Фотографија на трудната Андријана Лима предизвика хаос на социјалните мрежи - Канал 5

Фотографија на трудната Андријана Лима предизвика хаос на социјалните мрежи

Дали ова се нозете на една од најубавите жени на светот?

Фотографија на трудната Андријана Лима предизвика хаос на социјалните мрежи

Иако многу жени лесно минуваат низ бременоста и немаат сериозни проблеми, барем не видливи, повеќето од нив знаат со какви симптоми и тешкотии можат да се соочат идните мајки во таканаречената блажена состојба. Ова на своја кожа го почувствува и бразилската убавица Адријана Лима (41), поранешен топ модел, која неодамна објави фотографија на Инстаграм сакајќи да покаже со каков предизвик се соочува додека чека да се породи и на свет да го донесе своето трето дете.

Имено, таа на своите придружници им се пожалила поради проблемот со отекување на нозете, бидејќи е во последното тромесечје од бременоста. Нејзината фотографија всушност покажува дека поранешната позната манекенка се соочува со истите проблеми како и многу идни мајки. Во својата објава таа напиша „Отечени стапала и нозе, едвај го чекам доаѓањето на момчето“.

За време на бременоста, нормално е нозете да отекуваат. Бебето создава притисок врз крвните садови, а тоа се случува и поради зголемениот волумен на крв во телото во овој период. Иако на прв поглед се чини дека станува збор за вишок килограми, всушност отокот е предизвикан од некои фактори во бременоста и се повлекува по одредено време.

Постојат намирници кои можат да го решат овој проблем или барем да го намалат. Внесувањето на витамини и минерали е, според препораките на експертите, најидеалниот начин за намалување на отокот на телото. Внесувањето вода е повеќе од пожелно бидејќи помага да се исфрли задржаната течност во организмот. А, избегнувањето сол и кафе за време на бременоста е универзален совет што можете да го добиете од стручните лица со цел да ја избегнете оваа тешкотија во таа состојба.

Инаку, објавата на Адриана предизвика низа реакции на социјалните мрежи, од оние во кои таа добива поддршка до реакции на изненадување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Подгорица, оствари средба и со министерот за транспорт на Црна Гора, Радош Зечевиќ.

Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка

На средбата се разговараше за можноста за унапредување на транспортното поврзување меѓу Македонија и Црна Гора, подобар пристап на пристаништата и нови развојни политики за меѓусебна соработка.

Николоски и Зечевиќ разговараа и за зголемување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, а беше потенцирана и потребата од подобро регионално поврзување и модернизацијата на транспортната инфраструктура.

Вицепремиерот истакна дека Македонија работи на доизградба и модернизација на европските транспортни коридори, со цел подобро поврзување на регионот, олеснување на транспортот и обезбедување подобар пристап до регионалните пристаништа.

На средбата беа разменети и искуства и практики во областа на поморскиот сообраќај.

Соговорниците се согласија за потребата од унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел создавање подобри услови за транспорт, трговија, инвестиции и економски развој во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално

Внукот на контроверзната Вилма Русковска, поранешна јавна обвинителка, која определен период беше и шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, се јави да зборува за состојби во Фудбалскиот сојуз на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално

Станува збор за претседавачот со Централниот одбор на СДС, Герасим Лазов, до сега познат како личност која само знае да седи и да праќа пораки колку се не чини во државава.

Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче затоа не може да коментира паушално.

Сега му текна на Лазов да се јави и да критикува за ФФМ, а не гледа кога станува збор за СДС кој со кого е поврзан, како стигнува до функција, како делат функции и пари.

На внукот на Русковска, позната како обвинител која гонеше неистомисленици, му порачуваме пред да се појави во јавност, прво да погледне околу себе и каде е тој и што е СДС предводена од Венко Филипче и неговиот учител Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. 

Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави.

Пораката на бендот до публиката

Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението.

„Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“

Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември

Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој.

„Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“

YouTube video

Информации за билетите

Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер