Фотографија платена два долари, денес вреди неколку милиони - Канал 5

Фотографија платена два долари, денес вреди неколку милиони

Фотографијата на одметникот од Дивиот запад, Били Кид, за која еден колекционер платил два долари во антикварница, сега вреди повеќе од милиони долари, пренесе „Гардијан“.

Фотографија платена два долари, денес вреди неколку милиони
Фотографијата на одметникот од Дивиот запад, Били Кид, за која еден колекционер платил два долари во продавница за стари работи, сега вреди повеќе од милиони долари, пренесе „Гардијан“.

Станува збор за втората фотографија на Хенри Меккарти, познат како Били Кид, чија автентичност е потврдена. На сликата се гледа Били Кид како со својата банда „Regulators” во 1878 година некаде во Ново Мексико игра крикет.

Избледената слика во 2010 година ја пронашол колекционерот Ренди Гихаро, а таа била ставена меѓу многу други стари фотографии во една картонска кутија во продавница за стари работи во калифорнискиот град Фресно.

Фотографијата ја платил два долари, а сега се проценува на повеќе од милион долари, откако единствената автентична фотографија од Били Кид од 1880 година е продадена за 2.3 милиони долари.

Автентичноста на фотографијата ја потврди компанијата „Кагин“, специјализирана за предмети од американската историја, која го идентификуваше Били Кид заедно со неколку членови на „Regulators”, како и пријатели и членови на семејството.

Фотографијата е направена на свадба во летото 1878 година, неколку месеци пред бандата да учествува во бруталниот судир познат како “Војната во округот Линколн“, кој е тема на повеќе филмови меѓу кои и „Леворакиот револвераш“ во кој Били Кид го игра Пол Њумен.

Били Кид е роден во 1859 година, а според легендата убил повеќе од 20 луѓе, иако сега се верува дека биле осум. Според најприфатената верзија убиен е од страна на шерифот Пет Герет во 1881 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата.

Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението.

Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Деветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, објавија српските медиуми..

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Белгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. 

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола.

Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години.

Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера.

Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер