3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
ЗабаваФотографија од авион стана хит, има над 37 милиони прегледи, а причината е јасна Вирална фотографија направена од патник во авион се шири низ социјалните мрежи и само на X е прегледана дури 37,5 милиони пати.Ентони Томас, готвач од Вашингтон, сподели фотографија на која се гледа како патник седи зад него во авионот. Единствениот проблем? Во авионот биле сами. "Замислете да го имате луксузот да се качите на лет со само двајца патници. Погледнете каде решил да седне, од толку слободни места на летот", напишал бесниот патник, а фотографијата стана хит. „Тоа е исто како кога луѓето се паркираат веднаш до вас, иако има многу празни места на паркингот“, коментира еден корисник, додека друг размислува: „Можеби се исплашил па седнал зад вас“. Imagine having the luxury of boarding a flight with only two passengers on it. Of all the seats on the flight, look where he decided to sit. pic.twitter.com/qluJhDUHBy — Chef Anthony Thomas (@ChefAnthonyDC) February 13, 2024 „Можеби само строго го следи правилото дека не може да седи на друго место?“, коментира третиот, а четвртиот заклучил: „Требаше да се преселиш и да седнеш на друго место“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром: Започна реконструкцијата на краци од улицата „Тодор Чангов“ во ЛисичеГрадоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во стартот на градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче.Во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој. Реконструкцијата е дел од проектите што ги реализира Општина Аеродром во рамките на вториот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти. Преку обезбедените средства, Општината продолжува со реализација на значајни капитални инвестиции насочени кон модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во текот на летниот период, Општина Аеродром ќе реализира голем број инфраструктурни проекти на повеќе локации. Во фокусот се реконструкција и санација на улици, уредување на јавниот простор, подобрување на комуналната инфраструктура и реализација на нови капитални инвестиции, со цел создавање помодерна, пофункционална и поуредена општина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Македонската Армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУЈас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија.Во касарната „Илинден” во Скопје во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше презентиран дел од новата опрема што Армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од над 40 милиони евра. Еве што порача при посетата на Армијата во касарната Илинден во Скопје премиерот Христијан Мицкоски. „Добар ден и од мене, Јас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија. Ми останува само да се заблагодарам на амбасадорот за неговата лична посетеност, на Европската Унија што, еве, донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата. Исто така би сакал да се заблагодарам на мојот колега од Владата, министерот за одбрана, на заменикот, на луѓето од Министерството, за посветената работа. Се разбира, сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност, за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна, да биде подготвена. Сведочевте на прекрасна вежба. На сите оние старешини коишто се дел од Генералштабот, дел од единиците, и се разбира, најголема благодарност до луѓето, до војниците, коишто сето ова кое што денеска го видовте, го извршија беспрекорно. Ние остануваме, како Влада, посветени да ги исполнуваме сите барања од страна на НАТО Алијансата. Пред неколку дена, во посета кај нас беше главниот командант на вооружените сили на НАТО за Европа, господинот Гринкевич, којшто јасно кажа дека сите инфраструктурни проекти коишто во моментот ги движиме, вклучително и средствата коишто ги одвојуваме, претставуваат пример за многу земји членки на НАТО и тие, во нашиот случај, достигнуваат и до четири проценти, што навистина за нас претставува една цел која што ќе се обидеме, во годините коишто следат, да ја одржиме. Четири проценти од бруто-домашниот производ, имајќи предвид дека номиналниот бруто- домашен производ во последно време расте со стапка од осум проценти и повеќе, ќе претставува предизвик, но секако ние, како Влада, имаме приоритет да инвестираме во нашата македонска Армија и да ја направиме Армијата поконкурентна, иако таа, можам да кажам, е навистина исклучително конкурентна. Така што, еве, уште еднаш би сакал да се заблагодарам на сите учесници и, како што кажав, на сите оние коишто допринесуваат денеска македонската Армија да изгледа конкурентна вака како што е. Ви благодарам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХамилтон не престанува да зборува за Ким: Не и е грижа за лошите коментари Легендата на Формула 1, Луис Хамилтон повторно јавно проговори за својот однос со ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан.Ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон, ја спомена својата девојка Ким Кардашијан додека им се обраќаше на фановите во Силверстоун пред Големата награда на Велика Британија во четврток, 2 јули. Ова не е прв пат Хамилтон некако да ја искаже својата љубов кон Ким пред сите, истото го направи и во Монако. Откако публиката аплаудираше, еден од возачите се пошегува и праша: „Дали е поради брзиот автомобил или поради новата девојка?“ Хамилтон се насмеа на тоа и одговори: „Да, добро прашање“. Потоа Хамилтон му се заблагодари на својот тим од Формула 1, а потоа ја спомена и својата девојка, со која медиумите го поврзуваат од февруари. „Кога ќе поминете една година со овој тим, сфаќате дека Ферари сè уште е најлегендарниот тим на сите времиња, иако минуваше низ тежок период. Тоа е неверојатен тим и сите одлично ме прифатија. Првата година, се разбира, беше многу тешка, но сега конечно гледаме дека целиот вложен труд нè враќа таму каде што сакаме да бидеме.“ На крајот, со насмевка додаде: „И секако, секако, тука е Ким“.Тагови: Ким Кардашијан Луис Хамилтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37