посветена на половина век од премиерното прикажување на култниот филм на Стенли Кјубрик, а беа официјално поканети од Јан Харлан, извршен продуцент на неговите филмови.

Посетителите на јубилејната изложба во Франкфурт до 23 септември имаат можност да погледнат предмети, костими, реквизити од снимањето на епскиот научно-фантастичен филм од 1968 година.

Алтипармаков за МИА изјави дека подготвиле фоторепортажа/фотосторија која ја опфаќа големата ретроспективна изложба и артефактите поврзани со филмот во продукција и режија на Стенли Кјубрик.

Познатиот филмски автор го напишал и сценариото заедно со прославениот писател Артур Кларк, кој врз основа на сценариото подоцна ја објави истоимената литерарна трилогија. Своевремено, филмот доби Оскар за специјални ефекти, а пред неколку години Американскиот филмски институт го прогласи за најдобар научно-фантастичен филм на сите времиња.

- Впечатоците од јубилејната изложба се, едноставно, неверојатно исполнителни. Се работи за филмско остварување кое со уникатниот пристап ја промени филмската историја, филмската граматика и, генерално земено, севкупната филмска естетика. Визуелен еквивалент на велелепните готски катедрали од средновековието, вели Алтипармаков.

Нагласува дека Кјубрик како автор отсекогаш бил и сè уште е исклучително инспиративен за различни генерации филмски автори и филмски работници.

- Од Орсон Велс, кој за Кјубрик има изјавено дека е Титан меѓу филмаџиите, преку неговите фанови од средната генерација - Стивен Спилберг и Џорџ Лукас, до најновата филмска дружина, влијанието на Стенли Кјубрик е речиси сеприсутно. Како што има изјавено независниот филмски автор Гас Ван Сен: Кјубрик е присутен во речиси сите мои филмови. „2001-Вселенска Одисеја“ отсекогаш бил мојот омилен филм, дело кое, ако вистински и целосно го доживеете и разберете, ќе ја разбуди личната светлина. Ултимативното внатрешно патување, истакнува македонскиот режисер. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Диего Симеоне испиша историја во шпанскиот фудбал

Шпанскиот фудбалски гигант, Атлетико Мадрид го совлада Леванте со 2:0 во 11 коло од Ла Лига и привремено го презеде врвот на табелата, но натпреварот беше одбележан со историско достигнување на предводникот на популарните „јорганџии“ Диего Симеоне.

Диего Симеоне испиша историја во шпанскиот фудбал

Аргентинскиот стручњак ја оствари својата 344-та лигашка победа на клупата на „јорганџиите“, со што се израмни со легендарниот Луис Арагонес на врвот на вечната листа на најуспешни тренери во историјата на шпанското првенство.

Атлетико триумфираше на гостински терен со головите на Алехандро Грималдо во 28-мата минута и Џулијано Симеоне во 62-рата минута.

Податокот дека Симеоне стигнал до 344 победи на само 565 натпревари звучи особено импресивно, додека на Арагонес му биле потребни дури 756 натпревари за истиот учинок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Затекнати пијани малолетници во угостителски објект во Карпош, еден завршил на токсикологија

Осум лица биле приведени отако полициски службеници кои постапувале по претходно добиени сознанија за точење на алкохол на малолетници во угостителски објект во Карпош каде затекнале малолетни лица во видно алкохолирана состојба .

Затекнати пијани малолетници во угостителски објект во Карпош, еден завршил на токсикологија

-Во полициската станица Карпош при извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот. Едно лице кое било присутно во угостителскиот било пренесено на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „точење алкохолни пијалаци на малолетници“, информира МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија.

Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле.

Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња.

Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата.

Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил.

Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице.

Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер.

Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер